Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРСKО-МАKЕДОНСKИТЕ ОДНОСИ (2)

Ни треба сојузник, а не нов кочничар


Минатонеделната колумна предизвика големо внимание кај читателите на „Дневник” и беше најчитан и најкоментиран текст за време на викендот. Тоа беше пријатно изненадување за мене затоа што покажа дека во овој момент кај нас, барем во дел од јавноста, постои сосема поинаква перцепција за нивото на македонско-бугарските односи, поинаква од официјалната македонска политичка перцепција...

Да потсетам на почетокот, од ова мое второ продолжение на колумната (ќе има и трето), на последната официјална изјава на нашиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој на брифинг со новинарите пред заминувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк изјави дека не гледа материјал за создавање негативна клима помеѓу Македонија и Бугарија и дека одредени актери кои немаат политичка тежина во Бугарија креирале негативна клима! За жал, според мене, оваа процена на министерот е погрешна, а и пристапот во анализите, кој секогаш бара виновник на другата страна (во Софија), а не кај нас (во Скопје), нè доведува до извлекување погрешни заклучоци.

Во потврда на оваа моја теза ќе искористам цитати од интервјуто кое минатата недела за нашиот неделник „Граѓански“ го даде контрапартнерот на нашиот министер Попоски, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов: „...Добрососедството не може да се постигне со договор. Kога Бугарија ќе види дека Македонија искрено сака да развива добрососедски односи, тогаш ќе има време за сè.. Македонското општество само треба да реши како ќе го гради својот идентитет - гледајќи во иднината или фантазирајќи за минатото! За да ја добијат поддршката од Бугарија за ЕУ и за НАТО, нема да дозволиме никој да се плетка во бугарската историја...”

Се надевам дека и на нашиот министер, но и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, му е јасно дека бугарската поддршка на нашиот пат кон НАТО и кон ЕУ нема да биде безусловна. За волја на вистината, и искуствата на другите држави од регионот, кои веќе се членки на НАТО и на ЕУ, докажуваат дека ретко кој добива безрезервна поддршка од соседите. Така и Словенија беше условувана од Италија при приемот во ЕУ (за враќање на имотите на Италијанците одземени по Втората светска војна), потоа Романија беше условувана од Унгарија (за решавање на правата на унгарското малцинство во Романија), сега пак Хрватска е условувана од Словенија (по изнаоѓањето компромис за Пиранскиот Залив како предуслов за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, сега пред приемот се наметна нов услов од Словенците - Хрватите да се откажат од барањето за обесштетување на поранешните хрватски штедачи во Љубљанска банка). Ние имаме искуство со грчкото условување за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за спорот со името, како предуслов за нашето членство во НАТО и отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ. Затоа треба да бидеме претпазливи и од Бугарија навреме да направиме наш сојузник на патот кон НАТО и кон ЕУ, а не нов кочничар на тој пат!

Дали е тоа можно? Одговорот не е едноставен. Зошто? Затоа што има многу предрасуди кај нас во поглед на искреноста на Софија да биде наш најголем сојузник и лобист на евро-атлантскиот пат. Покрај предрасудите што се присутни кај политичарите (и кај владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и кај опозицискиот СДСМ), уште поголема недоверба постои кај нашите медиуми, кај МАНУ, на универзитетите, кај историчарите...

Во изминатиов период кај нас многу повеќе се говореше и се пишуваше за негативните појави и изјави давани од различни политичари со лимитирано влијание во бугарското општество, како што се контроверзниот поранешен министер Божидар Димитров или, пак, на претседателот на бугарското ВМРО СМНД, Kаракачанов. Нема и немаше теми што нè обединуваат, теми поврзани со сегашноста и иднината, како на пример заеднички инфраструктурни проекти (автопат од Софија до Скопје, железничко поврзување или заеднички енергетски проект, каков што можеше да биде нуклеарката во Белане) или, пак, теми од минатото, некој настан(и) или личност(и) од заедничката историја што би нè обединил!

Читам во интервјуто на министерот Младенов како одговара за инцидентот што го имал бугарскиот амбасадор на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” на 4 мај оваа година: „Добриот пријател би направил заеднички прослави за такви историски датуми...” Оваа негова изјава ме наврати во времето кога бев премиер, на посетата на бугарскиот премиер Станишев на Скопје, во јуни 2006 г. Се сеќавате веројатно, почитувани читатели, дека по таа наша средба, јас дадов изјава дека доаѓа време кога ќе ја градиме заеднички нашата европска иднина, а во тој дух, ќе прославуваме и заеднички историски датуми и личности од минатото! Оваа моја изјава предизвика бура од негативни реакции (пред сè беше критикувана можноста заеднички да го прославуваме Илинден, иако за волја на вистината, јас тоа никогаш не го потенцирав!), пред сè во медиумите, но и во одредени политички кругови, пред сè во мојата матична СДСМ.

Тогаш, најгласен во критиките беше „Дневник” (весникот чиј колумнист сум денес), се редеа десетина дена различни коментари, фрчеа наслови како овие: „Илинден падна на Илинденска б.б“, „Неморално е да се бара заедничка прослава“, „Премиер од Илиенци“ итн. Ќе ми напише тогаш главниот и одговорен уредник на Дневник, Блажевска, дека сум го урнал сето она за кое сонувале генерации Македонци, сум го предал и продал Илинден итн. Што би можел денес да извлечам како заклучок од оваа епизода? Ние, Македонците, дефинитивно, не сакаме да ја делиме прославата на Илинден со никој друг. Добро, да ја задржиме ексклузивноста во прославувањето на Илинден 1903 година. Имаме ли други историски личности и датуми што може заеднички да ги чествуваме? Чинам дека е неспорно, 24 мај, Денот на сесловенските просветители - светите Kирил и Методиј, нè обединува и нас и Бугарите (и кај нас и кај нив е државен празник), но и половина Европа која има словенски корени ги слави солунските браќа. Но, дали има можност да нè обединат други историски личности?

(продолжува)

Владо БУЧКОВСКИ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B8138C36C3...98EA87BD20
Без Ботев няма България
06-10-2012, 01:44 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 06-10-2012, 01:44 PM