Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Што сака Бугарија? Зошто подметнува кукавички јајца?



Ристо Никовски

Бугарскиот претседател, Плевнелиев, на комесарот Филе му рекол дека во Македонија има „националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарски чувства и многу административни бариери за бугарскиот бизнис…”. Полошо не можел да каже ама ги измешал картите.

Дел од оценките му се измислени, а другите апсолутно важат за бугарскиот однос кон Македонија, не обратно. Министерот Младенов порача дека сме имале „малцински претензии…” и дека „Бугарија…нема да дозволи некој да и се плетка во нејзината историја”. Изразот „малцински претензии” е нов и бесмислен. Малцинставата или постојат, или не. Можат да се игнорираат, како што прават Софија и Атина, ама никој не може да ги измисли и со нив да „претендира”. Според премиерот Борисов, ако Македнија сака во НАТО и ЕУ „треба да ги почитува вредностите што таму се признаваат”. Тие биле „Европа без граници, Европа на добрососедство…”. Најслучајно, не спомна дали и малцинствата се европски стандард? Паралелно, во Софија инсистираат заеднички да славиме историски настани.

Што всушност се случува на нашиот исток? Пред четири, пет години, врвен британски експерт за Балканот, тукушто вратен од Атина, по малку изненаден, раскажуваше за грчките колеги кои го уверувале дека, во понатамошното македонско интегрирање во Европа, место од Атина, сопките се повеќе ќе доаѓале од – Софија.

Еве, и тоа време дојде. Бугарија стапува на сцената. Ова беше најавено од нивни европратеници, а во медиумите, веќе подолго време, нападите врз Македонија се се пожестоки.

Тоа не треба да изненадува. Позицијата на Софија кон Македонија, во основата, е полоша од таа на Атина. За вториве не е спорно дека ние сме посебна нација, со сопствен јазик… Сакаат само монопол на античкиот бренд „Македонија” и сите деривати. Не не посвојуваат туку сакаат „само” да не прекрстат. Ако прифатиме дека сме Северни, Нови, Горни… со соодветен јазик, тие веднаш ќе не подржат и помогнат. За првите, пак, ние не сме ништо друго освен – (неосвестени) „Бугари”. Зборуваме и бугарски јазик, без да го знаеме тоа. Тврдат дека Македонија е најромантичниот дел од нивната историја, а како да заборааат дека токму за да ја освојат, во Втората светска војна, беа на страната на фашизмот и Хитлер. Тоа е сигурно најсрамниот дел од нивната историја, ама Македонија им останала во рамките на романтиката. Чудно, многу чудно. Не треба да се заборава и дека Бугарија е крајно загрижена и поради ткн. „антиквизација”, која директно ги руши нивните фантазмагории за наши “бугарски” корени.

Филе наиде на студен прием во Софија. Неговиот последен извештај, со оценките дека Македонија води добра добрососедска политика, серизно им пречи. Кај нас завладеа одредено задоволство што во извештајот (на „цели” две места) се користи придавката „македонски”. Арно ама, тоа е направено на најбезболен начин за Брисел: „македонски” се „владата” и „институциите” ама не народот, јазикот, црквата… што за нас е клучно. Така е направено за да се задоволат токму Атина и Софија. Ако Филе напишеше „македонски” народ, јазик… ќе беше дочекан на нож и во Атина, и во Софија.

Идејата заеднички да славиме историски настани не е нова. Пред шест, седум години инсистираа така да се одбележи Илинден, што наиде дури и на разбирање кај тогашниот премиер. Начелно, замислата е навистина прекрасна. Зар има нешто поубаво од заедничко свртување кон историјата и тоа на Балканот? Да се одбира и потенцира тоа што не приближува и спојува, а не тоа што (со векови) не конфронтира. Таков избор е можен. Историјата на сите народи во регионов е испомешана и заедничка по многу што. Меѓу Македонија и Бугарија и повеќе отколку кај другите. Немајќи своја држава, голем дел од најистакнатите македонски национални дејци прибежиште наоѓале, живееле и твореле токму во Софија и Бугарија. Листата е предолга.

Меѓутоа, оваа бугарска понуда е класично подметнување кукавички јајца. Факт е дека, со поголеми или помали права, дел од историските личности и настани и двете држави ги сметаат за свои. И тоа не мора да биде ништо страшно ако се респектира другиот. Проблем е што целта на Софија е да славиме заедно, ама сите како „Бугари”! Тие осознаени, а ние (сеуште!) не. Сакаат индиректна потврда дека сме – „Бугари” и дека историјата ни е – заедничка! И, тука е куршлусот. Според истите историски синдроми, поради кои на почетоткот на 1940-тите со оружје се обидоа да ја освојат Македонија, сега со итрина сакаат жедни да не пренесат преку вода. Тие не се подготвени да слават двата народа – македонскиот и бугарскиот.

Ристо Никовски


Колумни

http://www.mkd.mk/72876/udarna-vest/sto-...-nikovski/

Без Ботев няма България
05-11-2012, 09:29 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 05-11-2012, 09:29 PM