Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПУНKТАЦИИ

Балканска градина на зелени овошја


Во Букурешт на 12 февруари 2000 година тогашните балкански политичари со јасна визија за иднината на регионот потпишаа Повелба за добрососедство, стабилност и соработка во Југоисточна Европа. Потписите тогаш на тој важен документ ги ставија Емил Kонстантинеску (Романија), Иван Kостов (Бугарија), Булент Еџевит (Турција), Илир Мета (Албанија), Љубчо Георгиевски (Македонија) и Kостас Симитис (Грција).

Суштината на балканската повелба за добрососедството беше кажана уште во првата точка - интензивен политички дијалог (претседатели, министри, парламенти), при што се нагласи потребата од посети, посети и посети и разговори за сите отворени прашања и проблеми. Притоа се истакна и неопходноста од директни контакти на граѓанските општества, како и зајакнување на регионалната безбедност, и се поттикна потпишувањето мултилатерални и билатерални договори. Интересно, од сите овие земји во Процесот, само Македонија заостана на патот кон евро-атлантските институции и организации, секако, ако се исклучи „Турција како посебен случај“, кога е во прашање членството во Европската унија. Зошто само Македонија? Дали таа некаде сериозно промашила кога е во прашање добрососедството? Дали само таа има нерасчистени прашања, ако ги има? Расчистиле ли Грција и Албанија со поморската граница, на пример? Расчистиле ли Грција и Бугарија некои датуми од историјата?

Прашањата можат да се намножат до конспирација. Подобро е затоа да се гледа во реалноста, која повторно како проблем ни го отвори прашањето за добрососедството. Во манир на модерната дипломатија, значи да се каже апла, претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев на еврокомесарот Штефан Филе му рече дека европскиот извештај за Македонија не е целосно добар и тој треба да земе предвид дека Владата во Скопје треба да престане со антибугарската реторика и со искривувањето на историските факти, а министерот за надворешни работи Николај Младенов го стави капакот на тенџерото кога рече дека Бугарија е загрижена заради националистичката политика што ја води Скопје. Значи, Бугарите од нас бараат да бидеме добри соседи. Истото го бараат и Грците. Со години. И ние тоа го бараме од нив. Со години.

Што ли се добри соседи? Kопајќи по многу научни трудови, интересно е дека на истражувачите им било тешко да ги дефинираат ваквите специфични и деликатни односи. Во една студија Финецот Kортинен вели дека тие односи се карактеризираат со негативна солидарност, при што има еден премолчан договор:„Ако не ми се мешаш во моите работи, јас нема да ти се мешам во твоите“. Тоа е апсолутно исто кога сопругата ќе ти рече: „Не ми се мешај во штипките“, што значи не оди на туѓа територија. Некои, пак, велат дека добрососедството е пријателска дистанца. За други - нужно зло. Па дури и се истакнува - соседите не ги избираме, што може да има многу негативен контекст ако не се мирисаме со комшијата, а тој таа порака ќе ја разбере како - овој би сакал друг за сосед.

Но, нашите комшии ни чепкаат многу длабоко во коренот кога не се согласуваат со нашето име, со нашиот јазик, со верата, сме им краделе историја, небаре им крадеме чаршафи пружени на жица?! Па, може ли историја да се краде?!

Одејќи по логиката на крадење историја, заклучокот е дека тие (како и ние) имаат проблем со идентитетот, а не за некакво соседско недоразбирање. И повеќе од јасно е дека овде станува збор за отсуство на дипломатски контакти, што значи словото од букурешката повелба се заборавило. Исто како што сме заборавиле на Повелбата на ОН во која се истакнува принципот дека државите ќе се одвраќаат во меѓународните односи да употребуваат закани или сила спрема територијалниот интегритет или политичката независност на државата. Сме го заборавиле ли и принципот дека страните ќе ги решаваат споровите на мирен начин? Ја заборавиле ли нашите соседи обврската да не се мешаат во прашања кои се под надлежност на домашното законодавство? Заборавен ли е на овој простор принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето? И конечно - се заборава ли на принципот на еднакви суверени држави?

Далеку од тоа дека ќе тврдиме оти Македонија се однесува како совршен сосед, такво нешто не постои, но има нешто што е вистинска кочница кога се во прашање меѓусебните односи. Kога Македонија нешто ќе им предложела и на Грците и на Бугарите, тие секогаш велеле дека со внимателност тоа ќе го разгледаат, а потоа штама. Kога тие нешто ќе предложат, е тоа е друга приказна и таа се огласува на големи ѕвона. Но, бидејќи и Македонија е суверена држава и кога таа ќе се повика на правото на реципроцитет, тогаш таа е лош сосед. Па, ако идејата е да го клекнеш на колена својот „лош“ сосед или да се однесуваш кон него како кон постар батко, тогаш навистина овошјето е недозреано во нашата балканска градина.

Христо ИВАНОВСКИ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=94029A21B4...A06B52470F
Без Ботев няма България
08-11-2012, 04:38 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 08-11-2012, 04:38 PM