Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

30.08.2012, 16:23
Скандал со сида го тресе Сергеј Станишев
Функционер на бугарските социјалисти изјавил дека социјализмот, како и сидата се пренесуваат исто - по полов пат или како наследство
Членови на Бугарската социјалистичка партија на Сергеј Станишев, кој се кандидира за лидер на Социјалистичката група во Европскиот парламент, испратиле писмо до Брисел во кое ги предупредуваат европарламентарците да размислат добро пред да гласаат за него, бидејќи додека во Европа продава ум, во Бугарија се однесува како шеф на Гестапо. Повод за ова гневно писмо е „скандалот СИДА“, кој ја тресе партијата на Станишев, дотаму што и неговите бараат да не биде европски социјалистички лидер.

Страстите ги зовре поддршката што Станишев му ја дава на медиумскиот секретар Антон Кутев, кој јавно го споредил социјализмот со сидата, изјавувајќи дека тој и оваа болест имаат нешто заедничко, се пренесуваат по полов пат или како наследство.

„Во Европа Станишев говори умно со сите левичарски клишеа, се претставува како трудољуб, воздржан е и здодевен. Во Бугарија, пак, овој човек е опседнат со идејата да остане на власт по секоја цена. И наместо да побара оставка на човекот кој ги оцрни левите вредности, тој го бранеше во посебна декларација“, се вели во писмо испратено до Брисел. „Очигледно Станишев на бугарска територија се манифестира како шеф на Гестапо“, се вели на крајот од писмото, па се повикуваат членовите на оваа група во ЕП да размислат пред да гласаат во септември, кога претстои изборот за претседател на европската левица.

Освен на контролната комисија во партијата, социјалистите побарале расправа за изјавата и на пленум на кој ќе му се наложи на Кутев оставка од сите партиски функции, објави директорката на комисијата Маја Манолова. Таа додаде дека партијата излегла со едногласно мислење во кое го повикува Антон Кутев веднаш и недвосмислено да се извини на социјалистите поради споредбата. Манолова ја оцени изјавата на колегата како глупава и навредлива и му препорача во иднина „да брои до 10 пред да се обидува да биде оригинален“.

На Кунев се жалеле и младите социјалисти од Софија и партиски разграноци од југозападна Бугарија, но Манолова била категорична дека контролната комисија нема да воведе казни за несоодветни шеги или непристојни зборови, бидејќи по оваа логика и други ќе заработат по некоја. Таа ги повикала своите колеги да престанат со преголемо ширење на темата, бидејќи тоа не е во корист на БСП.

И покрај апелот, група социјалисти подготвуваат протест в понеделник со барање Кутев да се повлече од сите функции во партијата. Тој е член на извршната канцеларија и секретар за медиумската политика.

Скандалот го искористи премиерот Бојко Борисов за да и' се потсмева на БСП.

„Наредив да се изработи и да се испрати упатство до сите структури на ГЕРБ, во кое им се објаснува на членовите на партијата како да се заштитат од ХИВ/БСП. Многу е важно да се избегнуваат секакви контакти и да се преземат сите мерки на претпазливост за да се избегне зараза со СИДА/БСП. Особено откако стана јавно добро нивното откритие за напредната болест и деформациите во оваа партија, иако стигна до 100-годишна возраст“, изјави Борисов.

„За шеги се казнуваше во некое друго време и се надевам дека БСП одамна заборавила на тоа“, реагираше Станишев. Според Кутев, нормално е децата на социјалистите да влезат во партијата само поради своите родители. Како пример Кутев се споменал себеси и ќерката Мина, која сега има 16 години. (Н.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=356D9...9600C218C6

А не - Бранко е крив...Иначе Станишев човекът бистри голямата лява политика в Южна Африка в момента.
30-08-2012, 11:59 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 30-08-2012, 11:59 PM