Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

СЕ ПРЕДЛАГААТ ПООСТРИ УСЛОВИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПАРТИЈА
Софија со нова сопка за нашинците


Уште потрнлив станува патот на Македонците во Бугарија за регистрација на нивната партија ОМО „Илинден“- ПИРИН. За да побара партијата да биде регистрирана, македонското малцинство ќе треба да докаже дека има 5.000 члена, наместо 2.500, како што сега предвидува законот за политички партии. На основачкото собрание на партијата наместо 500 члена, ќе треба да има двојно повеќе. Општинските комитети ќе мора да се регистрираат во две третини од општините, а членовите на партиското раководство не ќе смеат да имаат двојно државјанство.

Вака изгледаат новите измени на законот за политички партии во Бугарија, кои ги предложи националистичката партија АТАKА, а кои според Стојко Стојков, претседател на ОМО „Илинден“- ПИРИН, речиси сигурно ќе добијат зелено светло од владејачката ГЕРБ. Стојков за „Дневник“ вели дека измените на законот се штетни за малцинствата во Бугарија оти ги отежнуваат условите за регистрација, а ги олеснуваат можностите за бришење на политичките партии. Ова е причината Стојков да реагира преку писмо до меѓународните организации за човекови права, предупредувајќи дека предложените законски измени се сериозна закана за демократијата во Бугарија. Претседателот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН потсеќа дека официјална Софија неколкупати одби да ја регистрира партијата на Македонците и покрај пресудите од Европскиот суд за човекови права.

„Со особено внимание ги следиме измените на законот за политички партии кој е директно поврзан со обидите на државата да ја спречи афирмацијата и признавањето на македонското малцинство, која може да се постигне преку наше слободно учество во политичкиот живот на државата. Бараме да обрнете внимание на овие опасни тенденции во Бугарија кои се поврзани со недостиг на демократија, како и со дискриминација и одбивање на постоењето македонско малцинство во Бугарија“, напишал Стојков во писмото до Советот на Европа и до повеќе други институции. Тој реагира дека со законските измени може да се збришат помалите партии на малцинствата, што е сериозна закана за демократијата во Бугарија.

- Случајно или не, измените на законот се прават во период кога се знае дека повторно ќе се обратиме до Стразбур - изјави вчера Стојков. Тој објаснува дека законот за политички партии со години се менува паралелно со секоја фаза од битката на Македонците за регистрација на нивната партија. На пример, во 2005 година, неколку месеци пред одлуката на Европскиот суд за човекови права, бројот на членови потребни за регистрација на партијата се зголемил од 500 на 5.000. Во 2009 година, пак, непосредно пред одлуката на Kомитетот на министри на Советот на Европа, за да покаже дека ги олеснува условите, Бугарија го смени законот и го намали бројот на членови потребни за регистрација на 2.500.

Ивана Kостовска

Стразбур ги одби образложенијата на Бугарија
Бугарските судови наведуваат повеќе причини поради кои не дозволуваат регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. На пример, во 2006 година, софискиот градски суд вчераутро одлучил да не дозволи регистрација на партијата, со образложение дека во 25 случаи едни исти лица пополниле 116 пристапници на партијата, а 91 лице не ги пополниле пристапниците своерачно. Потоа дека наводно списокот на членовите е неточен, дека недостигале имиња, матични броеви и адреси на живеење на некои членови.

Во судското образложение имало дури и тврдења дека како симболи на партијата се користеле знаме и грб на туѓа држава. Бугарија досега изгуби шест спора со партијата на Македонците во Стразбур. Судот за човекови права ги одби образложенијата на бугарските судови дека ОМО „Илинден“ - ПИРИН се залагала за сепаратизам, како и дека имала мал број членови.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74EA17...92F1A6C640
27-09-2012, 08:34 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 27-09-2012, 08:34 AM