Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Провокации до режисерот Митревски: Дали „Трето полувреме“ е филмска паралела на „Скопје 2014“? (ФОТО)

Солзи, емоции, аплаузи и овации, но и многу реакции и контроверзни ставови, предизвика синоќешната премиера на филмот „Трето полувреме“ на македонскиот режисер Дарко Митревски, со која се отвори 33.издание на Фестивалот за филмска камера во Битола, „Браќа Манаки“.
Приказната за Еврејката Ребека (Катарина Ивановска), која единствена во семејството го избегнала холокаустот, благодарение на љубовта и бракот со Македонецот Коста, кого го игра Сашко Коцев, повлече лавина различни реакции кај публиката и новинарите кои ја проследија премиерната проекција.
Митревски, подготвен, и во очекување на провокации врзани за политичката позадина на филмот, приложи дури и прецизна документација со која, како што рече, се потврдува вистинитоста на сцените во филмот, врзани за односот на Бугарите кон македонските Евреи, за време на Втората светска војна.
Провокациите отидоа до таму што еден од новинарите се изјасни дека режисерот се претворил од „партизан“ во „националист“, а дека филмот е конкретна паралела на „Скопје 2014“, како проекти со слична идеологија, од кои едниот облечен во руво на филмската уметност.
На таа провокација Митревски, кратко и едноставно, одговори дека сценариото и проектот за филмот се создадени многу години пред проектот „Скопје 2014“.
На денешниот утрински прес со новинарите, присутни беа и главните актери, Сашко Коцев и Катарина Ивановска.
Коцев го сподели искуството на градењето на неговата улога, за која рече дека освен физичката подготовка, исклучително важна била и емоционалната. Изјави дека жали што фудбалскиот тим со кој работел на филмот не е присутен таму, и дека истиот бил неверјатно добар за да добие меч и на современите фудбалски игралишта.
Убавата Ивановска, пак, не криеше дека по проекцијата и паднала огромна тежина, особено заради големиот притисок и очекувања од нејзината актерска игра.
- Ми беше страв и имав трема да не ја обрукам тешката улога која требаше да ја изиграм. Но, денеска, после премиерата сум задоволна – рече таа.

Е.Г
Фото: Елена Героска

http://www.plusinfo.mk/vest/57156/Provok...e=daily.mk
Без Ботев няма България
16-09-2012, 08:46 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 16-09-2012, 08:46 PM