Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција смета дека средби заради средби водат назад

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Споменувањето на добрососедските односи од страна на еврокомесарот Штефан Филе ја создаде дилемата дали се создава некаков грчко-бугарски фронт кој ќе поставува пречки за Македонија кон членството во Европската унија. Професорот по меѓународни односи на Универзитетот Пиреја, Аристотелис Ѕиамбирис, не гледа такво нешто, бидејќи ова барање според него е дел од стратегијата на грчката дипломатија неколку години наназад. Тој исто така не смета дека такво здружување би и' било од корист на Грција, која во моментов е насочена кон решавање на финансиските проблеми, ниту пак може овие две соседни држави да се прогласат за дежурни виновници за се' што е негативно околу нашата држава, споменувајќи ги како пример невработеноста и рецесијата.

„До еден момент зборувавме за име, одеднаш тоа стана прашање на добрососедски односи“, вели тој, додавајќи дека тоа во Атина се смета за успех на грчката дипломатија. Притоа, тој ја цитира изјавата од 2007 година на тогашната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, со која јасно се посочува дека грчката дипломатија престанала да се фокусира само за името. „Спорот за името со БЈРМ не е само билатерално, туку е и прашање за почитување и имплементирање на добрососедски односи“, се вели во изјавата на Бакојани. Според Ѕиамбирис, овој нов пристап на Грција и' овозможил да понуди аргументи за тоа како Македонија ги „саботира“ добрососедските односи, кои ги замениле старите аргументи поврзани со историјата и културата. „Резултат на ова беше што спорот се прошири и стана поконкретен, што пак негативно влијаеше на евроатлантската перспектива на новата република“, појаснува Ѕиамбирис.

Сепак, тој овој пристап не го гледа само како пречка, туку и како шанса да се решат повеќе прашања одеднаш, односно секое решавање на разликите меѓу двете држави нема да биде само решавање на името, туку и други билатерални теми, кои биле вклучени во сите досегашни пакети за името.

„Целта не е да нема прием во ЕУ, туку ова се користи како лост за да се решат билатералните прашања. Секој сака да има сосед, кој добро ќе напредува за да може да има не само добри политички, туку и економски врски, трговска размена. Последна работа што би ја сакала Грција е да ја види оваа држава да се распадне“, тврди Ѕиамбирис. Затоа, препорачува нашата влада да се фокусира не само на пречките од грчка страна, туку да ги погледне и другите забелешки во извештаите од Европската комисија.

Најавената средба на шефовите на дипломатиите во Њујорк за него е добродојдена, бидејќи не е во ред да нема средби меѓу двете страни, но со забелешка дека тие треба да имаат суштинска агенда и да доведат до напредок. „Потребни се средби. Не е во ред да нема, но не е ни во ред да имаш премногу средби, а никаков напредок. Ако се случува тоа, тогаш има бумеранг-ефект, односно премногу средби без напредок влијаат негативно на билатералните врски. Потребни се средби, но не само средба заради средба, туку да имаат суштинска агенда и да доведат до некаков напредок во односите“, потенцира Ѕијамбирис.

Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FA6BA7DDF...9AC9589CC7
Без Ботев няма България
22-09-2012, 12:37 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-09-2012, 12:37 PM