Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 31.10.2012, 18:18
ШТО МУ ПИШАЛ ИВАНОВ НА ПЛЕВНЕЛИЕВ

Соломонско решение за славење со Бугарија


По барањето од Плевнелиев двете држави заедно да слават одредени историски настани, Иванов му дал три датуми и настани: Денот на Европа, денот кога Бугарија н` призна или воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји

Денот на Европа, денот кога Македонија беше признаена од страна на Бугарија или денот на воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји се датумите и настаните што македонскиот претседател Ѓорге Иванов му ги предложил на бугарскиот колега Росен Плевнелиев, како одговор на неговото барање двете држави заеднички да слават одредени историски настани. Иванов му го напишал ова на Плевнелиев во писмо испратено пред дваесетина дена, за кое кабинетот на претседателот не информира во јавноста. Вчера оттаму ни потврдија дека Иванов испратил писмо како одговор на честитката од Плевнелиев за националниот празник на Македонија, 8 Септември. Предлогот за заедничко славење македонскиот претседател го образложува со фокусирање на сегашноста и на иднината.

„Идеологизација на историјата и замената на фактите, како што ги дефинирате, се опасна алатка која при евентуална злоупотреба, особено од страна на политичарите и за краткорочни интереси, може да предизвика огромна штета, па затоа најдобро е тоа прашање да биде оставено настрана, за со него да се занимаваат историчарите“, објаснува Иванов.

Според него, целата енергија треба да се насочи на унапредување на сегашноста и создавање подобра иднина за генерациите што доаѓаат, бидејќи тоа е обврска не само кон граѓаните, туку и кон регионот. Иванов му пишува на Плевнелиев и дека е уверен оти со заемен ангажман ќе ги зајакнат односите на добрососедство. Додава дека се надева оти Бугарија ќе ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО.

Вчера не успеавме да добиеме коментар од бугарската страна дали се согласува со предлогот од македонскиот претседател за датумите и настаните што заеднички би ги славеле двете земји. Бугарскиот претседател во своето писмо-честитка до Иванов напиша дека иднината на двете земји во обединета Европа треба да даде сила и увереност дека Бугарија и Македонија можат да слават заедно историски настани и да ги почитуваат личностите од минатото.

„Така би придонеле за подобро разбирање на историјата, за подобрување на добрососедските врски и за охрабрување на позитивниот однос на младите кон соседните земји. Ајде да работиме заедно за стабилноста и за просперитетот на нашите две земји, да ги претвориме политичките декларации во реални активности. Бугарија е подготвена да ја поддржи секоја иницијатива во таа насока“, пишува бугарскиот претседател. Во писмото од Плевнелиев уште стои дека Бугарија ~ подава рака на Македонија и очекува конкретни докази дека се наоѓаме во нова фаза на развој во односите.

И покрај ваквите заложби и подавања рака, бугарскиот претседател вчера не ја пропушти шансата пред еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Софија да се пожали дека во Македонија се забележувал тренд на националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и имало многу административни бариери за бугарскиот бизнис.

- Бугарија отсекогаш го поддржувала пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Но, извештајот на ЕK не ја одразува улогата на Македонија во регионалната соработка и состојбата на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија - изјавил Плевнелиев.

Македонија била тема на сите средби на Филе во Софија, на кои, според бугарските медиуми, бугарските домаќини се жалеле на реториката од Скопје. Ставот на Борисов бил дека Бугарија го поддржува зачленувањето на Македонија во ЕУ доколку стриктно се почитуваат сите европски критериуми.

По средбата со Филе, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов изјавил дека со еврокомесарот размениле мислење околу „задршките во бугарското општество поради националистичката политика што се води во Скопје“.

Жана П. Божиновска

#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D6ADA8A816...94358DF535

За да си покрият срама после Заберняк всички хиени се нахвърлиха дружно връз България
Без Ботев няма България
01-11-2012, 05:39 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 01-11-2012, 05:39 AM