Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

06.11.2012, 17:33
Интервју - Бугарија нема да ви стави вето
Димитар Бечев, член на Европскиот совет за надворешни односи
Слободанка Јовановска

Зошто Бугарија инсистира толку многу да слави исти празници со Македонија? Каква симболика има тоа за Вас?

Тоа е признавање на заедничкото минато. Да се признае, сепак, сега, кога имаме две држави и два народа, дека тие некогаш биле поврзани. Вие го интерпретирате тоа како работа на историчарите, но за нас е битно да се покаже дека имаме заедничко минато, а битно е и за актуелниот претседател Росен Плевнелиев, бидејќи потекнува од Пиринска Македонија.

Според Вашите сознанија, кои се датумите што би сакала Вашата држава да ги слави со нашата?

Мислам дека тоа е Илинден. Ако се сеќавате, експремиерот Владо Бучковски имаше таков предлог. Сигурно тешко ќе се стигне дотаму, бидејќи во деведесеттите години ВМРО-ДПМНЕ кај вас беше обвинувана за бугарофилство, па ќе им биде тешко да го прифатат тоа.

А како Вие во Бугарија гледате на ВМРО-ДПМНЕ?

Мислам дека тоа со бугарофилството е завршена работа. Во Бугарија добро се прифаќа екслидерот Љупчо Георгиевски, но актуелниот Никола Груевски нема таков кредит на доверба. Дури мислам дека за време на СДСМ имаше поголем прогрес во односите меѓу Бугарија и Македонија.

Како го коментирате предлогот на претседателот Ѓорге Иванов како заеднички празници да се слават Денот на Европа, денот на признавањето од Бугарија и денот на воспоставувањето дипломатски односи?

Вториот предлог, според мене, е добра основа, бидејќи е многу битен чин за Бугарија. Луѓето заборавија дека тогаш, практично, сите големи земји беа против и и' рекоа на Бугарија дека не треба да го прави тоа. Така што тоа беше позитивна одлука од наша страна, но подоцна не беше добро искористена од Скопје и од Софија. Сега, кога ќе се вратиме на минатото, признавањето на Македонија беше многу битен датум и многу храбра одлука на Бугарија. Имаше голема смисла да се стори тоа.

Кои се, според Вас, реалните фрустрации меѓу Бугарија и Македонија, а кои не? Се отвораат премногу прашања...

Проблемот со дискриминацијата на бугарските компании е реално прашање. Исто така, дискриминацијата на сите што се идентификуваат како Бугари е битно прашање за Бугарија. Спаска Митрова е само една епизода. Добар гест би било да има поголем пристап на бугарските медиуми тука, кога веќе има српски, хрватски, па и грчки. Бугарија да биде присутна тука како што се присутни сите други. Битно е, исто така, колку е присутен бугарскиот бизнис во Македонија, иако има и добри примери. Таков пример сега е бугарски „Карфур“. Како што знаете, менаџментот на скопскиот „Карфур“ е дојден од Бугарија. Тоа е француска компанија, но базата е во Софија и оттаму се проширува. Ако Софија е некој канал на странскиот бизнис и доаѓа во Македонија, тогаш тоа е некаква вин-вин варијанта. Друг позитивен пример е „Кејблтел“. Претходно во Македонија беше многу скап интернетот во споредба со нашата држава, додека не дојде оваа инвестиција од Бугарија. На почетокот „Кејблтел“ беше бугарска компанија, но подоцна ја купи странски инвеститор кој се прошири во Македонија. Тоа се позитивни примери како треба да се оди напред.

Во отворените прашања што ни ги испорача Софија преку предлог-декларацијата за пријателство не се споменуваше ништо од ова? Имаше само заедничко славење историја, гробишта на бугарски војници, говор на омраза... Остануваат ли тие како отворени прашања?

Да, остануваат.

Тогаш пристапот е повеќе историски отколку прагматичен?

Да, повеќе е историски. Јас лично мислам дека треба да одиме попрагматично и со прашања кои не се само во интерес на бугарските, туку и на македонските државјани. Јасно е дека историските прашања ќе останат. Зошто, тешко е да се полемизира со луѓе како Красимир Каракачанов или Божидар Димитров, од националистичките кругови во Бугарија, кога ќе прашаат - Србите добија заедничка прослава во Македонија, што добивме ние? Зошто нас така не' третираат? Зошто не може да се слави заеднички Илинден, а може Кумановската битка?

Имаат ли големо влијание овие националистички кругови на официјалната политика?

Не дека се моќни, ама можат да влијаат. Проблемот е што во бугарското општество нема некој голем интерес за Македонија, што им овозможува на вакви поединци да полемизираат околу овие прашања без некоја конкуренција. Нема дебати за Македонија, размена на различни ставови...

