Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Статия - тип вечната жертва

„Клетата“ Македонија и „кутрите“ ѝ соседи

Од кога судските пресуди се делат на минати, сегашни или идни? И каква врска имаат разговорите меѓу еврокомесарот на Унијата и премиерот на Македонија кога е донесена една пресуда, која вака или онака мора да се спроведе или, пак, како во овој случај, најмалку што треба да се направи, да биде земена предвид при преговорите со Грција?



Речиси за неверување е од каде сега наеднаш добрососедските односи станаа критериум за влегување на Македонија во Европската Унија. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, завчера, по средбата со премиерот Никола Груевски, нѐ „искара“ дека Македонија мора да се концентрира на подобрување на односите со соседите.

На што мислеше Филе кога го кажа ова? Со кои постапки Македонија ги загрозува добрососедските односи и што тоа лошо прави за државите-соседи нонстоп да се жалат? Со што Македонија ги загрозува добрососедските односи? Еве на пример со Грција.

Со тоа што именува улици, споменици или аеродроми по имиња на општоприфатени историски личности или со тоа што властите во Македонија, макар и привидно, никогаш не одбиле средба со кој било грчки политичар? Или можеби тоа што Грција не ни ги признава ниту територијата, ниту народот, ниту пак Македонците што живеат таму? Или тоа што како ѓавол од крст бегаат од прашањето за враќање на имотите на Македонците од Егејска Македонија, што е светска цивилизациска практика? Дали Македонија прави проблем од тоа што јужниот сосед одбива да се соочи со реалноста оти Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Грција ја прекршила Привремената спогодба? Македонија само легално бара да се почитува една судска одлука.

„Би сакал хашката пресуда да биде магично решение за решавање на спорот со името, но не е. Таа гледа кон минатото, а ние овде зборуваме за иднината“, изјави завчера Филе по средбата со премиерот Никола Груевски.

Од кога судските пресуди се делат на минати, сегашни или идни? И каква врска имаат разговорите меѓу еврокомесарот на Унијата и премиерот на Македонија кога е донесена една пресуда, која вака или онака мора да се спроведе или пак (како во овој случај) најмалку што треба да се направи е да биде земена предвид при преговорите со Грција!

Ако одиме по оваа логика, тогаш зошто и пресудата на Хашкиот трибунал со која Јохан Тарчуловски беше осуден на 12 години затвор да не биде минато, па и тој да биде ослободен и сите заедно да се свртиме кон иднината?!

Што прави оваа држава за Бугарија да се жали дека Македонија ѝ ги загрозува државните интереси? Со тоа што Македонија легално бара од Бугарија доследно и принципиелно да ја почитува одлуката на судот во Стразбур за регистрација на партијата на Македонците или, пак, со тоа што режисерот Дарко Митревски решил во својот најнов филм да ја обработи темата за прогонот на македонските Евреи во Втората светска војна!? Или, пак, можеби затоа што судот во Гевгелија сметал дека старателството врз детето на бугарската државјанка Спаска Митрова треба да му припадне на таткото-Македонец?

Аххх, оваа „клета“ Македонија што не им дава мир на соседите, па исто така легално, како во односите со Грција и со Бугарија, од Српската православна црква бара да ја признае Македонската православна црква-Охридска архиепископија, која, иако е православна национална црква како и сите други, нема автокефален статус во православниот свет. Како тоа Македонија не гради добрососедски односи со северниот сосед, кога за „мир во куќа“ се откажа од одбележувањето на АСНОМ во автентична атмосфера во манастирот „Прохор Пчињски“, кој сега е на територија на Србија, и мораше на своја земја да прави бледа копија на местото на одржувањето на АСНОМ?

Албанија со години се обидува да покаже дека ги почитува малцинствата, меѓу кои и Македонците, ама кога дојде ред да се спроведе пописот и граѓаните на Албанија да се изјаснат како навистина се чувствуваат, веднаш се отвори проблем. Не само Македонците туку и Грците и Власите од Албанија беа ставени во небрано да решаваат дали ќе се изјаснат како Албанци или, пак, ќе го бојкотираат пописот. Македонија ниту тогаш ниту сега не помисли да се меша во внатрешните работи на земјата, што не може да се каже и за Албанија во нашиот случај.

На крајот ќе излезе дека најдобри односи Македонија има со Косово. Имаме најголема трговска размена, релативно брзо ја признавме како држава, без голема помпа помина и обележувањето на границите. Од постоењето на државата до денес, во овие две-три години немало поголеми проблеми во соработката помеѓу македонската и косовската полиција. Напротив. Но затоа дома со нашите Албанци очи ќе си извадиме. Веројатно за да ја смири тензијата, но и да ни испрати јасна порака, повеќе од кога и да е, беше очигледно дека еврокомесарот Филе од петни жили се обидуваше да најде соодветно одбрани зборови, ем за да нѐ искара ем за да не нѐ навреди.

„И овој пат дојдов загрижен затоа што партиите апелираа на етничката основа на сметка на политичката стабилност и тоа не води никаде“, изјави завчера Филе.

На кого точно мислеше еврокомесарот кога го изјави ова? На ВМРО-ДПМНЕ и спомениците што во последните години никнуваат како печурки или, пак, на СДСМ, кој вели дека ќе ги сруши кога ќе дојде на власт? Или, пак, на ДУИ и на ДПА, кои секогаш кога немаат аргументи за расправа, веднаш се закануваат со сила? Зошто е толку тешко и за Унијата, и за политичарите во Македонија, сите заедно прецизно да ги лоцираат проблемите и работите да ги наречат со нивните вистински имиња?

Филе не кажува како ќе нѐ оцени Европската Унија за сработеното во минатата година. Сепак имал добро чувство. Имам добро чувство дека стапот секогаш има два краја.

Автор: Искра Опетческа

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22683
Без Ботев няма България
19-09-2012, 04:20 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-09-2012, 04:20 PM