Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 29.08.2012, 15:24
РАСТЕ БРОЈОТ НА ГОСТИ ВО ИСТОЧНА МАKЕДОНИЈА
Малеш доживува туристичка ренесанса

Подемот на Берово и на Малеш сигурно би бил уште побрз ако се отвори граничниот премин Kлепало. Од бугарска страна има ветувања дека патот ќе почнат да го градат в година за кога се најавува дека ќе биде реактивирано и одморалиштето „Малешево“ на брегот на Беровското Езеро
Бројот на регистрираните ноќевања во хотелите, мотелите и во викендичките во Берово во последните три години е зголемен за шестпати. Хотелите, мотелите и речиси сите викендички во трите туристички населби во Берово во втората половина на август се полни со гости и со туристи, кои присуствуваат на многуте манифестации, што во седумилјадниот град се одржуваат пред и за празникот Голема Богородица. Од година на година с` потешко е да се најде место во сместувачките капацитети и во текот на целото лето. Туристите полека ги запознаа природните убавини на Малеш, па ги има во с` поголем број, а и беровци стануваат повешти и поискусни во туризмот. Туристичката ренесанса што почна пред неколку години со отворањето неколку нови хотели и мотели и со опремувањето на спа-центрите во „Манастир“ и во „Аурора“ продолжува со изградба на нови туристички капацитети.

- Сега најмногу се гради во правец, за жал, на с` уште неотворениот граничен премин со Бугарија, Kлепало. Очекуваме тој повеќегодишен проблем да се реши, од другата страна на границата да почне да се гради патот и конечно да биде отворен преминот, што ќе значи многу за туризмот, за врските меѓу луѓето, но и за вкупниот економски развој на општините од двете страни на границата – вели Драги Наџински, градоначалник на Берово.

Веста дека нешто конкретно се работи на решавање на проблемот и од бугарската страна ја потврди градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев, кој деновиве престојуваше во Берово на манифестациите „Малешевијата на дланка“ и „Етно-плоштад фестивал“.

- Неотворениот премин ни создава големи маки. Ако се отвори, од Струмјани до Берово ќе се стигнува за половина час. Со колегата од збратимената општина Берово се договоривме пак да се обратиме до надлежните бугарски и македонски министерства за проблемот да се реши што побргу. Од бугарска страна до преминот не се направени 15 километри. Половината од него треба да почне да се гради напролет, а ќе правиме напори, преку заеднички проект на двата погранични региона, веднаш потоа да се изгради и преостанатиот дел, како и да се ревитализира патот од Берово до Kлепало – истакнува Илиев.

Асфалтниот пат од Берово до Kлепало во должина од 17 километри беше завршен пред 15-ина години. Тогаш од македонска страна беше изградена и современа погранична зграда, која заеднички треба да ја користат и македонските и бугарските царински и погранични служби. Но, патот од другата страна на границата остана ненаправен.

Постои реална надеж дека наскоро ќе се реши уште еден сериозен проблем – неработењето на туристичкиот комплекс „Малешево“, сместен во најатрактивниот шумски предел, на самиот брег на Беровското Езеро. Kомплексот, составен од детско одморалиште и од повеќе бунгалови за возрасни, поради повеќегодишен судски спор за приватизацијата, не работи и пропаѓа, а вработените се ни на небо ни на земја, без плати и придонеси.

- Судот конечно одморалиштето „Малешево“ му го врати на Министерството за транспорт и врски. Министерот Спиро Ристовски н` посети во април и вети дека комплексот од мај ќе почне да се реновира за да биде рестартиран, со што ние би се вратиле на работа. Но, оттогаш немаме никаков абер и не е преземено ништо – се жали Методи Билјарски.

Градоначалникот Наџински вели дека со решение на Врховниот суд неколкугодишниот судски спор бил завршен, а Министерството за труд и социјална политика, кое ќе го стопанисува комплексот, со негово реновирање ќе почне оваа зима.

- Првпат во Берово и во „Малешево“ дојдов пред седум години. Ваква убавина нема никаде. Државата и Општината треба да се срамат што ваков објект не работи. Додека работеше, секое лето одморот го минував во „Малешево“. Сега доаѓам пак, ноќевам на приватно и како и многу други очекувам одморалиштето пак да биде отворено – вели пензионерот од Скопје Чедо Гелевски, кого, како и многу други вљубеници во природата, деновиве го затекнавме во високата борова шума покрај „Малешево“.
За три години шестпати повеќе ноќевања
Во Берово во 2008 година биле евидентирани 5.000, а лани биле регистрирани околу 30.000 ноќевања за кои е платена туристичка такса. Поради опремувањето на спа-центрите во хотелите „Аурора“ и „Манастир“, Берово е номинирано и веројатно деновиве ќе биде ставено на картата на најважните балкански спа-дестинации.

- Очекуваме туристичкиот подем и бројот на туристи и на ноќевања да продолжи. Веруваме дека наскоро ќе се реши и проблемот со неработењето на хотелот „Македонија“ во центарот на Берово. Тој беше купен од скопска фирма што не се занимава со хотелиерство, а потоа даден под хипотека, која сега банката ја активирала, па се очекува да биде објавен оглас за негова продажба. Очекуваме да го купи сериозен инвеститор, кој ќе знае хотелот да го стопанисува – вели градоначалникот Наџински.
ЉупЧо Шатевски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...42659AFED6

От Струмяни (това всъщност са две села – Микрево и Огражден) до границата са повече от 30 км. Пътят е в лошо състояние. Гръцката фирма, която трябваше да го прави фалира отдавна... Кршиакът замря. Някакви гърци обикаляха да снимат църквите преди време и това беше туризма. Но има какво да се види – запазените стари църкви, невероятната гледка към Пириин – Кончето и Вихрен са ви в краката..., а сега и фото-волтаиците...Но днес отварянето на този премин ще си е чиста проба егзотика – да не обикалят местните кметове през Благоевград или Петрич, но както и да е - няма лошо.

Но пък след като отдавна изпуснахме солунската царница защо да не помечтаем за тази в Клепало поне...
31-08-2012, 12:08 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 31-08-2012, 12:08 AM