Мислите ли дека Бугарија ќе стави вето на одлуката за почнување преговори на ЕУ со Македонија.

Мислам не. Бидејќи тоа ќе има негативни последици за самата Бугарија и не е во бугарски интерес. Но, исто така, мислам дека Бугарија нема веќе ни да ја поддржува Македонија. И ќе има пасивна или неутрална позиција, всушност, поддршка за статус кво.

Каде ја гледате причината за ваквата иритираност во Софија?

Ја гледам во национализмот во Македонија и во перцепцијата дека премиерот Никола Груевски нема интерес да ги развива билатералните односи со нашата држава. Дека има друга агенда, а европската агенда не го интересира, при што дел од неа се билатералните односи со соседите. Тоа е повеќе персонално, и кај владата, но гледам опасност тој проблем меѓу владите да се прелее во општествата. Затоа полемизирам во медиумите за да укажам дека - ако имате проблем, кажете јасно дека тој е со актуелната влада а не со македонското општество.

Зар не Ви се чини дека со спомениците на Симеон Радев, Борис Сарафов и Тодор Александров одиме кон заедничко славење на историски личности?

Да, не само со спомениците, туку и со Музејот на македонската борба во кој има многу документи на бугарски јазик и чија постановка ја подготви историчарот Зоран Тодоровски, чие видување на минатото не е толку далеку од бугарското. Тоа многу често се губи во бугарските расправи и дискусии. Затоа, кога ќе ме прашаат дали тие ни ја крадат историјата, мојот одговор секогаш е дека не можеме да крадеме историја, зашто таа е заедничка во една или во друга смисла. Ставот побргу е - не дека има кражба на историјата со спомениците, туку во Македонија има некоја националистичка манија и таа оди по некој друг пат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5855D...464A0ED9F7


06.11.2012, 17:34

Ах, тие наши комшии
Ерол Ризаов
Македонија стана како поштенско сандаче, сите нешто бараат, а ништо не даваат
Сите нешто бараат од Македонија. Густината на побарувањата што пристигнуваат деновиве не може да ги среди ни легендарната канадска пошта. Македонија стана како поштенско сандаче. Атина испорачува редовно, цел пакет ерга омнес побарувања. Софија, да не остане покусо, прати преку комши капиџик полн контејнер. Србија една–две палети со „молба“ за историска прослава на Зебрњак и да се пушти од затвор Вранишковски. Скромно. Брисел во името на ЕУ подготвува нова композиција со 33 вагони полна со побарувања кои допрва ќе ги видиме ако имаме среќа да ни ги пратат пред Нова година. Тие што ги виделе сличните на овие велат дека боли глава. Приштина и Тирана преку пошта ништо не праќаат. Тие имаат тука свои претставништва кои нивните барања автоматски ги испорачуваат како свои. Америка, Кина и Русија се премногу мудри да не бараат ништо од малата и сиромашна Македонија. Ако им треба нешто, ќе шепнат таму каде што треба. Знаат тие како треба.

Зошто толку зачестија пратките за брза достава. На Балканот писмата и информациите секогаш бавно патувале, обично поради погрешните адреси. Сега пред 12 декември се распишале со писма, меморандуми, изјави, интервјуа претседателите на држави, премиерите, министрите, научниците, медиумите и разни писатели на драми, трагедии и трилери. Се појавија и белосветски трагачи по возбуди и копачи на стари гробови. Сите велат дека Македонија нешто им должи. Грците бараат да го смениме името и да не им ја крадеме античката историја. Бугарите велат да не им ја крадеме целата историја на средниот и на новиот век. И уште бараат да не шириме антибугарска кампања по медиумите и кога некој снима филм, или пишува поезија, не дај боже напише роман. И Грците и Бугарите се жалат во Брисел дека се многу уплашени од нас бидејќи сме имале територијални претензии. Да се чуди човек каква велесила ќе беше оваа Македонија да им земе територии на Грција и на Бугарија. Србија, пак, како гром од ведро небо праќа абер дека децениското црковно прашање може да се реши лесно и СПЦ да ја признае МПЦ, само треба по прославата на Зебрњак и по пуштањето на Вранишковски од затвор да се одреди датумот кога ќе се случи тоа. Велат на Св. Никад, ако не се почитува нишкиот договор. Брисел единствено настапува во европски стил. Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ и треба да добие датум. На 10 декември ќе ни го кажеле датумот кога ќе почнат преговорите. Имаат само една мала забелешка, треба да воспоставиме добри односи со соседите и да ги отстраниме недоразбирањата. Баш европски, со висок стил. Оди сега ти среди го односите со соседите со вакви побарувања.

