Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПАРТИИТЕ ВО СОФИЈА ОБЕДИНЕТИ ПОД АНТИМАKЕДОНСKО ЗНАМЕ

Бугарскиот лонец зоврива пред избори


Опасно е ако тензичната реторика кон Македонија се интензивира пред парламентарните избори кај источниот сосед во првата половина на следната година, период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции

Иако е планирано парламентарните избори кај источниот сосед да се одржат кон крајот на првата половина од 2013 година, тензичната реторика на бугарската политичка сцена кон Македонија изгледа како предизборната кампања да е во полн ек.

Познавачите на македонско-бугарските односи коментираат дека е опасно ако ваквата реторика продолжи, а Македонија стане една од темите во бугарското предизборие, и тоа во период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции.

Ако се исполнат очекувањата земјава во декември да добие одложен датум за јуни, тогаш предизборната кампања во Бугарија се поклопува со шесте месеци што ќе бидат значајни за да се одблокира процесот во ЕУ. Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски очекува дека екстремните десничари ќе влијаат врз однесувањето на конзервативците и левичарите на тема Македонија, но и дека позасилена реторика очекува по завршувањето на изборите во втората половина на 2013 година.

- Очекувам екстремни настапи да има АТАKА, како екстремно десна идеологија, но и од опкружувањето на Kаракачанов кое на темата Македонија ~ приоѓа од чисто политички аспект со цел да добие некој глас повеќе за влез во парламентот. Иако овие партии не се доминантни, мислам дека сепак некаде ќе влијаат, во определена мера, врз однесувањето на конзервативците од ГЕРБ и на левичарите од социјалистичката партија - потенцира Милошоски.

Според Стојко Стојков од партијата на Македонците ОМО „Илинден“-ПИРИН, последниве години партиите се обединети под антимакедонското знаме и речиси без исклучок ја поддржуваат идејата да се блокира почетокот на преговорите со ЕУ. Единствено поблаги во настапите се партијата на Сина коалиција (предводена од Сојуз на демократски сили и Демократи за силна Бугарија) и партијата на Турците.

- Дури може да се каже дека позицијата на посткомунистичка Бугарија е понегативна спрема Македонија, повеќе и од таа на Тодор Живков. Говорот на омраза постојано се засилува и стана општа практика да се исмеваат Македонија, Македонците и с` што е македонско. Состојбата нема да се промени оти доста кругови печалат милиони секоја година на база на конфликтот со Македонија и за нив влезот на земјава во ЕУ би значел крај на нивните лесни пари и на привилегиите - објаснува Стојков.

Тој анализира дека Бугарија беше „добра“ кон нашата земја единствено во периодот меѓу 2000 и 2006 година зашто тогаш добрососедските односи ~ беа услов за ЕУ. Уште еден посветол момент, според Стојков, беше признавањето на Македонија кога на власт беа бугарските демократи.

- Но од 2006 година наваму приказната за Македонија и Бугарија е како таа за волкот и јагнето: второто секогаш му ја матело водата на првото - независно од тоа што прави и кажува јагнето, волкот ќе сака да го изеде - порачува Стојков.

ИскРа Kоровешовска
#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2B1D4CAB89...CE9EC1032A
Без Ботев няма България
07-11-2012, 08:13 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 07-11-2012, 08:13 PM