Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Две балкански племиња му држат лекција на Брисел

И ние и Србите изминативе години се изнаслушавме приказни за тоа како не треба да гледаме наназад, туку само напред. Истовремено, и ние и Србите сме некакви „црни овци“ на Балканот, земји и народи што се означени како неспособни да изградат добри односи со соседите. Поради тоа и нам и на Србија ни е блокиран напредокот кон ЕУ, а нам ни беше забрането и членството во НАТО. Причината е една и иста: малку-малку, па сме се оптоварувале со историјата



Гледано од српски аспект, во изјавата на нивниот претседател Тома Николиќ дека денешна Република Македонија може да му ја должи својата државност и на српското учество во Првата балканска војна, нема ништо страшно. Ако се следи редот на подоцнежните настани, можеме само да жалиме што Србите во 1912/1913 година не се спуштиле некој километар појужно од Гевгелија. Впрочем, токму српското инсистирање, наспроти грчкото, во Букурешт 1913 година, односно во деновите пред почетокот на фамозната Букурешка конференција, довело до тоа денес Гевгелија да е македонски, а не грчки град. Тоа е, како што рековме, српскиот аспект на работите поврзани со Балканските војни.

Од друга страна, нема македонски политичар што лесно би поминал доколку на грчки или на бугарски претставници им дозволи некакво чествување на нивните жртви во Македонија од тие денови, како што тоа ѝ е дозволено на српската делегација на Зебрњак. Дали имаме двојни аршини кон Србите наспроти преостанатите наши соседи? Дали на мала врата не го враќаме односот кон северниот сосед од времето на СФРЈ, и тоа токму во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ? Можеби да, можеби не, допрва ќе видиме, но едно нешто е факт: за Србија, македонскиот народ и македонската држава не се спорни, па кога веќе од нив не се чувствуваме загрозени од тој аспект, немаме голем проблем со тоа како тие гледаат на настаните од пред сто години и што слават. За Бугарите, спорни се народот и јазикот, за Грците, државата, народот и јазикот. Во таква ситуација, тоа што за Србите Балканските војни се ослободителни, а за нас окупаторски, изгледа дека е најмалиот проблем што во овој момент го имаме.

Меѓутоа, има нешто друго во целата приказна што збунува. И ние и Србите изминативе години се изнаслушавме приказни за тоа како не треба да гледаме наназад, туку само напред. Истовремено, и ние и Србите сме некакви „црни овци“ на Балканот, земји и народи што се означени како неспособни да изградат добри односи со соседите. Поради тоа и нам и на Србија ни е блокиран напредокот кон ЕУ, а нам ни беше забрането и членството во НАТО. Причината е една и иста: малку-малку, па сме се оптоварувале со историјата.

И тие две држави, означени со црн фломастер, одеднаш во меѓусебните односи немаат проблем околу историјата. Реално гледано, ако ние, Македонците, не сакаме некој друг да ни го менува нашиот став за карактерот на Балканските војни, тогаш зошто би отворале „војна“ со Србија за да го смениме нивниот став за истите тие војни. Ако Србите сакаат да ги чествуваат нивните загинати војници, каде е проблемот? Се чини дека го нема, сеедно што, и без да ставаме рака на срце, јасно е оти тие не гинеле за еден ден оваа територија да биде самостојна држава со македонски народ за кого Србите се само еден од соседите.

Паралелно со ова, истата таа Македонија која, нели, гледа наназад, со години не може глава да крене поради две членки на ЕУ и на НАТО, Грција и Бугарија, особено поради првата, која е во друштвото на тие што ни делат лекции за нашата оптовареност со историјата. А и грчката и бугарската „аргументација“ не потекнуваат од погледот кон иднината, туку од погледот кон минатото. И сега, дури и со најдобра волја, една работа тешко можеме да сфатиме. Како е можно да немаме проблеми од ваков вид со една држава како Србија, а да имаме со земји-членки на ЕУ? Кој тука гледа наназад: ние или членките на ЕУ, заедно сосе нивниот Брисел? Ние или оние демократи што среде Скопје ни ги вртеа стрелките на часовникот за, демек, како на последни малоумни случаи во светот, да ни нацртаат што треба да правиме?

Точно, со Србија го имаме црковниот проблем. И тој е дел од времето кога и Србија гледаше со очите на тилот. Непризнавањето на МПЦ од страна на Српската црква е само дел од мозаикот за целосно негирање на македонскиот народ и неговата држава. Тој е дел од мозаикот изграден во Атина за да се покаже дека народ што е непризнат од сите соседи (не се помалку наивни во таа приказна ни Албанците) не може да е во право и во спорот со нив. Оттука, проблемот меѓу МПЦ и СПЦ всушност не е никаков црковен проблем, освен ако не се гледа од технички аспект. СПЦ е само обично орудие на таа стратегија, која има своја политичка заднина. Во спротивно, и нашиот проблем со негативниот однос на Бугарија кон македонскиот јазик ќе беше лингвистичко, а не политичко прашање, како што и нашиот проблем со Грција ќе беше правно прашање (за тоа дали може во меѓународниот сообраќај да постои забуна ако на дел од територијата наречена Македонија се оформи држава со име Република Македонија).

Одговорот на сето тоа е чист, па оттука не е сосема јасно зошто изјавата на српскиот претседател дека ќе ни го испорача томосот за автокефалност на МПЦ ако биде помилуван Јован Вранишковски, во Скопје беше дочекана на нож. Белки не мисли некој дека Николиќ е уличен мангуп, кој ќе го поплука својот збор само и само за да издејствува слобода за некојси проневерител на донирани пари. Па дури и тоа да се случи, што ќе добие, освен недоверба од македонскиот народ и држава кон српскиот народ и држава, кои нема да можат да се повратат со години.

Затоа, се чини, наместо да се однесуваме како бикови со отапени рогови во корида, вреди да си го ставиме прстот на чело. Ако тоа ни помогне да сфатиме дека нашиот црковен спор со СПЦ е пред сѐ со политичко-историска димензија, која во овој момент, освен на Атина, не му служи на никој друг, тогаш сме завршиле голема работа. Впрочем, тирадите за тоа дека меѓу црквите и државите постои некаква апсолутна поделеност, како што минува времето, стануваат сѐ посмешни. Тие, на запад, потекнуваат од стравотното искуство со католичката црква и времето на инквизицијата, а кај нас од времето на социјализмот кога црквата и религијата беа опиум за народот. Патем, едно наградно прашање за сите што се држат до апсолутизмот во оваа сфера: ако двете цркви веќе утре ги повикаат своите верници на војна едни против други, секоја заради одбрана на своите аргументи, дали политиката ќе остане настрана од тоа?

Факт е дека односите меѓу МПЦ и СПЦ ги влошуваат односите меѓу Македонија и Србија и меѓу македонскиот и српскиот народ (нивните православни делови). И кога работите ќе стигнат дотаму, тогаш тоа е знак дека прашањето излегло надвор од просториите со икони и дека во решавањето на тоа прашање стапчето мора да го кренат политичарите.

Автор: Дарко Јаневски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22715

Егати патриотите. Представям си кога дойдат предавниците на власт какво ще се случва.Razmisluva
Без Ботев няма България
29-10-2012, 06:44 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 29-10-2012, 06:44 PM