Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарска врска

Двата народа ги спојува многувековна заедничка историја. Сега, кога се' би требало да биде полесно, Бугарија и Македонија никогаш не биле подалеку една од друга. Патернализмот и предрасудите се поважни од рамноправната соработка

Големо прашање е дали некој од луѓето што ја водат државава вистински очекуваше дека отаде Деве Баир на само седум-осум недели пред толку важниот самит за нас на европските лидери во декември ќе почнат да пукаат со тешка артилерија и ќе почнат да отвораат прашања кои Македонија и Бугарија со судни маки некако ги беа запретале. Зборува ли некој веќе за правата на македонското малцинство во Пиринска Македонија, ги споменува ли некој кафкијанските маки на ОМО „Илинден“–ПИРИН да се регистрира како политичка партија во софискиот суд; ја споменува ли некој пресудата на Судот за човекови права од Стразбур, со која на бугарската држава и' беше наложено да ги почитува политичките права на тамошните етнички Македонци. Сето тоа сега е фрлено на рабовите на политичката агенда во Скопје и во Софија.

Наместо тоа, македонската јавност се обидува да ги фати нишките на мрежата што усогласено ја плетат бугарскиот претседател на државата, шефот на дипломатијата, па и премиерот, чија основна намера е дека дојде времето „помалиот брат“ да ја научи лекцијата. Во исто време, овдешната јавност се запрашува дали нашата дипломатија преспа одредени часови или пак не успеваше да разбере што може да се случи кога за влезот во Европската унија ќе треба да затропаме и на бугарската порта.

Николај Младенов, бугарскиот шеф на дипломатијата, фален како модерен политичар без патерналистички багаж врз своите плеќи, пред неколку дена вака го објасни студенилото што навева од Софија. „Антибугарската кампања во Македонија создава бескрајна непријатност во бугарската јавност. Откако ќе запре ова, Бугарија ќе се согласи со членство на Македонија во ЕУ“. Ќе треба да се направи големо научно истражување која е таа жестока антибугарска кампања што се тркала во Македонија. Дали е антибугарска кампања фактот дека во војната која против Турција ја почнаа младите балкански држави пред точно сто години како најважен плен беше поделбата на географската територија на Македонија. Тоа е завршена работа, Македонците може да ја проколнуваат својата несреќна судбина, но резултатот и не можеше да биде поинаков кога не успеавме во тоа време да се избориме ниту за автономија, а камоли за сопствена држава. Едноставно, другите беа поорганизирани, поумешни, па ако сакате и пореволуционерни, да ја отфрлат петвековната османлиска прегратка. Нам не ни успеа тоа и сегашните солзи нема ништо да помогнат. Но, зарем има логика некој да бара историскиот исход да се ретушира затоа што порано влегол во елитните клубови.

Дали е антибугарска кампања ако се снима филм за реални настани што се случиле во Македонија за време на шесте најмрачни години на човештвото? Зарем најважен доказ за добрососедство е ако македонскиот народ ги заклучи во најзафрлените тераси на свеста својата борба, својата историска епопеја и најважниот негов дострел кога конечно создаде своја држава само за да не се налутат нашите сега поуспешни братучеди под Витоша. Бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервјуто за грчки „Етнос“ се обидува да поентира: „Историјата беше многу тешка, милиони луѓе ги изгубија животите, меѓутоа од која причина сега прават филм, кој едноставно ја прикажува Бугарија како фашистичка држава“. Па, каква држава беше Бугарија до септември 1944 година. Зошто царот Борис одеше на поклонение во Берлин? Тоа е мрачен дел од бугарската историја, затоа што таа се престрои на погрешната страна, но таа голема грешка треба стоички да се истрпи, а не да се бара гума да го избрише она што не може да се избрише. Дали синопсисите за филмови, театарски претстави, па и книги ќе треба да се испраќаат во Софија на цензорски преглед за добрососедство. Според логиката на Борисов, сега никој од Европската унија, па и од Америка не би требало да снима филмови за Втората светска војна – не се потребни ниту приказните за Шиндлеровите листи, ниту за војникот Рајан, ниту за востанието во каналите на Варшава. Едноставно, херојската победа над мрачните сили треба да биде потисната во заборав.

