Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Дојче Веле: Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија

Приматарова за "Дојче Веле" го наведува примерот со граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, поради кој Љубљана со години го блокираше приближувањето на Загреб кон ЕУ. Според Приматарова, овој граничен спор има јасна правна димензија, додека бугарско-македонските спорови околу јазикот, историјата и културата е тешко да се дефинираат правно


Бугарија сака да го искористи приближувањето на Македонија и Србија кон Европската унија за решавање на некои отворени билатерални прашања, објави германското радио Дојче Веле".
Неодамна, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов изјави дека Бугарија треба да ги дефинира насоките на својата политика кон соседите, во рамките на процесот на евроинтеграција на државите од Балканот, притоа не сакајќи да говори за детали од тие насоки, наведува Дојче Веле".

Како што пренесува Танјуг, радиото потсетува дека минатата пролет во Србија имало негативни реакции на изјавата на бугарската потпретседателка Маргарита Попова, која во обраќањето на една трибина во Босилеград нагласила дека Србија нема да стане членка на ЕУ доколку не ги реши проблемите на своето бугарско малцинство.

Попова тогаш изјави дека Софија би можела да го искористи своето право на вето за да обезбеди почитување на правата на бугарската заедница во Србија.
Бугарскиот политиколог Марин Лесенски во изјава за Дојче Веле" вели дека во планираните насоки гледа добро средство против тензиите меѓу Бугарија и нејзините соседи.
На тој начин од политиката ќе бидат протерани непромислените изјави на владините кругови во Софија и популистичките написи во бугарските медиуми, смета Лесински.
Според него, за историјата треба да расправаат историчарите, а од политичарите се очекува да ги решаваат практичните билатерални и трилатерали прашања, економските и трговските односи, инфраструктурата и енергетските проекти.

Лесенски смета дека Бугарија како членка на ЕУ има обврска во билатералните односи секогаш да постапува одмерено.

Поранешниот шеф на бугарскиот преговарачки тим за членство во ЕУ, Антоанета Приматарова смета дека инструментализацијата на европските перспективи на Македонија и Србија од страна за Софија за решавање на отворените билатерални спорови, би била несоодветна и невкусна.
Приматарова за Дојче Веле" го наведува примерот со граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, поради кој Љубљана со години го блокираше приближувањето на Загреб кон ЕУ. Според Приматарова, овој граничен спор има јасна правна димензија, додека бугарско-македонските спорови околу јазикот, историјата и културата е тешко да се дефинираат правно.
- Се надеваме дека нема да доживееме бугарско продолжение на лудата расправија меѓу Грција и Македонија околу името, потенцира Приматарова.

http://vecer.com.mk/?ItemID=191ED872CF47...0144D91B19

Цедката за коментари днес е широко отворена.

Od 1913 -2013, 18.09.2012 00:06:45
Znaci i vo Srbija ima Tatari...........
18.09.2012 00:06 | (2) | Like

Langer, 17.09.2012 23:21:17
Ebati zivotot koga dojde edna Bugarija da gi ucenuva Srbija i Makedonija.
17.09.2012 23:21 | (3) | Like

крис, 17.09.2012 23:15:51
како тоа Грција и Бугарија, биле примени во ЕУ со толку отворени прашања со соседите? тогаш истите прашања не постоеле, а сега постојат?
17.09.2012 23:15 | (3) | Like

ПС - Има ли ден , когато изявата на денот в про правителствения вечер да не е на някой сърбин ? Нищо против србите , просто търся закономерности.
Без Ботев няма България
18-09-2012, 04:59 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 18-09-2012, 04:59 AM