Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија и Бугарија се' поблиску до заедничка историја?

Како се случи Борис Сарафов да биде единствениот заслужен Македонец за покривот на МНР?

Слободанка Јовановска


Македонија и Бугарија се се' поблиску до славење заедничка историја. Иако општиот впечаток е дека двете страни и натаму спорат околу историските личности, спомениците на Симеон Радев, на Тодор Александров, а од завчера и на Борис Сарафов не' водат во пресрет на барањата на Бугарија во иднина да славиме исти личности и историја.

Дали е тоа така и како се случи Сарафов да биде единствената личност поврзана со Македонија што доби почесно место на покривот на новото Министерство за надворешни работи е тема која вчера ја отворија први бугарските медиуми.

Според агенцијата Фокус, статуата на Сарафов изгледа многу неприродно меѓу Черчил, Аденауер, Вашингтон, Јустинијан и Ганди, која потоа го цитира текстот со кој се објаснува неговата личност „како единствен Македонец претставник“, „контроверзна личност на македонската историја“ и „Македонец кој мислел дека бил Бугарин и станал бугарски офицер“. Откако, според Фокус, не успеал обидот Симеон Радев да биде претставен како основач на македонската дипломатија во, како што се нарекува, „скопскиот Ермитаж“, била поставена фигурата на Сарафов, чија биографија е доволно „тивка“ за да не биде тргнат.

Поранешниот премиер Владо Бучковски не смета дека со овој гест државниот врв прави чекор кон заедничко славење на историјата, туку, напротив, дека се бега од тоа.

„Поставувањето на овие споменици ВМРО-ДПМНЕ го прави заради приближување на своето членство кое го задојуваше со идеите дека меѓу нашите дејци рамо до рамо се и Тодор Александров и Борис Сарафов. Од пиар-аспект, ја голтнавме таа приказна и како што тргнало ќе стане неспорна улогата на Александров и Сарафов, бидејќи се најдоа аргументи зошто да се слават“, вели Бучковски.

Тоа што испадна дека нема ниту еден Македонец освен Сарафов заслужен да се најде на покривот на МНР меѓу Черчил, Моне, Аденауер и други светски политичари, владетели и дипломати, за Бучковски е апсурд.

„Ако не можевме да најдеме некој од периодот кога не бевме држава, можевме од АСНОМ наваму“, оцени тој, посочувајќи ги како такви фигури Димче Беловски и Лазар Мојсов, кои очигледно сега се бело петно на нашата историја.

Стојко Стојков од ОМО „Илинден“-ПИРИН смета дека Сарафов не е контроверзна историска фигура како Симеон Радев, дека имал добри и лоши страни, но најјасно од останатите се изјаснувал како Македонец. „Можеби некои луѓе работат со таа мисла да се дојде до заедничко славење на историјата, но како Македонци не треба да дозволиме нашите историски личности да ни ги присвојуваат соседите“, вели Стојков.

Сепак, тој смета дека спомениците попрво ќе го распалат огнот меѓу двете држави отколку што ќе доведат до некое историско приближување, се' додека Софија сака да ја славиме историјата само како бугарска. Сарафов, според него, бил неосновано маргинализиран во македонската историја.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека станува збор за личности кои се' уште не се доволно расветлени, па поставувањето нивни споменици е избрзано. Според него, прво требаше да се утврди нивната вистинска посветеност за македонската кауза, па потоа да се претставуваат јавно.

„Не е спорно дека многу нешта во нашата историја треба да се преиспитаат и постават во реални рамки, бидејќи во минатиот систем приодот беше доста ригиден“, оценува тој, додавајќи дека, сепак, не го гледа ова како како некакво приближување кон бугарските позиции и како исчекор кон заедничко славење на историјата.

„Тоа не смее да се прави додека Бугарија не расчисти дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, вели тој, оценувајќи, исто така, дека има Македонци од југословенскиот период кои заслужиле да се најдат со статуа на МНР. „Изборот е субјективен, но не е дефинитивен“, вели Никовски, според кого на покривот на новата зграда има уште место.

Професорот Стево Пендаровски не гледа план и концепт на државниот врв околу овие споменици, бидејќи такво нешто има само за антиквизацијата. „Славењето на овие личности може да биде признавање на дел од заедничката историја, но може да биде и причина да се изиритира некој од нашите соседи“, оценува тој, забележувајќи дека за него е спорно тоа што нема официјално објаснување зошто токму тие личности добија статуи на МНР.

„Се работи за криминален начин на поставување декорација на МНР. Никој не кажа досега имало ли комисија која го направила изборот, како се правела селекцијата, кој учествувал во неа. Можеби сите заслужуваат да бидат таму, но не ни е позната процедурата“, коментира тој, додавајќи дека овој е еден од најнетранспарентните потфати од проектот „Скопје 2014“.




Статијата е прочитана 4279 пати.

Испрати коментар

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...E361BDCF71
Без Ботев няма България
25-10-2012, 05:36 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 25-10-2012, 05:36 PM