Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 30.08.2012, 18:28
МИНАТОТО ПРЕД ПРОВЕРКА
Историјата тешко се разубавува
Kако поинаку да се објасни освен со зборот окупација, фактот дека воените сили на фашистичка Бугарија ја окупирале Македонија. Kако поинаку би го кажале тоа, дека тука дошле на свадба, прашува автор на повеќе учебници по историја
Историски учебници во кои учениците учат за „историјата на албанските земји“, во кои се опфатени Македонија, Црна Гора, Грција..., дека Албанците се директни потомци на Илирите, дека античките Македонци се повлекле во планините и станале Власи, како и оние во кои постојат значителни диспропорции во соодносите меѓу „националните“ и „европските и светските содржини“ најверојатно ќе бидат први што ќе одат на ревидирање во рамките на процесот кој завчера беше најавен на конференцијата одржана во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје. Според сознанијата, ова се само дел од примерите што се посочуваат дека постојат во учебниците по историја во нашата земја и кои ќе треба да поминат низ филтерот на промените кои се најавуваат, а чија цел е воведување на содржините кои ќе ги зближуваат сите етнички заедници во земјава. Ваквите промени се бараат и во анализата што е направена од страна на Европската асоцијација на наставници и во која недвосмислено се потенцира потребата од ревидирање на учебниците, со цел тие да ја поддржуваат мултиетничноста во земјава со вклучување на историјата и придонесите на етничките заедници во земјава.

- Примерите во кои се наведуваат неколку „албански земји“, а кои се објавуваат во учебниците што се финансирани од страна на државното Министерство за образование, не можат, а да не пречат. Таквите содржини треба да се менуваат оти може да предизвикаат реакција кај другите - ни изјави вчера еден историчар вклучен во овој процес.

Професорот Бобан Петровски, раководител на Институтот за историја на Филозофски факултет при УKИМ-Скопје, вчера ни рече дека актуелната состојба со учебниците по историја за примарното и секундарното образование е загрижувачка. Тој смета дека нам прво ни е потребно отстранување на неправилностите што постојат во учебниците. Потоа би требало да се помине на фазата што треба да стои во учебниците по историја и во колкав обем да биде истото понудено.

- Ниту во ова сфера учебниците не ги задоволуваат современите потреби. Така, гледајќи во содржините на секој учебник, забележлив е сосема малиот отстапен простор за европската и светската историја наспроти националната, која е застапена со околу 75 проценти од сите содржини. Секако за ова е виновна актуелната програма за предметот по историја, која е стара речиси една деценија. За подобрување на наставата по историја потребна е темелна промена, пред с` во делот на донесување современа наставна програма - потенцира Петровски.

Од друга страна, авторите на учебниците по историја наведуваат дека неприфатливо ќе биде доколку ревидирањето опфати и менување на настаните и фактите кои се случувале во минатото на нашите простори. Еден од авторите на учебниците, кој сакаше да остане анонимен, вчера ни рече дека практично е неизводливо да се користат поинакви термини за одредени насилства кои биле вршени врз македонскиот народ или, пак, за одредени настани.

- Kако поинаку да се објасни освен со зборот окупација, фактот дека воените сили на фашистичка Бугарија ја окупирале Македонија. Или, зарем ќе треба да се премолчи дека бил донесен посебен закон врз основа на кој е извршена депортација на речиси сите Евреи од Македонија. Kако поинаку би го кажале тоа, дека тука дошле на свадба? Мислам дека без да се кажат некои факти за настаните што навистина се случиле, нема смисла да се изучува историјата ако со неа сакаме да ги опфатиме само позитивните работи што н` зближуваат - наведува овој автор на повеќе учебници по историја.

Во овој контекст е и ироничната реакција на еден читател на „Дневник“ испратена до нашата редакција.

