Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Брисел повторно бара алиби за да ги одложи преговорите



Брисел повторно бара алиби за да ги одложи преговорите

Други вести
Се создаваат услови за посета на Папата на Македонија
Кралев: Општината Чаир да го слуша инспекторатот
ДУИ чека датум за преговори од Европската комисија
За Хрватите, „Скопје 2014“ е успешен туристички проект
Судот одлучува за судбината на штрајкот на лекарите
Пониски даноци и акцизи, поголемо производство на храна
Највести

„Клетата“ Македонија и „кутрите“ ѝ соседи
За кирија 50 евра, за чистачка 200 евра?!
За Хрватите, „Скопје 2014“ е успешен туристички проект
Брисел повторно бара алиби за да ги одложи преговорите
Што е тоа што треба да го разбереме за Западот?
Се создаваат услови за посета на Папата на Македонија

Коментари и дебати
Искра Опетческа
„Клетата“ Македонија и „кутрите“ ѝ соседи
Од кога судските пресуди се делат на минати, сегашни или идни? И каква врска имаат разговорите меѓу еврокомесарот на Унијата и премиерот на Македонија кога е донесена една пресуда, која вака или онака мора да се спроведе ...

Методи Хаџи -Јанев
Што е тоа што треба да го разбереме за Западот?
Западната политика е заснована на концептот на ширење на демократијата преку универзализација на вредностите за заштита на интересите ...

Мирослав Пендароски
Синдромот мак-депра (македонска депресија) - зачеток (прв дел)
Знам, ќе помислите дека повторно пишувам за неубавите нешта за нас. Знам, ќе велите дека премногу генерализирам, обопштувам, пикам сѐ во една кошница ...

Печати | Прати ја страницата | Врати се назад


Филе во изјава за Радио Слободна Европа порача дека, покрај односите со Грција, сѐ почесто слуша и за комплексноста на односите со Бугарија. Познавачите укажуваат дека, покрај очигледниот притисок на Брисел за решавање на спорот за името, европскиот врв се обидува да најде оправдување зошто нема датум за почнување на преговорите со Македонија, која се очекува во октомври четврти пат да добие позитивен извештај од ЕК




ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ НА МАКЕДОНИЈА НАЈНОВ ИЗГОВОР НА ЕВРОПА

Европската Унија го користи прашањето за добрососедските односи на Македонија за да си создаде алиби за нереализирање на препораката за почнување преговори со нашата земја, која се очекува Европската комисија во октомври да ја даде по четврти пат. Покрај спорот за името со Грција, како можна причина за блокирање на преговорите сега се појавува и Бугарија, која користејќи ги механизмите што ѝ се на располагање како земја-членка на Унијата се обидува да издејствува отстапки од Македонија, оценуваат домашните експерти.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски истакна дека првпат отворено се зборувало и за добрососедските односи, иако тоа досега не беше дел од дијалогот на високо ниво помеѓу Македонија и ЕК. Уште повеќе, Филе во изјава за Радио Слободна Европа вчера порача дека, покрај односите со Грција, сѐ почесто слуша и за комплексноста на односите со Бугарија.

- Слушам голем број изјави од бугарските претставници, кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје. Тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и, ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед - истакна Филе.

Што ни забележува Софија?

Според еврокомесарот, нема дистинкција и сите соседи се важни за земјата-кандидат што сака да се приклучи кон ЕУ. Познавачите укажуваат дека, покрај очигледниот притисок на Брисел за решавање на спорот за името, европскиот врв се обидува да најде оправдување, еден вид алиби, зошто нема датум за почнување на преговорите со Македонија, која се очекува во октомври четврти пат да добие позитивен извештај од ЕК.

- ЕУ сака само да си даде оправдување за нереализирање на препораката за почнување преговори, која ЕК се очекува годинава четврти пат да ја даде. Отворањето на прашањето за добрососедските односи може да се толкува како повторно инсистирање за надминување на спорот за името со Грција - вели Малинка Јорданова од Институтот за европски политики.

Јорданова истакнува дека бугарските пратеници континуирано имаат негативни реакции во однос на одредени прашања кон Македонија.

- Бугарските претставници се гласни во реакциите во Брисел. Треба да се внимава на односите со Бугарија - вели Јорданова.

Познавачите укажуваат дека бугарските претставници во Брисел ретко јасно прецизираат кои се наводните проблематични акции на Скопје што претставуваат проблеми во односите со Софија. Таков е и случајот со бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин, кој пред извесен период порача дека Бугарија мора да ја заостри политиката кон Македонија. Според него, Софија мора да ја преиспита политиката кон нашата земја. Без подетално да образложи во својот настап, Вигенин обвини дека „има нешто погрешно во функционалноста и размислувањето на македонскиот политички систем“.

- Кампањата против Бугарија што периодично се појавува во Македонија е многу остра и позлонамерна од онаа што е насочена против Грција - се пожали Вигенин пред бугарските студенти во европарламентот, без конкретно да ги посочи наводните погрешни чекори на македонските власти.

Официјална Софија имаше остри забелешки дека Македонија наводно ги прекршува човековите права на гевгеличанката Спаска Митрова, која се чувствува како Бугарка, со одлуката на судот нејзиното дете да му се додели на старателство на сопругот, но чувствителноста на бугарските власти за ваков поединечен случај е предимензионирана, сметаат експертите. Особено во споредба на многу помасовното прекршување на човековите права од страна на Софија во случајот на одбивањето да се регистрира партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин.

Особено силни реакции од бугарска страна имаше против филмот на Дарко Митрески „Трето полувреме“, кој е болна рана за улогата на властите во Софија за време на Втората светска војна во протерувањето на македонските Евреи во концентрационите логори на Хитлер. Ова ламентирање над историјата исто така, според познавачите на условите, не би смеело да предизвика какви било проблеми во меѓудржавните односи, зашто станува збор за уметничко творештво, но и за историска вистина, која нема врска со денешна Бугарија.


