Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СОФИЈА ЌЕ ЦРТА СВОИ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

Санстефански балони од Бугарија

Токму на Денот на националното обединување на Бугарија, министерот за надворешни работи Николај Младенов од Софија испрати порака дека државата ќе ги формулира во документ црвените линии кон соседите. Аналитичарите во Македонија веднаш реагираа на неговата изјава коментирајќи дека Бугарија повторно јава на санстефанскиот сон.

Младенов, како што пренесоа агенциите, не дал конкретни примери и не ја посочил Македонија, но изјавил дека Бугарија е и секогаш ќе биде отворена земја за гости од соседните земји, за развој на трговските односи и дека секогаш ќе го поддржува проширувањето на ЕУ.

- Но Бугарија не е земја која ќе дозволи да се игра со нејзината историја, со нејзиниот идентитет бидејќи тие се бугарски и не им е местото на политичарите сега да се обидуваат да измислуваат некои толкувања. Сите такви обиди во минатото беа безуспешни, па затоа е важно да гледаме напред, а не назад - изјавил Младенов.

Следната недела ќе се одржи првата редовна средба со амбасадорите во Бугарија од балканските земји во Софија за да се дискутира за документот и целосно да се испитаат односите.

Професорот Ѓорѓи Спасов, поранешен наш амбасадор во Бугарија, вели дека сега е модерно да се зборува за црвени линии, што со други зборови се кажува дека секој има некоја доза на толеранција за одредени прашања.

- Станува збор за една формулација, која повеќе треба да се гледа како наменета за домашна употреба, а да не се разбере како закана - смета Спасов.

Тој додава дека доколку се влезе во историски спор, тешко ќе се излезе и предупредува на можни опасности во иднина.

- Македонија ако сака да влезе во клубот ЕУ, ќе треба да ги почитува европските норми и стандарди, а тоа е пораката што ни ја испраќаат од Софија - истакнува Спасов.

Министерот Младенов изјави дека нема конкретна причина дебатата да започне токму сега, но според него, почетокот на политичката сезона е добро време.

Тој притоа вели дека бугарската држава треба да ги заштити културните, историските, политичките интереси како бугарска држава, кои треба да бидат заштитени во регионот во еден нормален и конструктивен дијалог со соседите.

- Треба да им помогнеме на нашите соседи кои сакаат да одат по истиот пат (кон ЕУ), да го изодат за да може и тие да ги видат придобивките од тоа, да ги почитуваат заедничките принципи, да имаат пристап до заедничкиот пазар на ЕУ и, се разбира, да ја засноваат својата политика на еден конструктивен поглед кон иднината, а не да се копа во минатото, таму каде што е местото на историчарите - истакна Младенов.

Професорот Тодор Чепреганов потенцира дека соседите би требало да си помагаат, а конкретно на нас да ни помагаат за влез во НАТО и во ЕУ.

- Но, ние имаме сосед кој соништата од 19 сака да ги оствари во 21 век, и тоа преку ЕУ - вели Чепреганов.

Тој притоа истакнува дека секој народ без исклучок самиот си ја пишува својата историја и јавно прашува дали нам Македонците треба Бугарите да ни ја пишуваат историјата?!

Но, колку и да не сакаме да копаме по историјата, сепак, од Софија повеќепати е испратена порака и од највисоко ниво дека историјата зазема значајно место меѓу двете земји. Така, на пример, од Софија по изборот лани на новиот претседател Росен Плевнелиев за „Дневник“ беше испратена писмена изјава дека знак оти Македонија сака да ги развива односите со Бугарија би било заедничкото одбележување на историските празници.



Попоски: Градиме мостови со сите соседи

Ние немаме интерес да се препознаваме во последните изјави од Бугарија, коментира вчера за „Дневник“ шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и притоа додава дека тие се за внатрешна употреба.

- Наш став е дека ние сме фокусирани на градење мостови со сите соседи. Во услови на тешка економска криза обезбедивме средства за проекти во Kоридорите 8 и 10 и сметаме дека е тоа вистинската методологија за обезбедување еден отворен простор на Балканот, при што ќе има и регионална соработка. Ние својата иднина ја гледаме со сите свои соседи во ЕУ - изјави Попоски.


Христо Ивановски #

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CF656A4571...916889402C
Без Ботев няма България
07-09-2012, 04:57 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 07-09-2012, 04:57 AM