А што прави Македонија. Па ништо, зела табаци хартија, па пишува ли пишува одговори. Де на едните, де на другите, де на третите. На Грците им велиме одамна сме подготвени да ги исполниме обврските од Привремената спогодба и од хашката пресуда на Судот за правда. Тоа значи да влеземе во ЕУ и во НАТО со БЈРМ, па потоа ќе разговараме за географската додавка и нејзиниот опсег и век. Коректно. На Бугарите им напишавме дека сме спремни историјата да им ја дадеме на историчарите, па тие според науката и совеста нека кажуваат што е заедничка историја и што треба да славиме заеднички. Бугарите се мрштат и не сакаат веќе ич муабет да прават на таа тема. Велат заедничка историја е таа што ќе ја одредат нивните историчари. На Брисел сто пати им кажавме дека сме подготвени за компромис и заеднички прифатливо решение само тоа не го сакаат ни Грците ни Бугарите. На Србите им организиравме една прослава на Зебрњак набрзинка да не се сетат Власите. Тие што одлучија за ваков добрососедски гест добро е што не знаат историја, инаку тешко ќе се одлучеа.

И сега што понатаму. Комшии не можеме да избираме, а и да можеме тешко дека и нас некој ќе не' сака за комшија. Со сиромав комшија до гроб да бидеш, па зијан ќе видиш. Такви се нашите големи и славни комшии со голема и богата историја и култура, кои не даваат никој да им ја краде. Само не ми е јасно како останаа копуци и жива сиромаштија с’шти како ние, барем во тоа, покрај толку славни империи, ханови и цареви зад себе. Не знам кој повеќе ќе се навреди ако кажам дека сите сме исти на Балканите.

Историјата на односите меѓу балканските земји кажува дека што и да прифати Македонија, мора со своите комшии да го направи тоа мудро и без кавга. Главно е да не се прифаќаат какви било промени додека не се ратификува членството во ЕУ и во НАТО од сите земји. Во оваа „рана“ фаза прифаќање каква било промена без гаранција на Брисел и ОН е дефинитивна загуба.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C432B...6C823C91CB

Датум: 06.11.2012, 18:41
ПАРТИИТЕ ВО СОФИЈА ОБЕДИНЕТИ ПОД АНТИМАKЕДОНСKО ЗНАМЕ
Бугарскиот лонец зоврива пред избори

Опасно е ако тензичната реторика кон Македонија се интензивира пред парламентарните избори кај источниот сосед во првата половина на следната година, период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции
Иако е планирано парламентарните избори кај источниот сосед да се одржат кон крајот на првата половина од 2013 година, тензичната реторика на бугарската политичка сцена кон Македонија изгледа како предизборната кампања да е во полн ек.

Познавачите на македонско-бугарските односи коментираат дека е опасно ако ваквата реторика продолжи, а Македонија стане една од темите во бугарското предизборие, и тоа во период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции.

Ако се исполнат очекувањата земјава во декември да добие одложен датум за јуни, тогаш предизборната кампања во Бугарија се поклопува со шесте месеци што ќе бидат значајни за да се одблокира процесот во ЕУ. Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски очекува дека екстремните десничари ќе влијаат врз однесувањето на конзервативците и левичарите на тема Македонија, но и дека позасилена реторика очекува по завршувањето на изборите во втората половина на 2013 година.

- Очекувам екстремни настапи да има АТАKА, како екстремно десна идеологија, но и од опкружувањето на Kаракачанов кое на темата Македонија ~ приоѓа од чисто политички аспект со цел да добие некој глас повеќе за влез во парламентот. Иако овие партии не се доминантни, мислам дека сепак некаде ќе влијаат, во определена мера, врз однесувањето на конзервативците од ГЕРБ и на левичарите од социјалистичката партија - потенцира Милошоски.

Според Стојко Стојков од партијата на Македонците ОМО „Илинден“-ПИРИН, последниве години партиите се обединети под антимакедонското знаме и речиси без исклучок ја поддржуваат идејата да се блокира почетокот на преговорите со ЕУ. Единствено поблаги во настапите се партијата на Сина коалиција (предводена од Сојуз на демократски сили и Демократи за силна Бугарија) и партијата на Турците.

- Дури може да се каже дека позицијата на посткомунистичка Бугарија е понегативна спрема Македонија, повеќе и од таа на Тодор Живков. Говорот на омраза постојано се засилува и стана општа практика да се исмеваат Македонија, Македонците и с` што е македонско. Состојбата нема да се промени оти доста кругови печалат милиони секоја година на база на конфликтот со Македонија и за нив влезот на земјава во ЕУ би значел крај на нивните лесни пари и на привилегиите - објаснува Стојков.

Тој анализира дека Бугарија беше „добра“ кон нашата земја единствено во периодот меѓу 2000 и 2006 година зашто тогаш добрососедските односи ~ беа услов за ЕУ. Уште еден посветол момент, според Стојков, беше признавањето на Македонија кога на власт беа бугарските демократи.