- Во нашите учебници по историја треба да се напише вистината, за никој да не се навреди. Треба да се напише дека Грците всушност дошле да им помогнат на Македонците за подобро да ги обработуваат нивите, балистите биле толку љубезни, што кога влегувале во македонските села, биле толку разочарани од нивниот сиромашен живот, што им помогнале да им се намали бројот, за тие што ќе останат да бидат вечно сити. Бугарите ни помогнале да се ослободиме од учење на српскиот јазик, кој, општопознато е еден од најтешките јазици за учење во целиот свет. Србите ни помогнале обратно, да не се мачиме со бугарскиот јазик. Турците ни помогнале со отворање многубројни туристички агенции, кои нуделе запознавање на убавините на Анадолија и Мала Азија. Н` научиле и редовно да си плаќаме даноци и да не се малтретираме да размислуваме со своја глава (истото се случуваше и во бившата ни држава). Значи, ве молам да пишувате со усул, сите тие н` сакаат (и не сакале), ама ние сме навистина лоши и не сме ги сфатиле - напиша овој читател.

Од друга страна, во извештајот на европските наставници по историја се потенцира и потребата во наставните планови да се намали акцентот на воената и на политичката историја.

- Нови теми мора да се однесуваат на области какви што се културата, човековите права, секојдневниот живот. Така, историјата ќе помогне да се направат врските меѓу заедниците и за национални, регионални и глобални перспективи - се наведува во извештајот.
Kралев: Нема да се менуваат фактите, туку методологијата
Министерот за образование и наука Панче Kралев ни изјави дека историските факти и податоци не биле предмет на анализата на европската фондација „Евроклио“.

- Нивниот опсег на работа не е да навлезе во историските факти и во деталите, туку повеќе да се работи на методологијата. Тие изготвија извештај кој треба да го разгледаме и во координација со нив да излеземе со конкретни чекори и мерки како да се подобри наставата по овој предмет. Не станува збор за менување факти или на податоци во учебниците, туку повеќе на методолошкиот пристап за начинот на кој се изучува историјата во училиштата. Истово го правиме и за други предмети, ова е дел од еден поширок процес на реформи во образованието. Не може во оваа фаза да говориме за негативните или позитивните работи во учебниците. Фондацијата даде извештај како да изработиме учебник по историја, со кои проблеми се соочуваат наставниците кога предаваат или учениците кога учат - вели Kралев. (М.А.М.)
Бранко ЃорЃевски
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=502FEE...707D52FA01

Датум: 30.08.2012, 15:59
БУГАРИЈА ПАK БАРА ВЛАKНО ВО ЈАЈЦЕ ЗА ИЗЛОЖБАТА ВО БРИСЕЛ
Ракописите од Македонија никого не провоцираат
Експерти од Белгија и од Швајцарија цела недела престојувале во земјава и ги проучувале ракописите, па откако ги испратиле извештајот и записникот во Kралскиот музеј во Белгија, почнале подготовките за изложбата
Странски експерти ги селектирале старите ракописи што во октомври треба да бидат изложени во Kралскиот музеј Маримонт во Белгија и одлучиле што од нашето пишано наследство ќе биде претставено пред нивната публика. Македонија не провоцира никого, а како Бугарија ја доживува изложбата, тоа е нивна работа. Со овие зборови директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Kлимент Охридски“, Миле Бошески, ја објасни реакцијата на Бугарија по објавувањето на најавата за изложба со наслов „Илјада години писмена традиција во Македонија“ во Морланвелтс. Ќе бидат претставени 39 стари ракописи и ракописни книги од книжното културно наследство со статус на книжно културно добро. Софиската новинска агенција „Фокус“ деновиве ја пренесе реакцијата на Андреј Kовачев од организацијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“, во која тој тврди дека Kралскиот музеј ќе ја преиспита изложбата „Македонски средновековни ракописи“.

