Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

06.11.2012, 17:33

Интервју - Бугарија нема да ви стави вето

Димитар Бечев, член на Европскиот совет за надворешни односи



Слободанка Јовановска



Зошто Бугарија инсистира толку многу да слави исти празници со Македонија? Каква симболика има тоа за Вас?

Тоа е признавање на заедничкото минато. Да се признае, сепак, сега, кога имаме две држави и два народа, дека тие некогаш биле поврзани. Вие го интерпретирате тоа како работа на историчарите, но за нас е битно да се покаже дека имаме заедничко минато, а битно е и за актуелниот претседател Росен Плевнелиев, бидејќи потекнува од Пиринска Македонија.



Според Вашите сознанија, кои се датумите што би сакала Вашата држава да ги слави со нашата?

Мислам дека тоа е Илинден. Ако се сеќавате, експремиерот Владо Бучковски имаше таков предлог. Сигурно тешко ќе се стигне дотаму, бидејќи во деведесеттите години ВМРО-ДПМНЕ кај вас беше обвинувана за бугарофилство, па ќе им биде тешко да го прифатат тоа.



А како Вие во Бугарија гледате на ВМРО-ДПМНЕ?

Мислам дека тоа со бугарофилството е завршена работа. Во Бугарија добро се прифаќа екслидерот Љупчо Георгиевски, но актуелниот Никола Груевски нема таков кредит на доверба. Дури мислам дека за време на СДСМ имаше поголем прогрес во односите меѓу Бугарија и Македонија.



Како го коментирате предлогот на претседателот Ѓорге Иванов како заеднички празници да се слават Денот на Европа, денот на признавањето од Бугарија и денот на воспоставувањето дипломатски односи?

Вториот предлог, според мене, е добра основа, бидејќи е многу битен чин за Бугарија. Луѓето заборавија дека тогаш, практично, сите големи земји беа против и и' рекоа на Бугарија дека не треба да го прави тоа. Така што тоа беше позитивна одлука од наша страна, но подоцна не беше добро искористена од Скопје и од Софија. Сега, кога ќе се вратиме на минатото, признавањето на Македонија беше многу битен датум и многу храбра одлука на Бугарија. Имаше голема смисла да се стори тоа.



Кои се, според Вас, реалните фрустрации меѓу Бугарија и Македонија, а кои не? Се отвораат премногу прашања...

Проблемот со дискриминацијата на бугарските компании е реално прашање. Исто така, дискриминацијата на сите што се идентификуваат како Бугари е битно прашање за Бугарија. Спаска Митрова е само една епизода. Добар гест би било да има поголем пристап на бугарските медиуми тука, кога веќе има српски, хрватски, па и грчки. Бугарија да биде присутна тука како што се присутни сите други. Битно е, исто така, колку е присутен бугарскиот бизнис во Македонија, иако има и добри примери. Таков пример сега е бугарски „Карфур“. Како што знаете, менаџментот на скопскиот „Карфур“ е дојден од Бугарија. Тоа е француска компанија, но базата е во Софија и оттаму се проширува. Ако Софија е некој канал на странскиот бизнис и доаѓа во Македонија, тогаш тоа е некаква вин-вин варијанта. Друг позитивен пример е „Кејблтел“. Претходно во Македонија беше многу скап интернетот во споредба со нашата држава, додека не дојде оваа инвестиција од Бугарија. На почетокот „Кејблтел“ беше бугарска компанија, но подоцна ја купи странски инвеститор кој се прошири во Македонија. Тоа се позитивни примери како треба да се оди напред.



Во отворените прашања што ни ги испорача Софија преку предлог-декларацијата за пријателство не се споменуваше ништо од ова? Имаше само заедничко славење историја, гробишта на бугарски војници, говор на омраза... Остануваат ли тие како отворени прашања?

Да, остануваат.



Тогаш пристапот е повеќе историски отколку прагматичен?

Да, повеќе е историски. Јас лично мислам дека треба да одиме попрагматично и со прашања кои не се само во интерес на бугарските, туку и на македонските државјани. Јасно е дека историските прашања ќе останат. Зошто, тешко е да се полемизира со луѓе како Красимир Каракачанов или Божидар Димитров, од националистичките кругови во Бугарија, кога ќе прашаат - Србите добија заедничка прослава во Македонија, што добивме ние? Зошто нас така не' третираат? Зошто не може да се слави заеднички Илинден, а може Кумановската битка?

Имаат ли големо влијание овие националистички кругови на официјалната политика?

Не дека се моќни, ама можат да влијаат. Проблемот е што во бугарското општество нема некој голем интерес за Македонија, што им овозможува на вакви поединци да полемизираат околу овие прашања без некоја конкуренција. Нема дебати за Македонија, размена на различни ставови...



Мислите ли дека Бугарија ќе стави вето на одлуката за почнување преговори на ЕУ со Македонија.

Мислам не. Бидејќи тоа ќе има негативни последици за самата Бугарија и не е во бугарски интерес. Но, исто така, мислам дека Бугарија нема веќе ни да ја поддржува Македонија. И ќе има пасивна или неутрална позиција, всушност, поддршка за статус кво.



Каде ја гледате причината за ваквата иритираност во Софија?

Ја гледам во национализмот во Македонија и во перцепцијата дека премиерот Никола Груевски нема интерес да ги развива билатералните односи со нашата држава. Дека има друга агенда, а европската агенда не го интересира, при што дел од неа се билатералните односи со соседите. Тоа е повеќе персонално, и кај владата, но гледам опасност тој проблем меѓу владите да се прелее во општествата. Затоа полемизирам во медиумите за да укажам дека - ако имате проблем, кажете јасно дека тој е со актуелната влада а не со македонското општество.



Зар не Ви се чини дека со спомениците на Симеон Радев, Борис Сарафов и Тодор Александров одиме кон заедничко славење на историски личности?

Да, не само со спомениците, туку и со Музејот на македонската борба во кој има многу документи на бугарски јазик и чија постановка ја подготви историчарот Зоран Тодоровски, чие видување на минатото не е толку далеку од бугарското. Тоа многу често се губи во бугарските расправи и дискусии. Затоа, кога ќе ме прашаат дали тие ни ја крадат историјата, мојот одговор секогаш е дека не можеме да крадеме историја, зашто таа е заедничка во една или во друга смисла. Ставот побргу е - не дека има кражба на историјата со спомениците, туку во Македонија има некоја националистичка манија и таа оди по некој друг пат.

Статијата е прочитана 1310 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5855DEA49...464A0ED9F7

Интервю от един много интелигентен българин

Без Ботев няма България
(This post was last modified: 07-11-2012, 06:15 PM by Топорчо.)
07-11-2012, 06:14 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 07-11-2012, 06:14 PM