Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 24.08.2012, 15:10
ЕВРОПСKИ ПАРИ ЗА ПРЕKУГРАНИЧНА СОРАБОТKА

Ќе се гради велосипедска патека покрај Kрива Река
Околу 300.000 евра ќе бидат инвестирани во Kрива Паланка од финансиската поддршка од вториот повик на ИПА-програмата за прекугранична соработка. Средствата се наменети за два нови проекта, кои ќе се реализираат во партнерство со соседната Општина Ќустендил од Бугарија. Целта на проектите е подобрување и унапредување на квалитетот на живот преку искористување на природните ресурси и културни вредности и богатства.

- Еден од проектите е изградба на велосипедски патеки за граѓаните и за посетителите на двете погранични општини. Вредноста на овој проект е 495 илјади евра, од кои за Kрива Паланка се наменети 248 илјади. Проектот, кој трае 15 месеци, предвидува изградба на велосипедска патека покрај речното корито на Kрива Река, во должина од 1.200 метри, која ќе се протега од спортскиот комплекс до Градскиот парк во централното градско подрачје - истакнува координаторот Сашко Додевски.

Во рамките на овој проект ќе се изработат и база на податоци и студија за заштита на природните ресурси во прекуграничниот регион, со предлог-мерки за унапредување на животната средина, информативна кампања и работилници од оваа област, на која ќе учествуваат по 20 учесници од двете соседни држави.

Вториот проект „Kултурното наследство на нашите предци-духовен столб на нашата заедничка европска иднина“ опфаќа заштита и разумно користење на материјалните и нематеријални културни богатства и вредности, како ресурс за одржлив социо-економски развој и културна размена помеѓу Kрива Паланка и Ќустендил. Според проект-координаторот Милан Митовски, ќе бидат воспоставени и нови контакти од областа на традиционалните уметности, занаети и јадења, популаризирање на културното наследство и на културните вредности, како и други настани и фестивали од областа на културата.

Проектот вреди 97 илјади евра, од кои на Kрива Паланка, како партнерска општина, ~ припаѓаат 44 илјади евра.
Жаклина Цветковска
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...358DB0E21A

Итар Пеjo не беше ли от Крива Паланка...
25-08-2012, 06:47 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 25-08-2012, 06:47 PM