Ниту еден политичар во Македонија не би се осмелил да ја одредува агендата на политичарите што владеат во Бугарија, како што го направи тоа Борисов во интервјуто за „Етнос“. „Да бев јас премиер на Македонија, ќе ја оставев историјата на историчарите, да се докажуваат меѓу себе кој има право и ќе почнев да се занимавам со инфраструктура, патишта, железнички линии...“ Некогаш е необјасниво како уште можат да се слушаат толку патерналистички пораки од Софија за наводните заблудени деца што живеат во македонската држава.

Внимателно подготвениот говор на претседателот Росен Плевнелиев пред еврокомесарот Штефан Филе, во кој ја нападна Македонија за уривање на сите мостови за добрососедство и за поттикнување на националистичка еуфорија, беше напишан со толку жесток речник што би го коригирале и во Атина. На Филе, веројатно, тогаш му стана појасно дека историските духови на Балканот, патернализмот и неверојатно ниската толерантност кон другиот овде се зацементирани и дека ќе треба херкуловска волја стереотипите, предрасудите и сомневањата да се фрлат на ѓубриштето. Во овој момент, се чини дека тоа е невозможна мисија.

Македонската дипломатија не успеа да види што се случува околу нас, или попрецизно, не знаеше да ги прочита новите знаци кои секој ден се поставуваа. Всушност, и ништо друго не можеше да се очекува од дипломатијата која е сведена на приврзок на луѓето од опкружувањето на премиерот, кога Министерството се наполни со партиски аматери, кога најискусните дипломати се дистанцирани во најоддалечните соби, кога дипломатската стратегија се сведе само на прошетки по европските метрополи каде што се слуша истиот рефрен – на Македонија и' е местото во ЕУ, но кога ќе дојде времето.

Македонија е мала држава, но може да се пофали дека двајца нејзини врвни дипломати претседавале со Генералното собрание на Обединетите нации. Тоа е успех за во дипломатски учебници, но изгледа ништо не научивме од тоа. Писмата што ги испраќавме до безброј адреси се бележеа како врвен дипломатски успех. Исчезнаа регионалните иницијативи, ги снема повеќепартитните средби, потонаа билатералните проекти. Едноставно, дипломатијата се загуби за време на патувањата во авионите. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пред некое време беше на состанокот на Вишеградската група. Овде Вишеградската група се слави како извонреден напор на централноевропските држави за нивен побрз влез во Европа, а ние не знаевме да се обидеме да поттикнеме таква идеја на Балканот, туку го фалиме успехот на другите. Главното објаснување за сето ова е - незнаење. Писмата не ги решаваат проблемите, па затоа ќе дојде грубиот одговор на Младенов до Попоски дека „заврши времето за муабетење. Ни требаат резултати сега“.

Битката со предрасудите и стереотипите е како битка со ветерници. Педесет години потпомогнати и од идеолошкиот образец, овде се зборуваше за Бугарите како за сиромашни луѓе, на работ на советската империја. Отаде Деве Баир сега зборуваат како изневерени татковци, за Македонија која не знае што значи да се биде дел од Европа. Приказните за најромантичниот дел од бугарската историја ги заменија со заканите. Лицитирањето кои празници би можеле да ги славиме заедно се претвори во претседателска гротеска. Двата народа ги спојува многувековна заедничка историја. Сега, кога се би требало да биде полесно, Бугарија и Македонија никогаш не биле подалеку една од друга. Време е да се отфрлат ќулавките на недовербата, да се отфрлат тешките зборови, да се баталат писмата – време е за нови идеи. Ако ги има.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7ED6C1507...86003C7715
Без Ботев няма България
08-11-2012, 05:55 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 08-11-2012, 05:55 AM