Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Американскиот интерес за „Белене“ изрежиран од владата на Борисов

Мистериозен конзорциум од САД изрази заинтересираност да ја гради централата „Белене“. Бугарскиот премиер Борисов во март го замрзна проектот и го раскина договорот со Русите, а опозицијата го обвини дека потклекнал под притисоците на САД




Русија бара од Бугарија една милијарда евра поради откажување од проектот

РУСИЈА СЕ СОМНЕВА ВО НАЈАВИТЕ ЗА ОБНОВА НА ПРОЕКТОТ ЗА БУГАРСКАТА АТОМСКА ЦЕНТРАЛА

Русија гледа театарска претстава режирана од владата на бугарскиот премиер Борис Борисов во информациите оти мистериозниот американски конзорциум „Глобал пауер“ сака да ја гради втората бугарска атомска централа „Белене“.

Владата на Борисов во март реши да го раскине договорот со руската државна компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на атомска централа со јачина од 2.000 мегавати во градот Белене на реката Дунав под изговор оти бугарско-рускиот проект ја загрозува животната средина, како и дека е прескап и неисплатлив (трошоците се очекуваше да достигнат 10 милијарди евра).

Непознатиот американски конзорциум „Глобал пауер“ во средата преку својот претставник во Софија, Самјуел Реди, изрази заинтересираност за изградба на „Белене“. Реди посочи дека „Глобал пауер“ преговара со „Атомстројекспорт“, која требаше да ја гради централата, но руската компанија веднаш ги демантира ваквите наводи. Руската корпорација „Росатом“, која е сопственик на „Атомстројекспорт“, изрази сомневање за намерите на американскиот конзорциум и нагласи оти е подготвена да се врати на реализацијата на проектот.

- Од медиумите разбравме за овие важни информации и би сакале да дознаеме повеќе за понудата. „Росатом“ е подготвен да се врати на изградбата, но прво мораме да разговараме за деталите од понудата на приватниот американски инвеститор - изјави Сергеј Новиков, портпарол на „Росатом“.

Тој, според софиската новинска агенција Новините, сугерирал оти понудата на „Глобал пауер“ е поглавје во перформансот „Белене“ на кабинетот на Борисов.

Бугарската влада во моментов е заглавена со тужба од една милијарда евра од Русија поради откажување на проектот. „Атомстројекспорт“ во јули поднесе тужба пред арбитражен суд против бугарското национално електростопанство (НЕК), вредна 58 милион евра, за непочитување на договорот за изградба на централата. НЕК одговори со контратужба од 61 милион евра, а руската компанија ја зголеми сумата што ја бара од Бугарија на една милијарда евра. Бугарските медиуми нагласуваат дека засега е непознато што ќе се случи со тужбата по уфрлањето во игра на американскиот конзорциум.

„Глобал пауер“ преку своите претставници во Бугарија тврди дека е подготвен целосно да ги покрие трошоците за проектот „Белене“, дека не очекува државни гаранции ниту договори за купопродажба на струја. Конзорциумот нагласува оти инвеститорите ќе обезбедат свој капитал од две милијарди евра, а другите осум милијарди евра, вклучувајќи ги и долговите на НЕК, ќе дојдат од други инвеститори. Бугарија ќе добие опција да учествува во проектот, доколку сака.

Референдум

Бугарските медиуми посочуваат оти финансиите и потеклото на конзорциумот и неговите инвеститори и претставници се сомнителни. Софија нагласи дека ќе бара од САД информации за „Глобал пауер“, а од компанијата гаранција од 200 милиони евра.

Во меѓувреме се огласи и Амбасадата на САД во Софија, која нагласи дека американската влада не учествува во никакви дискусии за евентуалниот интерес на американски компании за изградба на „Белене“.

ПРЕЗАВИСНА ОД МОСКВА

Кога Борисов во март објави оти Софија се откажува од атомската централа, опозицијата го обвини оти потклекнал под барањата од Вашингтон, Бугарија да ја намали зависноста од Русија. Најгласна во реакциите беше Бугарската социјалистичка партија (БСП), која ја предводеше владата што во 2008 година потпиша договор за изградба на „Белене“ со рускиот лидер Владимир Путин.

- Одлуката за откажување од „Белене“ е катастрофална грешка, направена под притисок на САД и го осудува единствениот технолошки сектор на Бугарија на бавна смрт. Американците, а не Борисов, одлучија за судбината на „Белене“. Верувајте дека Бугарија ќе биде принудена да увезува струја за 15 години - изјави тогаш пратеникот на социјалистите Румен Овчаров.

Бившиот бугарски претседател Георги Парванов, пак, прогласи крај на нуклеарната енергија во Бугарија ако не се обнови проектот „Белене“ и најави референдум кога БСП ќе дојде на власт. Социјалистите веќе поднесоа петиција за референдум за „Белене“, а бугарските медиуми вчера објавија оти завршила инспекцијата на петицијата со над 540.000 валидни потписи. Според бугарските закони, парламентот е обврзан да усвои одлука за референдум, а претседателот да одреди датум за изјаснување ако петицијата е поддржана со најмалку 500.000 потписи.

По одлуката на Софија да се откаже од „Белене“, московски „Комерсант“ пренесе изјави од неименувани руски функционери што учествувале во преговорите за централата, кои тврдеа оти Бугарија се решила на таков чекор под влијание на САД. Весникот посочи и на тајните американски дипломатски документи што ги објави Викиликс, кои укажуваат дека Амбасадата на САД во Софија и американската компанија „Вестингхаус“ вршеле притисок врз Бугарија. Брисел и Вашингтон изразуваа загриженост дека „Белене“ ќе ја зацементира зависноста на Бугарија од Москва. САД ја повикаа Бугарија да вложи поголеми напори за диверзификација на енергетските извори и да ѝ стави крај на енергетската зависност од Русија. Европската комисија неодамна во извештај побара од Софија повеќе да се ангажира во јужниот гасен коридор спонзориран од ЕУ наместо целосно да се фокусира на рускиот конкурент „Јужен тек“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22692
Без Ботев няма България
29-09-2012, 02:30 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 29-09-2012, 02:30 PM