Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

РУБИК
Пехар за добрососедство


На интернет станаа популарни електронските книжулиња во кои се напишани студии за добрососедството. Ако решите да си купите нов стан или куќа, а имате вишок време за истражување на глобалната мрежа, може да си најдете соседи со совршени препораки. Во Kанада, на пример, не само што се организираат настани за поттикнување на добрососедството туку и се доделуваат награди за оние што гордо ја носат титулата соседи за пример. Советниците за тоа како да се биде добар сосед препорачуваат ако со соседот имате заеднички ѕидови, да не ги сместувате во близина апаратите што прават бучава, како машината за перење или телевизорот, а вашето куче треба да го држите на краток синџир за да не ги вознемирува. Листата со чекори е долга: ако правите забава, културно е да ги поканите соседите, лисјата од вашиот двор не смеат да завршат зад соседската ограда, ако правите скара - оџакот да не биде свртен кон терасата од другата куќа, да ги каните на чај соседите, да се понудите да им ги причувате децата или милениците, да им бидете при рака секогаш кога им треба помош.

Најголемата пародија е што истите нашминкани правила важат и за добрососедските односи меѓу државите.

Kај нас прашањето за добрососедство го актуализира еврокомесарот Штефан Филе при последната посета во Скопје кога побара Македонија да ги подобри односите со сите соседи. Но и претходно добрососедските односи беа тема на дневен ред оти македонската Влада предложи неколку иницијативи за добрососедство кон Грција, за кои грчкиот премиер Андонис Самарас не изусти ниту збор.

Со „другиот сосед“ кој го спомена Штефан Филе, алудирајќи на Бугарија, пред извесно време имаше идеја да се дефинираат правила за добрососедство. Официјална Софија предложи триесетина точки од повеќе области во кои Бугарија сака да ја унапредува соработката со Македонија. Преку ваквиот договор Софија сакаше да ги условува наредните чекори во евроинтеграцијата на нашата земја и да добие механизам за притисок преку кој ќе н` држи во заложништво. Kако што кажа шефот на бугарската дипломатија, Николај Младенов, договорот за добрососедство не бил услов за членство на нашата држава во ЕУ, но ќе го забрзал нејзиното пристапување. Kога Македонија понуди реципроцитетна формула, Софија, барем привремено, го стави договорот во фиока.

Но да ги оставиме предлог-договорите за добрососедство и да тргнеме по чекорите што ни ги нудат советниците. На пример, може ли македонското раководство да биде укорено дека не се однесува добрососедски оти одбива да организира седенки и културно не го кани својот пријател од другата страна на меѓата, Андонис Самарас? Ќе биде ли претерано ако кажеме дека Грците и Бугарите не ги вртат оџаците кон нашата куќа или дека лисјата од својот двор ги туркаат кон нашиот? Kолку врева слушаме од екстремистите од двете земји, потпрени на заедничките ѕидови? Според тоа, на крај мора да прашам: Дали Европската комисија би им дала пехар за добрососедство на Софија и на Атина, онаков каков што си делат на улиците во Kанада? Имаме ли ние заслуга за таква награда?

Во последниот извештај на бугарската влада, кој беше усвоен овој месец, се вели дека нема да дозволи никому да се плетка во нејзините историја и идентитет. Бугарскиот министер за надворешни работи кажа дека документот треба да содржи црвени линии кои нема да може да се преминуваат во билатералните односи.

Од Европската унија треба најдобро да знаат дека добрососедство не се гради со црвени линии. Не се гради преку држење на соседот на синџир. Оти тоа би изгледало како да се обидувате со вашиот сосед да имате добри односи преку висока ограда.

Македонија нема можност да се пресели и да си најде соседи со добри препораки. Затоа, сите треба заеднички да работиме, за да ја носиме тутулата соседи за пример.

Ивана КОСТОВСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=107A93DBD8...A28020D43D

И тая дава своя скромен принос за развитието на добросъседските отношения Icon_razz
Без Ботев няма България
19-09-2012, 12:16 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-09-2012, 12:16 PM