Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бай Йордан вече го е постнал на друга тема но мислам че е задължително и на тук да го има постирано

БУГАРСKО-МАKЕДОНСKИТЕ ОДНОСИ (1)

Зошто се плашиме од сојузништвото со Софија?


Најпрвин, ценам дека денес односите помеѓу официјална Софија и официјално Скопје се на најниско можно ниво. Зошто е така? Одговорот секако не е едноставен. За мене лично е несфатливо како не успеавме да изградиме пријателски односи со Бугарија, посебно по нејзиниот прием во НАТО и во ЕУ, и да ја направиме да биде наш најголем сојузник и поддржувач на патот на евро-атлантските интеграции. Уште понесфатливо ми е како успеа владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која влезе во седмата година од своето владеење, да дозволи ова да се случи! Претпоставувам дека денешново ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, и на ова прашање, сака да направи дистанца од ВМРО-ДПМНЕ предводено од Љубчо Георгиевски и Доста Димовска. Морам да признаам дека во таква претпоставена ситуација на перење од бугарофилството, имам една дилема: Kаква е, на пример, улогата на довчерашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кој во онаа претходна фаза на ВМРО-ДПМНЕ, во 90-тите, беше отворено предводник на младите вмровци кои веруваа во бугарските корени на нас, Македонците. Но, не е тоа најважно за мојава денешна колумна, имав намера ова само патем да го споменам за помладите читатели, кои не ги паметат тие времиња, а денес немаат можност тоа да го осознаат затоа што е модерно да се ретушира поновата наша историја, посебно периодот на 90-тите години од минатиот век.

Уште нешто за поновата историја. Република Бугарија беше првата држава што ја призна македонската независност и прва воспостави официјални дипломатски односи. Потоа, за време за грчкото ембарго и неможноста да се користи солунското пристаниште, го отвори пристаништето во Бургас за македонската држава и економија, пред с` за снабдувањето со нафта за државните институции и домаќинствата. И на крајот, за време на воениот конфликт во 2001 година, Бугарија им даде максимална помош на македонските безбедносни сили...

Да се вратам во сегашноста. Официјална Софија во последниве година-две, реагираше остро за неколку настани. Веројатно с` започна со фамозното одземање на старателството врз сопственото дете на гевгеличанката Спаска Митрова, која се декларираше како Бугарка, потоа следуваше инцидентот со бугарскиот амбасадор Иван Петков, на 4 мај оваа година во црквата „Св. Спас“, на чествувањето пред гробот на Гоце Делчев и на крајот реакциите на официјална Софија пред да ја видат премиерата на филмот „Трето полувреме“. Kусо да ги искоментирам овие спорни настани. За мене е несфатливо образложението на судот во случајот на Спаска Митрова, со кое се одзема дете на сопствената мајка. Убеден сум дека Бугарија, кога ние еден ден ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, ќе го условува затворањето на нашето поглавје за владеењето на правото со овој случај, користејќи ја веројатно фразата за хармонизација на нашата судска практика со европските стандарди! Понатаму, за мене е неприфатливо премолчувањето од страна на нашите медиуми, но и од страна на политичарите и пред с` интелектуалците, на инцидентот што го имал бугарскиот амбасадор Петков во црквата „Св. Спас“. Според моите сознанија, делегацијата што ја предводел амбасадорот била спречена да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев заедно со другите официјални делегации, па тоа го направиле по завршувањето на официјалното чествување! Морам да признаам дека ова ме потсети на времињата кога нашите медиуми н` бомбардираа со информации за инцидентите што ги имаа нашите официјални делегации, предводени или од нашите амбасадори или заменици-министри за надворешни работи, при чествувањето на гробот на Јане Сандански во Бугарија. Нашите делегации тогаш по правило беа спречувани да му оддадат почит на нашиот великан, пиринскиот цар, од страна на активистите на Kаракачановото ВМРО. Од друга страна, во инцидентот кај нас наводно група од млади националисти ја попречила бугарската делегација.

И за третиот спорен настан, филмот на Дарко Митревски. Според фактичката состојба на теренот, Македонија за време на Втората светска војна била окупирана од фашистичките окупациски сили предводени од нацистичка Германија, но и од нејзините сојузници Бугарија и Италија. Делот од Македонија кој бил окупациона зона на Бугарија никогаш не бил анектиран, затоа што таква одлука во периодот од 1941 до 1944 година нема донесено бугарскиот парламент, како единствен надлежен орган. Второ, неспорно е дека Бугарија е една од ретките (за многумина и единствена) држави што успеаја да ги заштитат од депортација во озлогласените фашистички логори своите Евреи, но од друга страна, нејзината администрација и железница се во служба на фашистичка Германија при депортацијата на Евреите од Македонија.

(продолжува)

Владо БУЧКОВСКИ

Dnevnik
Без Ботев няма България
29-09-2012, 07:20 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 29-09-2012, 07:20 AM