Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПО СТОТИНА ТЕКСТОВИ, НЕ НАПИШАА НИ РЕД ПОСЛЕ ПРЕМИЕРАТА НА "ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ"


Откако се изнаплукаа на невидено, Бугарите ги снема


Со "Трето полувреме" Македонија сака морално да не понижи, вели Спас Ташев, поранешен заменик-претседател на Агенцијата за Бугарите во странство, само еден ден пред премиерата на филмот на фестивалот "Браќа Манаки"


Молк и штама по бугарските медиуми после премиерата на филмот "Трето полувреме". Само во неколку бугарски медиуми е пренесена веста дека филмот е прикажан. И тоа кратко, без никакви коментари и ставови.

"Филмот предизвика скандал уште пред неговото појавување, кога од трејлерот стана јасно дека манипулативно ќе го претставуваат депортирањето на Евреите за време на Втората светска војна, со јавна антибугарска насоченост", пишува бугарскиот "24 часа".

А очекувањата беа дека после премиерата негативната кампања против филмот ќе биде најсилна. Дури и на ден пред премиерата, Спас Ташев, поранешен заменик-претседател на Агенцијата за Бугарите во странство, излезе со интервју насловено "Со Трето полувреме Македонија сака морално да не понижи". Таму Ташев вели дека станува збор за еден груб фалсификат на историјата на фудбалскиот клуб "Македонија", што е инспирирана од Србија. Дури го нарекува режисерот Митревски половина етнички Србин.

"Со филмот пропагандата на комунистичка Југославија, кои некои ја нарекуваат Србославија, денес продолжува да се спроведува во современа Македонија", вели Ташев.
Како и да е, Дарко Митревски викендов во Битола најави дека веќе не се занимава со таа фама, откако покажа архивски документи за страната на Бугарија во почетокот на 1940-тите. Со тоа, тој со факти покажа по чиј налог од своите домови биле собрани 7.200-те македонски Евреи и депортирани во логорот Треблинка каде биле убиени повеќе од 750.000 жртви на фашизмот.
Премиерата на "Трето полувреме" во Скопје ќе се случи на 27-ми септември. Филмот е избран за македонски кандидат за номинација за Оскар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4E0AFD289673...8B30F38CB4

Няма угодия , като плюкаш лошо , като не им обръщаш внимание - още по лошо Icon_razz
Без Ботев няма България
18-09-2012, 05:03 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 18-09-2012, 05:03 AM