Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

ПРЕМИЕРАТА НА "ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ", МЕСТО СО СКАНДАЛ, ПОМИНА СО АПЛАУЗИ

Ни трага ни глас од бугарските новинари во Битола
Актерката Катрин Денев беше скржава на зборови на свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки", па добивајќи ја наградата од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кратко кажа само неколку реченици...

Ниту Бугари видовме, ниту пак антибугарски или антимакедонски пораки не се слушнаа во Битола на свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки". Премиерата на филмот "Трето полувреме" беше испратена со бурни аплаузи, а режисерот Дарко Митревски по проекцијата емотивно и се обрати на публиката, речиси со насолзени очи. Иако се очекуваше, и на вчерашната средба со новинарите немаше никакви провокации од бугарска страна.
А официјалното отворање на фестивалот "Браќа Манаки" помина одлично, иако главната ѕвезда Катрин Денев беше скржава на зборови, па добивајќи ја наградата од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кажа дека е првпат во Македонија и дека и е задоволство што е тука и што ја дели наградата со Кристијан Бергер, чија работа ја цени. Дивата на европската кинематографија блескаше на црвениот тепих, а пред свечениот дел го посети и археолошкиот локалитет Хераклеја. (Де.Т.)

Сашко Коцев: Со такси ли да одам до другиот гол?
Позитивен како и секогаш, актерот Сашко Коцев и вчера раскажа кратка приказна, овојпат за тоа како се подготвувал да глуми фудбалер.
"Првпат кога отидов на стадион на тренинг си викам каде е другиот гол. Таму, ми велат. Ау, со такси ли да одам до таму. И секој ден откривав нови мускули. Нови воспаленија на мускули. Мислам дека да не пуштеа против Германија да играме, и против Германија ќе игравме", рече Коцев кој во филмот ја игра главната улога заедно со партнерката Катарина Ивановска.

Дарко Митревски: Имало јавно стрелање на деца
Еден куп документи покажа вчера режисерот Дарко Митревски кои сведочат за бугарската окупација на Македонија, а со цел да ги прекине обвинувањата дека филмот е антибугарски.
"Велат сум ставил нивни знамиња до знамињата од Третиот Рајх. Еве фотографија од знамето на Бугарија како стои до знамето на Третиот рајх. Бев обвинет дека немало јавно стрелање на деца. Еве и список на стрелани деца", рече Дарко читајќи ги имињата на деца од околу петнаесетина години, сите стрелани јавно.
Дарко кажа и дека се правела фама кај чешката Влада за да го укинат финансирањето на овој филм, како и дека на Јутјуб видел лажно монтирано интервју со него.

Денев запали цигара на прес-конференција!
Како што се очекуваше, актерката Катрин Денев, позната како страстен пушач, на вчерашната прес-конференција во Битола запали цигара! Дали ќе плати казна не се знае, но дивата остана доследна на своите убедувања и во Битола покажа дека знае да живее како што сака.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A989C1F8...358E5C8A37

Е „Гной” ОК ли е филмът – допадна ли ти?

Ни трага ни глас од бугарските новинари во Битола...Duel

А трябвало ли е да има трага и глас от бг новинарите?
16-09-2012, 10:26 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 16-09-2012, 10:26 PM