Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

10.08.2012, 17:29
Остра реакција на Николај Младенов
И бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Младенов, се налути од изјавите на Тодор Петров, па вчера со официјално соопштение го повика да ги заборави аргументите од времето на Коминтерната, без да му се обрати нему директно, туку на целата македонска јавност. Соопштението, што според бугарските медиуми, е најостро досега, и во него Младенов за првпат го посочува како политички репресиран Бугарскиот културен клуб во Македонија, а нашето малцинство го конвертира во „граѓани на РМ“.

„Реакциите во македонските медиуми по изјавите на пратеници од Европскиот парламент во врска со кршење на човековите права на граѓани на Република Македонија, што се самоопределуваат како Бугари, предизвикуваат оправдана загриженост. Додека целиот регион сe пресметува со комунистичкото наследство, парадоксално звучат обидите да се извлечат историски аргументи од периодот на Коминтерната. Идеологизацијата на историјата не му помогна никому, ниту пак реши ниту еден значаен социјален и економски проблем. Нашите соседи и пријатели ќе добијат многу ако гледаат напред и градат иднина на државата во Европа, место да гледаат во минатото низ призмата на надминати идеолошки конструкции.

Неприфатливо е систематски да се врши притисок и да се пројавува нетолерантен однос кон законски регистрирани организации во Република Македонија, како Бугарскиот културен клуб - Скопје, чија дејност е поврзана со заштита на човековите права, владеењето на правото и има за цел да ги зближи двете соседни земји. Убедени сме дека прифаќањето и спроведувањето на демократските вредности ќе создаде услови за економски просперитет, добрососедски односи и заедничка европска иднина“, стои во соопштението на Младенов.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=79AAF...51C2F547D5


10-08-2012, 11:37 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 10-08-2012, 11:37 PM