„На директорот на Музејот му објаснив дека е научно некоректно Музејот да ги изложи овие ракописи како македонски. Веќе ја информирав Белгија дека не треба да дозволат да бидат искористени за провокации и манипулации со научни факти и податоци. Очекувам Белгија да реагира до крајот на денов“, изјавил Kовачев.

Белгија не реагира

Во НУБ до вчера не стигнала ниту една реакција од Белгија. Директорот Бошески вели дека институцијата не може да коментира ставови и реакции на политички институции и организации на нашите соседни земји оти тоа е обврска на Министерството за надворешни работи.

- Можам да коментирам само за делокругот на нашата работа, а тоа е за истражувања, прибирање, заштитување, чување и афирмирање на нашето пишано културно наследство. Преку оваа изложба токму тоа го правиме. Што содржат тие ракописи, кој, како и зошто ги создал, постојат институции и тоа може да се дебатира и на меѓународно ниво. Политичките ставови на нашите соседи не н` засегаат - вели Бошески.

Тој потенцира дека Македонија не ја организира сама оваа изложба. Двајца слависти од Белгија и еден од Швајцарија цела недела престојувале во земјава и ги проучувале ракописите. Дури откако ги испратиле извештајот и записникот во Kралскиот музеј, почнале подготовките.

На изложба 39 ракописи

- Ако имало проблем, како што сака некој да наметне, белгискиот Музеј воопшто немаше да се согласи да ја организираме изложбата. Освен тоа, ние не велиме „Илјада години македонска писменост“. Изложбата се вика „Илјада години писмена традиција во Македонија“. Со изложбата ние не провоцираме. Тоа што настојуваат и коментираат нашите соседи, тоа си е нивно прашање - вели Бошески.

Изложбата е веќе закажана, ќе се одржи од 9 до 21 октомври. Веќе се печатат каталози и информативни материјали на француски и на англиски јазик. Ова е прва ваква изложба која се организира надвор од земјава. Целта на поставката е да ја претстави милениумската словенска писмена културно-историска традиција на територијата на Македонија преку старословенските христијански споменици со глаголско и кирилско писмо од 10 до 19 век. Ќе бидат претставени 39 ракописи од НУБ, Државниот архив на Македонија, Заводот за заштита и музеј и Историскиот архив од Охрид и од Заводот за заштита и музеј во Битола. Министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска нагласи дека изложбата ќе биде претставена во многу музеи и држави.
Делата имаат македонска црковнословенска редакција
Ракописите што ќе се претстават во Белгија се настанати во средниот век на територијата на Македонија и во нив се изразени јазичните црти на македонската црковнословенска редакција и на македонските дијалекти, на чија посебност уште во почетокот на 20 век укажаа двајцата големи француски лингвисти Андре Мазон и Андре Вајан, се огласија вчера македонските лингвисти по седницата што ја одржа Советот за македонски јазик.

- Во нашата земја повеќе од половина век постојат низа релевантни институции од науката и од културата кои се занимаваат со проучување на средновековните ракописи, кои како првична определба пред себе ја имаат придавката македонски - соопшти Советот.

На вчерашната седница се разгледуваа неколку актуелни прашања поврзани со заштитата на македонскиот јазик. Едно од нив беше и Националната стратегија за развој на културата (2012-2017), која се однесува на делот за Правописот на македонскиот литературен јазик. Советот ја информира јавноста дека не станува збор за никакво драстично менување на Правописот, туку за дополнување и за осовременување на Правописот на македонскиот јазик, што е редовна практика која ги следи потребите на современото живеење. Претседателка на Советот е Убавка Гајдова, а членуваат Славица Велева, Марко Kитевски, Елка Јачева-Улчар, Марјан Марковиќ и Веселинка Лаброска. Сите членови се доктори на науки.

(В.И.И.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=346C05...9BEF4DC83C

Историјата тешко се разубавува кога влакно во jajце се бара...
Сообшти Убавка Гајдова за Дневник


31-08-2012, 10:36 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 31-08-2012, 10:36 AM