Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија ги чествува туѓите жртви, не ги слави македонските

На 28 октомври на Зебрњак ќе се чествува 100-годишнината од Кумановската битка во Првата балканска војна на највисоко српско-македонско државно ниво. Бугарија ги обнови воените гробишта во Цапари, Беранци и во Ново Село. Подолго време Македонија не може да го чествува Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“ во Србија. Засега нема иницијатива, заедно со одбележувањата што ги организираат Србија или Бугарија, да се одбележи и споменот на македонските војници загинати во Балканските и во Првата светска војна ......

Македонија треба да поведе иницијативи преку кои ќе го одбележи споменот на илјадници македонски војници што загинаа во Балканските војни, исто како што соседните држави Србија и Бугарија им даваат значење на историските настани што се важни за нив. Ова го предлагаат историчарите, по најавата дека на 28 октомври кај спомен-обележјето на Зебрњак ќе се чествува 100-годишнината од Кумановската битка во Првата балканска војна и дека тоа ќе се организира на највисоко државно ниво меѓу Македонија и Србија.

Историски гледано, Македонија од Балканските војни излезе како жртва на балканските сојузници што почнаа војна за наводно ослободување на поробените територии од османлиската држава, а на крајот тие ја поделија Македонија. Од тој аспект, Македонија нема што да слави. Но не треба ниту да стои настрана од иницијативите на соседните држави, кои преку разни одбележувања им оддаваат почит на своите жртви.

Воениот историчар Александар Стојчев вели дека барањето на друга држава не треба да е повод за Македонија да организира и нешто свое.

- Овие настани, особено Првата балканска војна, може да се одбележат во рамките на одбележувањата што ги бараат другите држави. Од друга страна, да се каже и каков бил исходот на тие битки извојувани заедно. Не треба да очекуваме некој друг да ги спомне нашите жртви. Тоа треба сами да го направиме. Во костурницата кај Зебрњак, во која се ставени неколку стотини коски, сигурно дека има и коски од македонски војници. Тоа се факти што не треба да ги запоставуваме и треба да се најде начин да се спомнат - вели Стојчев.

Се претпоставува дека на трите страни, во српската, бугарската и грчката војска, биле мобилизирани од 75.000 до 100.000 Македонци. Во Балканските војни учествувале вкупно околу еден милион и 100 илјади војници. Краен исход на војните се 463.000 мртви.


Македонија им дозволи на Бугарија и на Србија да ги одбележуваат загинатите жртви од Балканските војни и Првата светска војна, на потег се Белград и Софија

Има настани за славење

Историчарот Никола Жежов предлага пандан на одбележувањето на Кумановската битка да биде - Србија да ѝ дозволи на Македонија да го чествува Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“, кој сега е на српска територија. Тоа не е спорно за српските историчари, но проблемот го прави СПЦ, која не дозволува одбележување и српската држава, повикувајќи се на одвоеноста меѓу државата и црквата, не презема ништо во таа насока.

- Второто заседание на АСНОМ е вткаено во поновата македонска историја. Легитимно право на Македонија е да го одбележува овој датум и историски, тоа никој не може да го оспорува. Што се однесува до политичките и црковните прашања, сметам дека за тоа е потребен договор за грижа за културното наследство што би го потпишале двете држави. За одредени настани, историчарите можат да кажат и да и не, но ваквите отворени прашања, како што е одбележувањето на Илинден во „Прохор Пчињски“, треба да се решаваат меѓу двете држави - вели историчарот Бојан Димитријевиќ, научен советник во Институтот за национална историја на Србија.

Според него, Македонија би можела да се вклучи во одбележувањето на настаните од Сремскиот фронт. Тие настани Србија ги чествува на 12 април секоја година. Според Димитријевиќ, на свеченоста обично присуствуваат претставници од поранешните југословенски републики и од боречки организации.

Стојчев раскажува и за други битки по Кумановската битка: за опсадата на градот Одрин, каде што учествуваат Македонци. Потоа, за 15.000 Македонци што од доброволна формација се испратени на фронтот во Тракија наместо на фронтот во Македонија. Во извештајот на Карнегеивата комисија е запишано дека тие намерно се испратени во Тракија за да не бидат сведоци на поделбата на Македонија. Како вредни за спомнување, Стојчев ги набројува и битките кај Нивичани, Присад, Алинци, Крушји Анови, како и кај Сливковскиот и Турјанскиот премин.

Наташа Котлар-Трајкова, претседателка на Здружението на историчарите на Македонија, прецизира дека по Кумановската битка, македонските доброволни чети, селската милиција и другите вооружени формации се движеле пред претходницата на Првата српска армија. На тој начин ги зазеле градовите и селата неколку дена пред да пристигнат српските сили. Македонските сили ги ослободиле Велес, Свети Николе, Штип, Кочани и сите села во околиите. Откако претрпеле пораз кај Калиманци и Кочани, неколку илјади турски војници воделе борба со македонските доброволци за да го спречат нивниот пробив од Штип кон Криволак, штитејќи ја комуникацијата Скопје - Велес - Солун. Движејќи се пред српската војска, кај сртот Мукос на Бабуна, дошло до обединување на македонските доброволни чети со кои командувале српските војводи Воин Поповиќ-Вук, Василије Трбиќ и Јован Бабунски. На овие чети им се придружиле селската милиција и голем број доброволци од околните места, со што бил создаден силен одред, кој четири дена водел борба со една турска коњаничка бригад и со еден жандармериски баталјон. Во борбата на Мукос и Присад, од македонските доброволци загинале 30 борци, а бројот на ранетите не е познат.