- Но од 2006 година наваму приказната за Македонија и Бугарија е како таа за волкот и јагнето: второто секогаш му ја матело водата на првото - независно од тоа што прави и кажува јагнето, волкот ќе сака да го изеде - порачува Стојков.
ИскРа Kоровешовска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...CE9EC1032A

Датум: 06.11.2012, 18:44
KАKО СЕ ЧИТА ОДГОВОРОТ НА ПОПОСKИ
Не се фативме во грчката стапица

Главната цел на дипломатијата била при одговарање на Предлог-меморандумот да не ~ се даде на Атина материјал што би можела да го злоупотреби пред декемврискиот Совет на ЕУ, коментираат наши извори
Македонија во одговорот на Предлог-меморандумот се труди да не ~ даде на Грција материјал што би можела да го злоупотреби пред декемврискиот Совет на ЕУ. Со овие зборови дипломатски извори за „Дневник“ го објаснуваат писмото што шефот на дипломатијата, Никола Попоски, му го испрати на грчкиот колега Димитрис Аврамопулос. Државава во одговорот се повикува на Привремената спогодба, бара да се интензивираат преговорите за името, да има средби на највисоко ниво и Атина да го прифати предлогот од Европската комисија - спорот да се решава паралелно со преговорите со ЕУ.

Од грчкото МНР вчера објавија дека владата ќе го разгледа писмото, а потоа ќе се изјасни. Дипломатски извори од земјава коментираат дека грчката страна нема да ја крене топката премногу високо. Слично е очекувањето и на дел од грчката стручна јавност. Јоргос Ѕогопулос од грчката фондација ЕЛИАМЕП вели дека по размената на писмата, двете држави нема да потпишат никаков меморандум.

- Одговорот е позитивен, но не и критичен бидејќи не дава одговор на клучните прашања. Добро е што двете страни бараат дијалог, но нема суштинско поместување на процесот. Размената на писма е нов обид за освежување на преговорите и ништо повеќе - анализира Ѕогопулос.

Според поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески, македонскиот одговор на Предлог-меморандумот е очекуван.

- Двете дипломатии не се на ист колосек, туку си возат во свои насоки. А, сега фронтот не само што не слабее туку се зајакнува - со Бугарија, која ја отвора идентитетската тема и покрај ентузијазмот на еврокомесарот Штефан Филе, на пример, кој, сепак, не може да ги игнорира ставовите на сојузниците - вели тој.

Дипломат, кој побара да биде анонимен, коментира дека Македонија имала мал простор за одговор на Меморандумот.

- Иако Македонија немаше многу простор за поконкретен одговор, целта е исполнета. Се покажа дека не се одбива иницијатива, во него има позитивен вординг, се покажа дека има спремност за одење напред - вели тој.

СДСМ, како што изјави пратеникот Марјанчо Николов, не го коментира македонскиот одговор на Меморандумот за да не биде загрозена преговарачката позиција на Владата.

- Имајќи предвид дека дел од информациите што се одвиваат по други дипломатски канали се држат во строга тајност, а се работи за најважното прашање за евро-атлантските интеграции на земјава, во оваа деликатна фаза нема да коментираме ништо за да не ја загрозиме преговарачката позиција на Владата на Република Македонија - рече Николов.

Неофицијално, грчки извори оценуваат дека Атина добила умен одговор.

- Се споменува дека Скопје сака решение, дека ја почитува Привремената спогодба и ја спомнува одлуката од Хаг. Во Грција никој и не очекуваше одговори бидејќи ако беше така, Меморандумот немаше да биде јавно објавен - велат овие извори.

Грчките медиуми велат дека не бил суштински одговорот од Македонија на Меморандумот за разбирање.

- Според информации од дипломатски извори, одговорот испратен во Атина од Владата на Груевски е различен од грчките предлози, во рамките на очигледната тактика на скопјаните да не одговорат суштински, да добијат време и да отворат бесконечна дебата која не води никаде – пишува „Прото тема“.

Грчките медиуми пишуваат дека очекувале да слушнат дали Попоски прифаќа потпишување на предложениот Меморандум за разбирање.
Ивана Kостовска, Жана п. божиновска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BFB0F814B7

Бугариja ce фати на стапицата на Слободанка Јовановска, Ерол Ризаов, Искра Kоровешовска, Ивана Kостовска , Жана п. Божиновска...и компания. А те милите на коя стапица са се фатили ?
Да, разбира се, тези остри и популярни журналистически пера се съобразяват - в голяма степен - предполагам - със съответната медия...Нормално...

Дали ще има българско вето през декември?
07-11-2012, 10:04 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 07-11-2012, 10:04 AM