Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија секогаш прва пружа рака

Како некоја љубоморна девојка, лута поради евентуалното запоставување, Бугарија одвреме-навреме ќе нѐ потсети дека е тука


Македонија е повторно посочена со прст поради односите кон соседите, кои формулирани како добрососедски очигледно станаа главен услов за членство на нашата земја во ЕУ и во НАТО. Досега бевме навикнати за ова да добиваме директни сигнали, преку Атина, или индиректни, преку Брисел, но во изминатиот период сѐ почесто се вклучува и Софија. Како некоја љубоморна девојка, лута поради евентуалното запоставување, Бугарија одвреме-навреме ќе нѐ потсети дека е тука. Можеби загрижени дека, ете, повеќе енергија и внимание трошиме на спорот за името, па некој бугарски политичар ќе се огласи, јавно заложувајќи се за евроинтеграцијата на Македонија, но укажувајќи дека има некои работи што на официјална Софија ѝ пречат. Последен беше шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов, кој пред некој ден од Благоевград порача дека Бугарија го поддржува членството на нашата земја во Унијата, но не по секоја цена и дека треба да се исполнат определени услови за да продолжи бугарската поддршка.

- Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме и дека нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија, бидејќи во бугарската држава и општество секој е слободен да се декларира како што сака - кажа Младенов.

Човек не треба да е многу мудар, ниту пак да има некои извонредни способности за читање меѓу редови, за да ја сфати пораката на министерот Младенов. Да, повторно критика упатена кон Македонија. Но неговата изјава е интересна и поради неколку моменти. Прво, да тргнеме одзади, за тоа колку некој во Бугарија „е слободен да се декларира како што сака“, најдобро знаат Македонците што живеат таму. Но нејсе... Второ, бугарските соседи „не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија“, а точно кој ги има? Колку што ни е познато, Македонија во изминатиот период речиси не го споменува малцинското прашање кога станува збор за Бугарија. Не дека го игнорира, туку нели, ете, во духот на добрососедските односи и во интерес на евроатлантските интеграции, проблемот со македонското малцинство кај источниот сосед е оставен да се решава преку меѓународни институции, како што е Европскиот суд за човекови права. Тогаш зошто Софија повторно го споменува малцинското прашање кога односите меѓу двете земји се движат во нагорна линија? Од што се плаши Бугарија? Нема друго објаснување, освен тоа за љубоморната девојка, на која малку ѝ се посветува внимание, па сака одоколу да порача дека е тука. Или, пак, сака да нѐ предупреди целосно да заборавиме на малцинското прашање, за да не добиеме уште една „Грција“ на нашата голгота кон ЕУ и НАТО.

Нема потреба од стравување. Уште од првите денови по осамостојувањето Македонија беше таа што, токму во интерес на добрососедските односи, го правеше првиот чекор, често голтајќи горчливи одлуки, додека нејзините соседи во политиката кон нас самите го ограничуваа изборот - или инает, или уцена. Не помина ниту една година како независна, Македонија преку амандмани го измени Уставот, порачувајќи им на соседите дека нема потреба да стравуваат. Па така, во јануари 1992 година, преку уставните измени јасно истакна дека „нема територијални претензии кон соседните држави“ и дека „нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Ова второто е посебно важно, бидејќи со него се дополнува членот од Уставот со кој се истакнува дека нашата земја се грижи за положбата и за правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците. Така што уште од пред 20 години постојат цврсти гаранции, запишани во македонскиот устав, дека Македонија ниту ќе се меша во работите на соседите, ниту пак сака дел од нивната територија.

И не е само Уставот. Македонија покажа дека е добар и пред сѐ разумен сосед кога, под огромен притисок на Атина, го смени државното знаме, ја прифати референцата БЈРМ, како и можноста под неа да членува во меѓународните организации. И не се само Грција и Бугарија. Нашата земја пружи рака и кон Србија, дозволувајќи му на српскиот државен врв на македонска територија да прославува победи во големи историски битки. Па така, српскиот претседател Томислав Николиќ, во друштво на премиерот Ивица Дачиќ, во неделата го посети Зебрњак, каде што ја одбележаа 100-годишнината од Кумановската битка. Фер е да очекуваме дека Србија за возврат ќе дозволи нашиот државен врв истото да може да го стори, односно слободно да отиде во Прохор Пчињски и да го одбележи АСНОМ, а не само еднаш, во 2009 година.

Има уште многу примери што јасно покажуваат дека Македонија е таа што прва пружа рака, за компромис, за договор и на крајот за добар и мирен Балкан, кој никако целосно да се интегрира во Европа.

П.С. Бугарскиот министер Младенов денеска во Софија ќе го прими еврокомесарот за проширување Штефан Филе, со кого, меѓу другото, ќе разговара за добрососедските односи. Дали Филе ќе ја „потресе“ Софија, како што тоа неодамна го направи со Атина, најверојатно ќе зависи и од тоа што сѐ има Младенов да му каже во однос на Македонија...


Автор: Владимир Мијановиќ

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22717
Без Ботев няма България
31-10-2012, 04:51 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 31-10-2012, 04:51 PM