- Изворите не даваат можност да се одреди во цифри и во целост учеството на Македонците во составот на српската војска. Но нивното дејствување на авангарда е забележливо во битките (октомври-ноември 1912) за Куманово, Прилеп, Бакарно Гумно, Битола - посочува Котлар-Трајкова.

Соседите го премолчуваат учеството на Македонците

Официјалните историографи на Бугарија и на Грција главно го истакнуваат сопственото учество во Балканските војни и во најголем дел го негираат учеството на Македонците. Негираат и дека Првата балканска војна е поведена за поделба на Македонија. Што се однесува до Србија, од времето на СФРЈ, има научни дела во кои се кажува дека на македонскиот народ му е нанесена неправда со тоа што се прикривал неговиот придонес. Дури и од страна на османлиски команданти е опишано дека учеството на Македонците е големо и дека македонски чети ослободуваат одредени места и подоцна се претходница на српската војска.

- Историографите на земјите-учеснички во војните настојуваат да презентираат аргументи со кои се оправдува нивното учество, победа или пораз, праведност или неправедност. Накратко, сè уште оваа историографија се сведува во најмала мера до апологетика на одредена државна или националистичка кауза - вели претседателката на Здружението на историчарите.

Освен што Македонците оставале коски на своја родна земја, има и македонски гробови во Србија - на пример, се мобилизира војска пред Првата светска војна во српската армија. Македонски полкови учествуваат во одбрана на Србија од нападот на Австро-Унгарија.

- Македонија е богата со воена историја од најстарите војни. Во светските настани нема војна од која земјата не била погодена. Особено во периодот 1912-1918 година се случиле многу настани во кои имало османлиска војска, српска, бугарска, грчка војска... Од македонскиот фронт во Првата светска војна имаме италијански гробишта, германски, француски, британски... Нема светска сила од денешно време што нема што да обележи на територијата на Македонија. Но притоа треба да се кажат и македонските жртви - нагласува Стојчев.

Учеството на Македонците е забележано во историографијата, во мемоари на лица присутни на големите конференции, но не и во меѓународните документи, како што се Букурешкиот договор или Версајскиот договор.

Кумановската битка не е единствениот настан што Македонија им дозволи на соседните држави да го одбележуваат на нејзината територија. Државата, исто така, дозволи Бугарија да ги обнови бугарските воени гробишта во Цапари, Беранци и во Ново Село.

Амбасадите на Франција и на Германија редовно одржуваат комеморации на француските гробишта во Битола и на германските во Прилеп, што е пример за духот на помирување меѓу две претходно спротивставени страни во војните.


На Зебрњак ќе се чествува 100 годишнината од Кумановската битка

Нема регистар за учесниците

Починатиот професор Ванче Стојчев, кој важеше за најдобар познавач на воената историја, имаше неколку иницијативи со кои предлагаше да се подигне споменик на незнајниот јунак, или споменик на сите загинати Македонци во војните, за пред светот да се истакне и македонското учество во војните што ги воделе другите држави.
Засега нема ниту регистар во кој би биле претставени учесниците по име и презиме. Такви податоци можат да се соберат преку архивите или преку мемоари на лица што биле вклучени во настаните. Иако соседните држави ги водат Македонците од тој период како Срби, Бугари или Грци, регистар може да се направи според местото каде тие војници биле родени.

МИРКО ЃОРЃЕВИЌ
На СПЦ ѝ треба реформа

Верскиот аналитичар Мирко Ѓорѓевиќ, кој се смета за еден од најдобрите познавачи на црковните состојби во Србија, е и најгласниот критичар на потезите на Српската православна црква. Неговите ставови се дека СПЦ има огромно влијание врз политичката сила во општеството. Тој смета дека црквата ја водат луѓе што со своите конзервативни сфаќања се во судир со модерните времиња.
Во своите јавни настапи, Ѓорѓевиќ постојано порачува дека на СПЦ и се потребни темелни реформи.
Според образложенијата на српските власти, кај СПЦ е клучот што треба да ги отклучи манастирските порти на „Прохор Пчињски“ за македонска државна делегација таму да го одбележи Второто заседание на АСНОМ.

АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ
Објективно да се толкуваат фактите

Пожелно е од денешен аспект на соживот, на евроинтеграции, на НАТО-интеграции, да има поинаков пристап кон толкување на фактите. Фактите не може никој да ги смени, но може пообјективно да се гледаат. Има елемент, од оваа подадена рака на Македонија, да го земат предвид тоа што го има во документите и ништо повеќе од тоа. Фактите не се политизираат, се решаваат на меѓународни научни конференции, каде што се изнесуваат и нови сознанија и погледи. Да се растоварат сегашните односи, бидејќи историјата не можеме да ја смениме, но можеме да влијаеме на иднината.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22690

Авторът е малко гузен ама накрая пак България излиза виновна Icon_razz

Без Ботев няма България
27-09-2012, 05:16 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 27-09-2012, 05:16 PM