Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Филе прецизира: Имате проблем со Бугарија

Од СДСМ велат дека Филе видел прогрес зошто му е задача како еврокомесар за проширување да шири оптимизам

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе за Радио Слободна Европа прецизира дека новиот проблем се односите со Софија, бидејќи во Унијата сe почесто слуша за комплексноста на односите на Македонија со Бугарија.

„Нема дистинкција, сите соседи се важни за земјата кандидат, за земјата која сака да се приклучи кон Европската унија. Случајот со Грција е очигледен, тоа е прашањето за името кое треба да се реши. Дополнително на тоа, сe почесто слушам за комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број изјави од бугарски претставници кои се осврнуваат врз проблемите во односите меѓу Софија и Скопје. Тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед“, изјави Филе.

Прашањето за добрососедските односи досега не беше дел од дијалогот и еврокомесарот во Скопје најави дека за првпат се отвора и тоа прашање. Во интервјуто Филе истакна дека патот кон ЕУ минува токму низ добрососедските односи и дека тоа е еден од основните копенхагеншки критериуми, кои секоја земја-членка мора да ги исполни, затоа што Унијата сака да се прошири со нови членови, но не сака да ги увезе и нивните билатерални проблеми.

Иако овој аспект од посетата на еврокомесарот беше најударен за медиумите во Македонија, реакциите на политичките партии сепак се вртеа на домашни теми, а пред се околу оценката - не фалеше или не еврокомесарот, т.е. има ли според него прогрес или не во реформите. Од СДСМ изјавија дека како партија не се изненадени од изјавите на Еврокомесарот Филе, бидејќи како комесар за проширување на Европската Унија „тој е задолжен да шири оптимизам кај земјите кои сакаат да станат полноправни членки на ЕУ“.

„ Да не ги заборавиме и изјавите на највисоките преставници на ЕУ чија улога е да не соочуваат со реалноста.Жалиме што наместо порано, Владата во последен момент се обидува да ги исполни задачите од дијалогот, притоа задржувајќи се многу повеќе на формата отколку на содржината. Во јавноста затоа се создава впечаток дека предпристапниот дијалог е многу повеќе формален отколку суштински имајќи предвид дека токму најважните и суштински препораки на ЕУ не се имлементирани во предложените закони, а за жал се нотира само нивното формално поднесување“, оценија вчера од СДСМ.Како пример го наведоа Извештајот за имлементација на рамковниот договор, кој е набројан како постигнување, а денес во Македонија , според оваа оценка, меѓуетничките односи се на најлошо можно ниво во последните шест години.

„Поднесените измени на Изборниот законик не ги содржат суштинските препораки на ОБСЕ и ОДИХР, ниту пак декриминализацијата на клеветата и навредата не можат да бидат замена за очигледниот недостаток на слобода на медиумите. Очекуваме ЕК во наредниот период внимателно ќе ги следи политичките случувања во земјата во контекст на исполнување на критериумите за нашите евроатлански интеграции“, порачуваат од СДСМ. (Н.Р.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...EEC6F5825A
Без Ботев няма България
18-09-2012, 03:37 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 18-09-2012, 03:37 PM