Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Мое ќоше

Ах, тие наши комшии

Ерол Ризаов

Македонија стана како поштенско сандаче, сите нешто бараат, а ништо не даваат


Сите нешто бараат од Македонија. Густината на побарувањата што пристигнуваат деновиве не може да ги среди ни легендарната канадска пошта. Македонија стана како поштенско сандаче. Атина испорачува редовно, цел пакет ерга омнес побарувања. Софија, да не остане покусо, прати преку комши капиџик полн контејнер. Србија една–две палети со „молба“ за историска прослава на Зебрњак и да се пушти од затвор Вранишковски. Скромно. Брисел во името на ЕУ подготвува нова композиција со 33 вагони полна со побарувања кои допрва ќе ги видиме ако имаме среќа да ни ги пратат пред Нова година. Тие што ги виделе сличните на овие велат дека боли глава. Приштина и Тирана преку пошта ништо не праќаат. Тие имаат тука свои претставништва кои нивните барања автоматски ги испорачуваат како свои. Америка, Кина и Русија се премногу мудри да не бараат ништо од малата и сиромашна Македонија. Ако им треба нешто, ќе шепнат таму каде што треба. Знаат тие како треба.

Зошто толку зачестија пратките за брза достава. На Балканот писмата и информациите секогаш бавно патувале, обично поради погрешните адреси. Сега пред 12 декември се распишале со писма, меморандуми, изјави, интервјуа претседателите на држави, премиерите, министрите, научниците, медиумите и разни писатели на драми, трагедии и трилери. Се појавија и белосветски трагачи по возбуди и копачи на стари гробови. Сите велат дека Македонија нешто им должи. Грците бараат да го смениме името и да не им ја крадеме античката историја. Бугарите велат да не им ја крадеме целата историја на средниот и на новиот век. И уште бараат да не шириме антибугарска кампања по медиумите и кога некој снима филм, или пишува поезија, не дај боже напише роман. И Грците и Бугарите се жалат во Брисел дека се многу уплашени од нас бидејќи сме имале територијални претензии. Да се чуди човек каква велесила ќе беше оваа Македонија да им земе територии на Грција и на Бугарија. Србија, пак, како гром од ведро небо праќа абер дека децениското црковно прашање може да се реши лесно и СПЦ да ја признае МПЦ, само треба по прославата на Зебрњак и по пуштањето на Вранишковски од затвор да се одреди датумот кога ќе се случи тоа. Велат на Св. Никад, ако не се почитува нишкиот договор. Брисел единствено настапува во европски стил. Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ и треба да добие датум. На 10 декември ќе ни го кажеле датумот кога ќе почнат преговорите. Имаат само една мала забелешка, треба да воспоставиме добри односи со соседите и да ги отстраниме недоразбирањата. Баш европски, со висок стил. Оди сега ти среди го односите со соседите со вакви побарувања.

А што прави Македонија. Па ништо, зела табаци хартија, па пишува ли пишува одговори. Де на едните, де на другите, де на третите. На Грците им велиме одамна сме подготвени да ги исполниме обврските од Привремената спогодба и од хашката пресуда на Судот за правда. Тоа значи да влеземе во ЕУ и во НАТО со БЈРМ, па потоа ќе разговараме за географската додавка и нејзиниот опсег и век. Коректно. На Бугарите им напишавме дека сме спремни историјата да им ја дадеме на историчарите, па тие според науката и совеста нека кажуваат што е заедничка историја и што треба да славиме заеднички. Бугарите се мрштат и не сакаат веќе ич муабет да прават на таа тема. Велат заедничка историја е таа што ќе ја одредат нивните историчари. На Брисел сто пати им кажавме дека сме подготвени за компромис и заеднички прифатливо решение само тоа не го сакаат ни Грците ни Бугарите. На Србите им организиравме една прослава на Зебрњак набрзинка да не се сетат Власите. Тие што одлучија за ваков добрососедски гест добро е што не знаат историја, инаку тешко ќе се одлучеа.

И сега што понатаму. Комшии не можеме да избираме, а и да можеме тешко дека и нас некој ќе не' сака за комшија. Со сиромав комшија до гроб да бидеш, па зијан ќе видиш. Такви се нашите големи и славни комшии со голема и богата историја и култура, кои не даваат никој да им ја краде. Само не ми е јасно како останаа копуци и жива сиромаштија с’шти како ние, барем во тоа, покрај толку славни империи, ханови и цареви зад себе. Не знам кој повеќе ќе се навреди ако кажам дека сите сме исти на Балканите.

Историјата на односите меѓу балканските земји кажува дека што и да прифати Македонија, мора со своите комшии да го направи тоа мудро и без кавга. Главно е да не се прифаќаат какви било промени додека не се ратификува членството во ЕУ и во НАТО од сите земји. Во оваа „рана“ фаза прифаќање каква било промена без гаранција на Брисел и ОН е дефинитивна загуба.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C432B6845...6C823C91CB
Без Ботев няма България
07-11-2012, 06:17 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 07-11-2012, 06:17 PM