Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 05.10.2012, 17:28
ИНТЕРВЈУ СО БОРИСЛАВ ЦЕКОВ, ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА МОДЕРНА ПОЛИТИКА НА БУГАРИЈА

Односите ни се сончеви, со повремена облачност

Да се фалсификуваат бугарските народни песни на браќата Миладиновци и да се каже дека тие се Македонци, да се прогласат бугарскиот цар Самуил и бугарската средновековна држава како македонски или, пак, да се брише името на бугарскиот цар Борис Први од средновековните цркви и фрески и на негово место да се ставаат имиња на српски кралеви, каков што е случајот во манастирот „Бигорски“ или во Охрид, е целосно неприфатливо, вели директорот на Институтот за модерна политика на Бугарија
Јасна Франговска
Разговорот со Борислав Цеков, директор на Институтот за модерна политика од Софија, се случи во време кога латентниот македонско-бугарски ривалитет повторно се разбуди со појавата на најновиот филм „Трето полувреме“, кој според некои оцени од таа страна на границата е - антибугарски. Бугарски европарламентарци поради ова го проблематизираа дури и македонското приближување кон ЕУ. Деновиве бугарската држава подготвува и закон со нови услови за регистрација на политичка партија со што дополнително ја неутрализира можноста на ОМО „Илинден“ да успее во таа амбиција.

Во таква атмосфера е направен овој разговор, кој со одговорите отвора нови прашања.

Официјално, бугарско-македонските односи се оценети како добри. Реално, македонските медиуми, соочени со некои хардкор-реакции од бугарски политичари, ја сметаат Софија за нова можна пречка во евро-атлантското интегрирање на земјава. Kако би ги опишале релациите меѓу двете земји?

- Релациите меѓу Бугарија и Македонија имаат цврста основа, но не се без повремени наоблачувања. Популизмот и национализмот се неблаготворни за добрососедските односи и двата парламента, на Бугарија и на Македонија, треба да ги одбегнуваат таквите тенденции. Факт е дека Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија под нејзиното уставно име. Ова покажа почит спрема суверенитетот и самоопределувањето на Република Македонија. Тоа што им тежи на добрососедските односи е фалсификувањето на историските факти и документи од бугарската историја, што се прави во Македонија. Kога се случува во научни дискусии и интерпретации, тогаш не е проблем меѓу државите. Но, кога таквото толкување е поддржано од владата, тоа неизбежно ги погодува соседските релации. Ниедна држава не може да и се придружи на ЕУ ако има отворени прашања во билатералата со државите–членки. Тоа не е прашање на конјуктура, туку императив што Владата на Македонија не смее да го потценува.

Во Бугарија постои загриженост за статусот на бугарските граѓани во Македонија и за одредени историски прашања. Има ли и други спорни точки?

Членството на Македонија во ЕУ бара одржлива политика на толеранција и гарантирање на правата на сите националности и религии. Тоа вклучува сериозно промислување на ставот на властите во Скопје кон граѓаните со бугарско чувство. Мислам дека изјавата во таа насока што ја даде и известувачот за Македонија Ричард Ховит за време на последната посета на Скопје е силен сигнал што треба соодветно да се чита од македонското Собрание. Апсолутно неприфатливи се инциденти како нападот врз бугарскиот амбасадор на споменикот на Гоце Делчев, навредата на споменот на Мара Бунева и другите форми на нетолеранција.

Kако го коментирате статусот на граѓаните на Бугарија кои себеси се сметаат за Македонци?

Според последниот попис, како граѓани со македонско чувство во Бугарија се декларирале 1.654 луѓе, од кои 1.091 се граѓани на Република Македонија кои имаат статус на постојани жители на Бугарија. Тие ги уживаат сите права и слободи како и другите граѓани на Бугарија. Ова е потврдено и од извештаите за човекови права на американскиот Стејт департмент и од најголемите меѓународни организации за човекови права. Ако имаше проблеми со тоа, Бугарија не ќе можеше да и се приклучи на Европската унија во 2007 година.

Мислите ли дека заедничко читање на историјата, како што ни сугерира ЕУ, е можно? Kако би ги објасниле, на пример, балканските војни?

- Тоа не е прашање на политичка дискусија, но би ги користеле историските документи и нивното педантно читање, според меѓународно признаени научни критериуми и на базични истражувања (and pier review!!!!).

Научните интерпретации и верзии може да бидат создадени, но никој не може да ги фалсификува биографиите, личните податоци, документите и историските извори. Властите во Скопје треба да ги избегнуваат чепкањето (тамперинг) по бугарската историја да стане нешто како државна доктрина на Македонија. Целосно е неприфатливо да се фалсификуваат бугарските народни песни на браќата Миладиновци и да се каже дека тие се Македонци, да се прогласат бугарскиот цар Самуил и бугарската средновековна држава како македонски или, пак, да се брише името на бугарскиот цар Борис Први од средновековните цркви и мурали и на негово место да се ставаат имиња на српски кралеви, каков што е случајот во манастирот „Бигорски“ или во Охрид. За возврат Софија има подоблестно и дезидеологизирано читање на документите и настаните не само за спасувањето на 55.000 бугарски Евреи за време на Втората светска војна, туку исто така и за депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија и од Тракија, што комунистичката историографија со децении ги покривала со тишина.

Има ли говор на омраза во медиумите? Kој профитира од тој гнев?

- Има извесни манифестации на говор на омраза и во Бугарија и во Македонија. Но, мислам дека тие не се рефлексија на вистинските ставови на луѓето во Бугарија и во Македонија. И тука е многу значајно да се поттикне билатералниот дијалог и заедничките инцијативи на невладини организации и медиуми, кои се многу дефицитарни последниве години.

Може ли Македонија да смета на бугарската поддршка во процесот на својата ЕУ-интеграција? Или можеби Софија ќе стане втора Грција за нас?

- Пристапот на секоја поединечна држава кон ЕУ е резултат на исполнување посебни критериуми за функционална пазарна економија, за медиумска слобода, демократски принципи, добри меѓусоседски односи и усогласување на националната законска регулатива со европските закони. Нема спореден влез во ЕУ. Бугарија не може да замижи пред овие критериуми и пред начинот како земјата ги исполнува, наспроти нашиот пријателски однос кон Македонија. Но, Бугарија може да биде многу корисна за Македонија со своето искуство, исполнувања и грешки, зашто веќе го изодела тој евроинтеграциски пат и е полноправен член на Унијата веќе пет години.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...DE15608D8D
05-10-2012, 05:46 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 05-10-2012, 05:46 PM