Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пак някакъв на "ич" е взел присърце добросъседските односи

Македонија пак ги заплетка евробирократите

Со самото квалификување на ситуацијата како спор, еврокомисијата де факто зазеде страна, се разбира онаа бугарската, и останува да видиме дали Софија и официјално поради „спорот“ ќе почне да ни става сопки на патот кон Унијата



Добрососедски односи, добрососедски односи и добрососедски односи! Одекнуваше гласот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе преку македонските медиуми, по средбата со премиерот Груевски. За кратко време бевме збунети и зачудени од неговата горда најава дека, ете, првпат во дијалогот на високо ниво станало збор за добрососедските односи. Како, зошто, на што мислеше еврокомесарот? Но дилемата кратко траеше, бидејќи Филе побрза да се дообјасни - Македонија немала проблем само со Грција, туку ете и со соседна Бугарија. За комплексноста на односите на релацијата Скопје - Софија слушал од кој друг, ако не од бугарските претставници во Брисел. И повторно како, зошто, од каде сега, пак, Бугарија? Во ред, комплексни односи и со Бугарија, без повторно јасно и гласно да се каже што ги прави толку сложени односите. Но приказната не завршува тука.

Најверојатно воден од мотивот за да нема забуни и да ги „разјасни“ работите, ден-два подоцна се огласи и портпаролот на Филе, Петар Стано. Стано за Бугарското национално радио порача дека Европската комисија нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство, кои според него треба да бидат решени преку билатерален дијалог.

- Ние нема да ги коментираме чувствата или интерпретациите на која било од страните. Ако тој филм поставува прашања, ако допира чувствителни теми и ако создава проблеми во односите меѓу двете земји, тогаш тие треба да ги разгледаат тие проблеми и да ги надминат. Не е работа на ЕК да суди или да кажува чии интерпретации се точни, а чии грешни - рече Стано, зборувајќи за македонскиот филм „Трето полувреме“, кој, според одредени политички и научни кругови во Софија, наводно ја искривувал историската вистина и поттикнувал омраза кон Бугарија.

Значи Стано ни го појасни тоа што, очигледно, неговиот шеф немаше доволно храброст да ни го каже додека беше во Скопје, дека покрај оној за името со Грција, сме имале спор и со Бугарија. Е сега, овој вториот очигледно се однесува на, според официјална Софија, проблематичниот филм на Дарко Митревски, кој очекувајќи „напад“ на бугарските новинари, на премиерата во Битола дојде подготвен со историски документи што ги потврдуваат фактите изнесени во филмот. Наместо да ги појаснат работите, европските претставници очигледно само ги заплеткаа работите. Просто зачудува фактот како Стано, кој зборува во име на ЕК, се дрзна да ги квалификува како меѓудржавен спор одредени реакции на бугарски претставници за еден македонски филм. И тоа за игран филм, за едно уметничко дело, а не за документарен филм. Како успеаја евробирократите да наседнат на бугарската приказна и „проблематичниот“ филм да го издигнат на ниво на меѓудржавен спор останува нејасно. А баш убаво му тргна на Стано, дека ЕК нема да зазема страна. Овој дел од реченицата е коректен, но другиот дел, дека станува збор за „спорови меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство“, навистина зачудува. Со самото квалификување на ситуацијата како спор, еврокомисијата де факто зазеде страна, се разбира онаа бугарската, и останува да видиме дали Софија и официјално поради „спорот“ ќе почне да ни става сопки на патот кон ЕУ. Во политиката сѐ е можно, а особено кога таа доаѓа од Брисел, кој под притисок на некои земји-членки час зборува едно, час друго.

И тамам стивна чудењето на првиот дел од изјавата, вториот дојде како шок. Мегашок. Стано за бугарското радио истакна дека „ако евентуална правна експертиза докаже дека филмот е проблематичен, засегнатата страна може да преземе соодветни правни мерки и само тогаш ЕК би можела да ја преземе улогата на чувар на европските договори“. Молам? Правна експертиза ќе докажува дека играниот филм „Трето полувреме“ е проблематичен? Која правна експертиза докажуваше дека Клингонците се во негативна конотација прикажани во мегапопуларната научнофантастична серија „Ѕвездени патеки“. Ах, да, Кронос, клингонската татковина, сѐ уште не е членка на Унијата. Уште повеќе, засегнатата страна - Бугарија - може да преземе соодветни правни мерки, па тогаш и ЕК ќе се вклучи.

Од една чуденка, во друга. Што сака да каже Стано? Во име на Софија најавува тужба за филмот? Портпаролот, наместо да ги доразјасни работите на шефот Филе, ако воопшто тоа му беше првичната намера, само загатна илјада и едно прашање, за чии одговори допрва ќе почекаме. Очигледно, зашеметени од застоениот воздух низ бирократските лавиринти низ Брисел, европските претставници понекогаш не знаат за црвени линии во своите јавни настапи. Не за друго, испраќаат збунувачки и нејасни пораки, па потоа мора самите во повеќе наврати да се дообјаснуваат, а нели тоа не личи на една сериозна дипломатија, како што е европската.

П.С. Денес првпат се одбележува Денот на европската соработка. По тој повод, во Ќустендил македонски и бугарски претставници од програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија организираат „Саем на прекугранични проекти“. Господа од Брисел, тоа се добрососедски односи и соработка.

Автор: Владимир Мијановиќ

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22685
Без Ботев няма България
21-09-2012, 10:49 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-09-2012, 10:49 AM