Обвинувања и провокации одвреме-навреме ја подгреваат атмосферата

Срамота е Македонија да се обвинува

Бившиот шеф на македонската дипломатија Слободан Чашуле истакнува дека станува збор за остварување на долгогодишната стратегија на Софија за изнудување одредени отстапки од Македонија.
- Благодарение и охрабрена од тоа што ЕУ им дозволи на Грција, Словенија, Романија и на Унгарија да ги наметнат билатералните спорови во преговорите со, на пример, Хрватска и Србија, воопшто не е за изненадување Бугарија да се обиде да изнуди некакви отстапки од Македонија.

Според него, тоа не е ништо ново и е дел од бугарската стратегија.

- Ново е тоа што од полето на медиумите и квазиакадемските расправи, таквите бугарски ставови преку европскиот парламент станаа и став на бугарската држава - додава Чашуле.

Познавачите истакнуваат дека Брисел, како и ЕК, во случајот со Македонија, избегнува јасно да ги посочи наводните проблеми во односите на нашата земја со соседите. Според нив, покрај потребата за надминувањето на спорот за името, еврокомисијата воопшто не ги посочува проблемите на Македонија со соседите. Тие укажуваат дека Брисел мора јасно да дефинира што подразбира под добрососедски односи, бидејќи, во спротивно, тие се злоупотребуваат, како што е случајот со грчкиот и, во најава, бугарскиот однос кон македонските евроинтеграции.

- Потребно е да се дефинираат добрососедските односи. По нивното формулирање, треба да се тргнат сите причини што се пречки за добрососедските односи - вели аналитичарот Алберт Муслиу.

По нивното дефинирање, смета Муслиу, нашата дипломатија треба да продолжи на понатамошно развивање на добрососедските односи, додека, пак, политичарите дома да развиваат добрососедска клима. Професорот и поранешен вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски укажува на фактот дека Македонија е пример токму за добрососедските односи во регионот.

- Срамота е Македонија да се обвинува за недостиг од добрососедски односи. Зарем половината милијарда евра што македонските туристи ги оставаат во Грција не се пример за добрососедски односи - вели Боцевски за „Нова Македонија“.

Попоски: Очекуваме поддршка од соседите

Добрососедските односи се логичен дел од европската интеграција. Така било од самиот почеток, така е и сега. Од наша страна, клучно во градењето на тие односи се отвореноста, заедничките инвестиции и поврзувањето. Затоа и се фокусираме на изградба на автопати, железнички пруги, стимулирање проекти што ја поврзуваат соработката преку граница, изјави вчера министерот за надворешни работи Никола Попоски при неговата посета на Кавадарци, за добрососедските односи, прашање што завчера во Скопје го отвори еврокомесарот Штефан Филе.
Попоски вели дека Македонија гради добри односи со соседите, нуди иницијативи и проекти, работи на создавање позитивна клима на Балканот и очекува тоа да биде препознаено во претстојниот извештај на Европската комисија.

Интензивна прекугранична соработка


Пречките не се непремостливи: Груевски и Борисов

Ако се суди според соработката со соседите, особено на локално ниво, каде што се секојдневните и реални потреби и проблеми на граѓаните, земјава одамна требаше да биде дел од Европската Унија. Меѓу Македонија и соседите веќе со години непречено функционира меѓуграничната соработка, особено за луѓето што живеат во населени места во длабочина од 15 до 30 километри внатре во државата. Жителите на овие населени места непречено ја поминуваат границата и за нив важат целосно либерализирани процедури при преминувањето на границата.
Од почетокот на годинава, пак, сите македонски државјани без пасош, само со лична карта, може да патуваат во Србија. Во името на добрососедските односи Албанија и Македонија од неодамна потпишаа билатерален договор според кој и во оваа држава сите граѓани на Македонија (а не само македонските Албанци) ќе можат да патуваат само со лична карта и нема да мора да плаќаат по десет евра за влез, како досега.
Што се однесува до соработката на Македонија со Грција, речиси сите градови на македонско-грчката граница работат на меѓудржавни проекти чија цел е олеснување на секојдневниот живот на граѓаните од пограничните места. Последен поважен настан во името на добрососедските односи беше посетата на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, на општината Битола, при што заедно со градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потпиша декларација за директна соработка и партнерски настап пред фондовите на Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ и ИПА-програмите со проектот „Културни индустрии“.
Не помалку важна е и многу годишната соработката меѓу Македонија, Грција и Албанија за заштита на Преспанско Езеро.
- За да се заштити Преспанско Езеро меѓудржавната соработка е примарна затоа што мора да постои единствен став при настапите во своите држави, а и пред европските институции. За најновиот проект „Заштита на Преспанско Езеро“, иако ќе се работи само од македонска страна, сепак резултатите ќе бидат видливи и во Албанија и во Грција. Имаме целосна поддршка и од двете држави - вели Димитар Сековски, раководител на проектот „Заштита на Преспанско Езеро“.
Ако нема добра соработка меѓу Македонија и Албанија, попусто може да се зборува за заштита на најголемиот извор на вода во регионот, Охридско Езеро и Дримскиот басен.
Уште од почетокот на прогласувањето на Косово за држава, Македонија најде начин како да не ги влоши односите со Србија, а да почне да соработува со Косово. Релативно брзо ја призна државата со која три години подоцна има најголема трговска размена. Без многу помпа помина и обележувањето на границата со оваа најмлада држава во светот.
И.О.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22683
Без Ботев няма България
19-09-2012, 04:13 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-09-2012, 04:13 PM