Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

За Бугарија само признавањето има славеничка тежина

Слободанка Јовановска


„Позицијата на Македонија не е поцврста. Таа е понеадекватна“, напиша вчера европарламентарецот од Бугарија Кристијан Вигенин на својот „Твитер“ по предлогот кој од Македонија стигна до Софија за заедничко славење на празниците.

Ова е втора реакција од соседството откако беше објавено дека претседателот Ѓорге Иванов како заеднички можни славења ги предложил Денот на Европа, денот на признавањето од Бугарија и денот на воспоставувањето дипломатски односи. Од сите три празници, сериозно и позитивно во Бугарија се прифаќа само третиот, бидејќи оваа земја се гордее на овој потег и го смета како нивна храбра надворешнополитичка одлука, иако така не се гледа во Македонија.

„Признавањето на независноста на Македонија е многу важен чин за Бугарија. Сите големи сили во тоа време беа против таквата одлука и ни се вршеа притисоци да не го сториме тоа“, објасни вчера Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи во Бугарија. Според него, втор прифатлив датум е Илинден, при што потсети дека таква иницијатива веќе изнел експремиерот Владо Бучковски додека бил на таа функција.

„Замислете да сте на местото на претседателот Росен Плевнелиев и да дојдете пред триумфалната порта во Скопје и да ја видете мапата на која се наоѓа и Пирин. Неговиот брат живее таму“, ја илустрираше тој причината за вознемиреноста во Софија од споменичната симболика во Македонија.

Тој вчера беше учесник на конференцијата на Фондацијата „Сорос“ „Шанса или предизвик“ околу можностите нашата држава да добие датум за преговори на самитот на ЕУ во декември и можните пречки за тоа, меѓу кои сега се појави и Бугарија.

„Бугарија треба да и' помогне на Македонија да се интегрира. Има проблеми и историски недоразбирања, но тие не треба да бидат услов. Легитимно прашање за мене е дали бугарските компании се дискриминирани овде од власта, но тоа е прашање за граѓаните тука, зашто тие губат ако не е отворена Македонија кон странство. Ако тие информации се точни, тогаш ќе имате проблеми не само со Бугарија, туку и со сите држави“, порача Бечев. Генерално, тој оцени дека односите на Македонија со Бугарија назадуваат и дека до 2006 година не било така, зашто тогаш претседателот Борис Трајковски и бугарскиот лидер Георги Прванов заеднички ставиле венец на гробот на Јане Сандански.

„Сега не е можно тоа“, оценува Бечев, според кого односите меѓу двете земји треба да се вратат на тоа ниво.

Ексминистерот Антонио Милошоски тврди дека е подобро ако иницијативите за заедничко славење не се наметнати, туку доаѓаат од граѓаните, па се пофали дека тој со Балчев заеднички се поклонил на гроб на македонски револуционери во Бугарија. Според него, Бугарија во клучни моменти направила стратегиски грешки кон Македонија, а се поправила со признавањето во 1991 година и сега има шанса пак со давање поддршка на преговорите со ЕУ.

„Не очекувам Софија да биде нова Атина за Македонија“, вели ексминистерката Радмила Шеќеринска, според која проблем е што во бугарско-македонските односи има само изјави, а никогаш немало дебата, посочувајќи дека никој во нашата земја досега не слушнал дека бугарските фирми се дискриминирани.

Бечев, пак, како пример дека разликите не се нерешливи ги посочи примерите со Израел и Турција, земји со кои бугарската влада одржува заеднички седници, иако историски имале многу недоразбирања и проблеми.
Попоски одговара „европски“ на „илинденските“ барања на Софија

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски, откако ден претходно ги отфрли како нереални бугарските критики на однесувањето на Македонија, вчера, како и по меморандумот од Грција, се дообјасни во фамозниот „дипломатски дневник“ на интернет-страницата на неговото МНР. Во него тој побара од Бугарија да ги почитува и нашите чувствителности и и' повтори на Софија дека историјата е за историчарите, па да им даде можност тие да соработуваат и повика двете земји да работат на поврзување на граѓаните, пред се', преку прекуграничната инфраструктура.

„Да си излеземе во пресрет кога имаме потреба. Дипломатите да ни соработуваат европски во европски услови. Да градиме искрена и принципиелна добрососедска политика и да се поддржуваме врз заеднички основи“, и' напиша Попоски на Софија.



Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар


http://utrinski.com.mk/?ItemID=78ECA8DFF...ECFFF92CDF
Без Ботев няма България
03-11-2012, 06:41 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 03-11-2012, 06:41 AM