Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Не поддржуваат за ЕУ, ама не по секоЈа цена
Софија почнува да игра потврдо


Бугариjа нема да стави вето за почеток на преговори, но jасно е дека нема ни активно да ги поддржува македонските напори за интегрирање во ЕУ, оценува бугарскиот аналитичар Димитар Бечев

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов деновиве искористи уште една можност да ја потсети Македонија дека на патот кон ЕУ ја има поддршката од Софија, но не по секоја цена.

- Има услови што од наша гледна точка треба да се исполнат за да продолжи да се материјализира нашата поддршка како што тоа се прави веќе 20 години – изјавил Младенов во Благоевград, при посетите на пограничните региони на земјата.

Целта на посетата, како што објаснил Младенов, е да се чуе мислењето на граѓаните на и локалните власти пред подготвувањето на најавениот документ за политиката кон соседите, бидејќи тие се со нив најсилно поврзани.

- Целта никогаш не ни била да ја блокираме Македонија или друга земја на патот кон Европа – рекол Младенов и додал дека Бугарија не треба да стравува да говори јавно и да ги постави проблемите во односите со Македонија, затоа што само така ќе може да ги заштити своите интереси.

Според него, основните грижи за извештајот за напредокот се дека не се посочени клучните прашања за Бугарија вклучени во делот за добрососедство како, на пример, односот кон Бугарите во Македонија, како и кон бугарските претприемачи, за кои во Македонија станувало с` потешко. За овие прашања, според најавите, Младенов денеска ќе разговара и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе за време на неговата посета на Софија.

- Нашата поддршка е конструктивна и се заснова на генералната позиција дека сите наши соседи од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ. Истовремено, Бугарија стриктно се придржува кон принципите и критериумите за членство меѓу кои и развивањето и поддржувањето на добрососедските односи. Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме и дека нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија бидејќи во бугарската држава и општество секој е слободен да се декларира како што сака - изјавил бугарскиот министер, според кого е важно Бугарија и Македонија заедно да ги чествуваат празниците и историјата за да можат заедно да ја градат и иднината.

Домашни и бугарски експерти сметаат дека и покрај ваквите изјави на Младенов, официјална Софија во декември нема да стави вето за датум за преговори за Македонија. Но, шансите за тоа ќе ги има понатаму во преговорите по поглавја.

- Мислам дека Бугариjа нема да постави вето за почеток на преговори. Тоа, според мене, е позитивно. Но, исто така е jасно дека таа нема ни активно да ги поддржува македонските напори, ако ги има, за интегрирање е во ЕУ. Барем не со оваа политичка гарнитура. Наjголемиот ризик денес е дека ќе се воспостави маѓепсан круг во коj бугарскиот и македонскиот национализам ќе заjaкнуваат, благодарение еден на друг - оценува бугарскиот аналитичар Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи.

Домашен политичар, кој е добар познавач на македонско-бугарските односи, вели дека не е тајна оти бугарските политичари долго сметат дека нивната земја заслужила поголемо влијание од тоа што го добива од Македонија. Неговата процена е дека во тамошното МНР има подвоеност за тоа дали Софија да настапи како Атина и да ја блокира Македонија уште на почетокот во евроинтегративниот процес или во текот на преговорите. Министерот Младенов, според нашиот извор, е во групата што би се решила за блокада во текот на преговорите.

- Не очекувам да н` блокираат во декември, но не би ме изненадило ако настапат „тврдо“ - вели истиот извор.

Според него, досега Бугарите изнесувале само емоционални барања врзани за историјата, но сега работат на документот за стратегијата кон соседните земји и се очекува да ги конкретизираат барањата. Неговата процена е дека Софија има тактика за искористување на своето членство во ЕУ и веројатно ќе побара заедничко прославување на настани од историјата, почитување на човековите права во Македонија, со акцент на тие што се изјаснуваат како Бугари и заеднички проекти за намалување на говорот на омраза во македонските медиуми.

Пораки од политичарите

Бојко Борисов

- Отсекогаш сум им велел на нашите соседи од Македонија дека откако тргнаа по патот кон членство во ЕУ и во НАТО треба да прочитаат какви се вредностите што таму се признаваат. А тие се Европа без граници, Европа на добрососедство, Европа во која проблемите не се решаваат со такви изјави, туку со мир, разбирање, толерантност.

- Се надеваме дека Македонија ќе погледне кон иднината на поинаков начин. Да, историјата е многу важно нешто, но кога луѓето градат инфраструктура, кога се бара економски раст, да бараш повод да се враќаш во историјата и да спориш за неа, којзнае дали тоа е најдоброто, но тоа е работа, се разбира, на нивната влада. Ние секогаш ја чувствуваме Македонија како најблиска, најпријателска земја и сакаме да има благосостојба. Но, работа на македонските политичари е како тоа ќе го направат.

Николај Младенов

- Бугарија е отворена за сите свои соседи и го поддржува проширувањето на ЕУ, но нема да дозволи некој да се плетка во нејзината историја.

(При најавата на документот со кој ќе се одредат основите на бугарската политика кон соседите и „црвените линии“ што нема да може да се преминуваат во билатералните односи)

Што се условите

- Заедничко славење на историски настани
- Стоп на говорот на омраза во медиумите
- Почитување на правата на Бугарите во Македонија

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5B2A79AEEF...8C8E6F23FA
Без Ботев няма България
31-10-2012, 06:28 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 31-10-2012, 06:28 PM