Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Европската комисија ја советува Бугарија да тужи за филмот Трето полувреме?

Европската комисија најави неутралност во спорот меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство, но во исто време сугерира како да се надминат тензиите по филмот Трето полувреме.

[Европската комисија ја советува Бугарија да тужи за филмот Трето полувреме?]

Во интервјуто за бугарското национално радио, Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле индиректно ја повика Софија да покрене правна процедура за решавање на спорот.

Пораката на Стано доаѓа само два дена откако неговиот шеф Фуле од Македонија побара да најде начин да ги подобри односите со Софија и само три дена откако по премиерата на филмот во Битола бугарските медиуми го намалија интензитетот на нападите против филмот.

Според Стано доколку двете страни не успеат да најдат решение, а евентуална правна експертиза покаже дека филмот е проблематичен, Бугарија може да преземе соодветни правни мерки и тогаш Европската Комисија би можела да се вмеша во спорот за филмот кој зборува за холокаустот на македонските Евреи.

Канал 5 денеска го контактираше бугарското министерство за надворешни работи, но од таму засега нема одговор дали официјална Софија ќе започне правна процедура против Македонија поради филмот на режисерот Дарко Митревски. Доколку тоа се случи тоа ќе биде единствениот пример во Европската Унија една држава да се обиде да забрани уметничко дело.

Горан Момироски

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=96611
Без Ботев няма България
19-09-2012, 07:51 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-09-2012, 07:51 PM