Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

12.08.2012, 15:04
Времето ја прегази пругата на Коридор 8

За довршување на железничкиот Коридор 8 низ Македонија треба да се изградат над 150 километри пруга

Сања Наумовска

Пругата од Бељаковци до Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8 може да се изгради за помалку од три години, а не за пет како што се предвидува во проектот. Според најавите, до 2015 година консултантска компанија треба да изработи детален проект за железничката делница и да спреми тендер за избор на најповолен понудувач за изградба. Градежните работи треба да почнат во 2015 година и да завршат до 2020 година.

Железничката делница е долга само 35 километри, а конфигурацијата на теренот е поволна, што значи дека нема потреба од трошење двојно повеќе време за нејзина изградба, коментираат експерти. Единствениот услов за забрзување на работите се финансиите. Според експертите, развлекувањето на изградбата на железничкиот Коридор 8, значи само уште една потврда дека тој и понатаму не се наоѓа високо на листата на приоритети за инвестиции. Велат дека за довршување на пругата до границата со Бугарија треба да се доизградат уште 23 километри до преминот Деве Баир. Ако и за нив планираниот период за изградба биде 5 години, тогаш ќе треба да чекаме цела деценија за воз да помине по пругата.

„Период од една деценија за изградба на 50-60 километри пруга е недозволиво. И тоа во мала земја како нашата, каде на пример Коридорот 8 треба да има вкупна должина од 317 километри. Со каква динамика тогаш треба да градат земји каде растојанијата меѓу два града се мерат во стотици, па и илјадници километри“, коментираат експертите.

За довршување на железничкиот Коридор 8 низ Македонија треба да се изградат над 150 километри пруга. Веќе постоечката линија до Кичево треба да се поврзе со албанскиот град Лин, а на исток, Куманово со Бугарија.

„Зацртаните временски рамки за изградбата на делниците од Коридорот 8 никако не смеат веќе да се поместуваат, бидејќи тоа би значело огромни загуби за целокупната економија и развој“, смета Верица Данчевска, професор по Сообраќајна политика и транспортна економика на Техничкиот факултет во Битола. Таа нагласува дека инвестицијата во железничкиот Коридор 8 е еден од најзначајните елементи на сообраќајната политика при вклучувањето на Македонија во европските сообраќајни текови. Иако со задоцнување, одлуката за изградба и реконструкција на овој коридор е за поздравување и охрабрување, бидејќи ова е една од стратегиските цели на сообраќајната политика на земјата, вели Данчевска.

Пругата од Бељаковци до Крива Паланка ќе се гради со пари обезбедени од ЕБОР во висина од 50,5 милиони евра. Проектот опфаќа реконструкција на веќе изградената инфраструктура и целосно довршување на делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Како што најавија од Министерството за транспорт и врски, се очекува проектот да биде кофинансиран и од страна на Европската инвестициска банка. Владата за делницата преку финансискиот инструмент Вестерн балкан инвестмент фрејмворк обезбеди грант, односно неповратни средства во висина од 5,2 милиони евра. Од овие средства 2,5 милиони евра се за вршење надзор на изградбата и 2,7 милиони евра за ангажирање на консултанти за изработка на основните проекти и тендерската документација.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3883D...CCC884497C

Пруга - тука има - тука нема...
13-08-2012, 09:54 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 13-08-2012, 09:54 AM