Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СОФИЈА ГО ЗАСИЛУВА ТОНОТ KОН МАKЕДОНИЈА

Бугарите влегоа во грчки чевли





Meѓу дипломатите во една балканска земја се зборува дека кога прашале бугарски колега да го коментира однесувањето на Грција кон Македонија, тој дал заканувачки одговор: „Не знаете што с` ги чека од нас!“. Дали тие закани сега стануваат реалност?

На Балканот стана модерно да се демонстрира сила, да се условува, да се покаже кој на која страна е, особено ако едната од земјите е членка на ЕУ и (или) на НАТО, а другата се бори да влезе во двете организации. Македонија тоа го искуси со Грција, а не е исклучено наредната „Грција“ да биде Бугарија, оценуваат македонски дипломати, кои, сепак, не се убедени дека условувањето од Софија би било во иста мера. Meѓу дипломатите во една балканска земја се раскажува дека кога го прашале бугарскиот колега да го коментира однесувањето на Грција кон Македонија, тој одговорил со закана: Не знаете што с` ги чека од нас!

Во серијата изјави од бугарските политичари, последната е од министерот за надворешни работи Николај Младенов, кој во интервју за Бугарското национално радио рече дека бугарските власти нема да го заборават инцидентот од мај годинава, кога амбасадорот Иван Петков беше нападнат во Скопје. На 4 мај, според бугарските медиуми, „македонски националистички хулигани“ извршиле организиран напад против делегацијата предводена од Петков, кога се обидувала да положи цвеќе на гробот на „бугарскиот револуционерен херој Гоце Делчев“. Младенов сега вели дека бугарската влада ќе процени како и кога треба да одговори на таквите провокации. - Ние сме држава, а не само толпа што реагира на провокации што доаѓаат од каде било и не се дел од нашата агенда - рекол Младенов во интервјуто и додал дека неговата земја „е на повисоко морално ниво“ и нема да се обидува да ја претвори историјата во средство за борба против своите соседи.

Сепак, според најавите, до крајот на годинава Бугарија ќе усвои документ во кој ќе се зацртаат основите на бугарската политика кон соседите. Документот ќе содржи „црвени линии“, кои не можат да се преминат во билатералните односи.

- Kако членка на ЕУ, Бугарија не излегува со европска агенда, туку напротив, оди чекор назад и по постапките или односот не се разликува од другите балкански држави. Мислам дека од нив се очекува да покажат европски пристап - вели поранешниот амбасадор Огнен Малески.

Неговата процена е дека ваквиот пристап на Бугарија ќе се интензивира уште повеќе, при што тие ќе останат во своите „ровови“, а ние во нашите. Според Малески, очигледно е дека македонските власти не ја „тераат“ работата со Бугарија како што треба и треба да се запрашаат што направивме ние самите, односно колку придонесовме за ваквата состојба. Затоа, смета тој, министерот за надворешни работи Никола Попоски треба што поскоро да се јави и да договори средба со бугарскиот колега за да ги разјаснат работите.

Во врска со можноста Бугарија да стане втора Грција во процесот на интеграција на земјава во ЕУ, тој вели дека не може да се става знак на равенство, бидејќи проблемот е различен, иако Бугарите влегуваат во таа игра и „не можат да излезат од своите чевли“.

- Точно е дека балканското однесување е од типот кој може да блокира, блокира. Но таквиот однос не е добрососедски. Ни треба дијалог, а не документи со црвени линии. Треба да седнеме на маса, зашто работата ќе тргне во лоша насока - предупредува Малески.

Универзитетскиот професор Владо Поповски вели дека базирајќи се на дипломатските бугарско-македонски односи, владата во Софија нема да дозволи историските прашања да се вклучат во блокирањето на Македонија во нејзината интеграција во ЕУ.

- Kако дел од еден долгорочен историски фолклор на релација на бугарско-македонските односи, не е прв пат од Бугарија да кажат дека ќе покренат барања како услов да се согласи Бугарија, како членка на ЕУ, за интеграцијата на Македонија. Се надевам дека соодветната политичка структура во Бугарија нема да ги покрене барањата поради тоа што во бугарско-македонските односи нема реални проблеми. Тие проблеми што се покренуваат од историски аспект се типични за историски разлики, за полемики или за историски истражувања. Тие не се такви разлики за да може една држава да ги постави како политички услов за влез во ЕУ – смета Поповски.

Македонски дипломат, кој добро ги познава односите со Бугарија, вели дека не би исклучил Софија да примени политика на блокада во Унијата, иако не со иста јачина како грчката со оглед на репутацијата на Бугарија во ЕУ, која не е на високо ниво.

- Но, наместо блокада, Софија може да го отежни нашиот процес на евроинтеграција – вели тој.

Во меѓусебните односи, според него, Бугарите држат дистанца, долго немало посета на висок функционер бидејќи тие ги одлагаат, а причините за ваквото однесување може да се бараат и во процените на Бугарија дека досега ни помогнала многу повеќе отколку што ние сме ~ вратиле. Од друга страна, додава тој, најавата за црвени линии како порака до Македонија може да биде и за внатрешна употреба во Бугарија во однос на чувањето под контрола на тамошниот национализам.

- Сепак, во ситуација кога повеќе земји на Унијата есенва се расположени за доделување датум за преговори за Македонија, не е сеедно каква ќе биде позицијата на Бугарија – вели дипломатот.

Друг македонски дипломат, запознат со односите со соседот, вели дека инцидентот на гробот на Делчев во Скопје е сериозна работа и Бугарите секогаш и тоа кога нам тоа најмалку ни одговара ќе ни го вадат од фиока.

- Во дипломатските кругови се знае за нивните закани за блокада на нашиот пат кон ЕУ. Затоа веќе ништо не смее да се остави на случајност. Ние немаме реална заштита (НАТО или ОН) и треба да внимаваме на нашите постапки - вели дипломатот.

Стојков: Црвените линии се основа за конфронтација

Стојко Стојков, копретседателот на македонската партија во Бугарија, ОМО „Илинден“-ПИРИН, вели дека ова што сега се случува со најавата за црвени линии не е ништо ново и потсетува дека таа кампања почнала откако земјата влезе во ЕУ.

- Реално уште во 2006 година почна да се формира мислење за блокада на Македонија. Министерот Ивајло Kалфин истакна дека бугарската поддршка за Македонија не е безусловна. Софија се плаши дека ако Македонија влезе во ЕУ, како членка ќе бара признавање на македонското малцинство. Од друга страна, црвените линии се основа за конфронтација, но и пречка за слободна научна мисла - вели Стојков.

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5CFEC5D723...E555E63B0A
Без Ботев няма България
11-09-2012, 05:34 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 11-09-2012, 05:34 PM