Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

09.08.2012, 17:43
Бугарија си најде Божидар во Македонија
Божидар Димитров го прашува Тодор Петров да не е бугарски шпион, зашто се' уште немал презиме на вистински Македонец
Полемиката што ја предизвика изјавата на Тодор Петров дека во Бугарија има се' само не Бугари, се претвора во летна забава меѓу двете држави, која не би била вредна внимание ако не исфрли еден битен факт на површината - дека главниот тон во односите меѓу двете држави не го даваат политичките гарнитури, туку луѓе закопани во историјата од таа и оваа страна на границата. Пократко кажано, со Петров Бугарија си најде свој „Божидар Димитров“ во Македонија, и двајцата блиски до властите, а вооружани со факти и реторика кои, ако продолжат да ги користат во досегашниот стил, толку ќе го банализираат „македонското прашање“, за јазикот, малцинството, идентитетот и историјата што нема ни да има потреба да се решава.

За да покаже колку се апсурдни за него ставовите на Петров, кој пак реплицираше на ставовите на европарламентарецот Андреј Ковачев дека нема Македонци во Бугарија, Димитров го праша лидерот на Светскиот македонски конгрес нели е време да си го смени презимето и место со бугарски -ов да добие презиме со македонски -ски, бидејќи такви се тие на вистинските Македонци.

Она што ги испровоцира најмногу бугарските дежурни критичари на ставовите од Македонија беше оцената на Петров дека во Бугарија само Ромите и Турците не се Македонци, а тие не се малцинство, туку мнозинство во таа земја, па вистинското прашање, според него, е дали, всушност, има Бугари без македонско потекло во Бугарија? Сакајќи со нивни камен да им врати по глава, Петров успеа да ја сврти дебатата на бугарски терен и околу нивното непризнавање на нашето малцинство, јазик и култура, нешто за што пак заработи епитет „ултранационалист близок до партијата ВМРО-ДПМНЕ“.

Неговиот став дека основата на „Балканите“ е Македонија и дека не живееме на Балкански Полуостров, туку на Македонски, од Димитров и медиумите таму беа оценети како „растегнување на границите на лудилото“ и последна пропагандна перверзија од Македонија, или подобро како што ни се обраќаат сега - БЈРМ или Скопје. „Прво мислев дека му е од температурата, дека излегол без шешир и без бела облека на оваа горештина и дека долго се шетал на скопскиот плоштад и ги загледувал статуите изградени последните шест години. Но, се замислив и заклучив, можеби е во право околу некои прашања“, му реплицираше Димитров, дежурен политички „хуморист“ на оваа тема во Бугарија. Па, карикирано се согласува со Петров дека Балканскиот Полуостров можеби треба да се вика Македонски, бидејќи планините по која го носи името не се протега надвор од Бугарија и ја поцртува нејзината хегемонистичка ролја во минатото. И дека Европа носи грчко име, па и таа најдобро да се вика македонски континент, а бидејќи иселеници во Канада, САД и во Русија, главно, дошле од нашиот континент и целата северна полутопка може да го добие тоа име, покрај целиот азиски континент, каде што се' уште живее македонски цар. Како автор на теоријата за трите раси, бела жолта и македоноидна, Димитров го прашува Петров да не е, сепак, инфилтриран агент на бугарската државна безбедност во македонското општество, поради фактот дека се' уште носи „бугарско“ презиме.

Ваквата полемика вчера никој не сакаше да ја коментира во Македонија, а главната порака беше дека двете држави, ако сакаат добри односи, треба да го издигнат многу повисоко од ова нивото на полемика меѓу нив. Дали ваквите настапи влијаат на јавноста во двете држави е дилема која, исто така, остана под прашалник, со оглед на фактот дека во Бугарија, на пример, ваквите изјави и контраизјави се вртат во еден ист тесен политичко-медиумски круг од се' понепопуларниот Красимир Каракачанов, развластениот Божидар Димитров, Андреј Ковачев од ГЕРБ и онлајн-весникот „Новините“, кој со обемот на историја и политичка пропаганда што го користи во текстовите, како и свртеноста кон меѓународна јавност, како да е пишуван од и за интересите на Бугарската разузнавачка служба. За потсетување, тоа е истиот медиум кој по убиството во Смилковци пишуваше дека во Македонија етничките конфликти кулминираат од час на час и дека за нејзино добро треба превентивно да се подели, како и прв кој во Бугарија почна да го користи името БЈРМ иако Софија не' призна под уставно име. Кратко кажано, на формално ниво Македонија и Бугарија се во мирни води, на подземно се' уште владее бура. (Н.Р.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=08973...B6B6D3792B

В лицето на Тодор Петров България си намери своя "Божидар Димитров"
13:29 | 10.08.2012 | 1855 прочитания
Размер на текста

Полемиката, предизвикана от изявлението на Тодор Петров, че в България има всичко, само не българи, се превърна в лятно забавление между двете държави, което не би заслужавало
внимание, ако не извади на повърхността един съществен факт – че главният тон между двете държави го задават не политическите гарнитури, а хора, закопани в историята от тази и от другата страна на границата, коментира македонският "Утрински весник" в петък, цитиран от БТА.

Накратко казано, в лицето на Петров България си намери своя "Божидар Димитров" в Македония, и двамата близки до властите, но въоръжени с факти и реторика, които, ако продължат да използват в досегашния стил, толкова ще банализират "македонския въпрос" за езика, малцинството, идентичността и историята, че няма да бъде необходимо той да се решава.

За да покаже колко абсурдни за него са становищата на Петров, който пък реагира на позицията на евродепутата Андрей Ковачев, че няма македонци в България, Димитров пита лидера на Световния македонски конгрес не е ли време да си смени фамилията и вместо с българско окончание -ов, да получи фамилия с македонско окончание -ски, тъй като такива са истинските македонци.

Истинският въпрос според Тодор Петров е има ли всъщност българи без македонско потекло в България. С желанието да им върне с техните камъни по техните глави, Петров успя да обърне дебата на български терен и около непризнаването от тях на нашето малцинство, език и култура, с което си спечели епитета "ултранационалист, близък до партията ВМРО-ДПМНЕ".

Вестникът цитира реакцията на Божидар Димитров по повод казаното от Петров, и го нарича "дежурен политически хуморист" по тази тема в България.

Никой в Македония вчера не пожела да коментира тази полемика, а главното послание беше, че двете държави, ако искат добри отношения, трябва да издигнат на много по-високо от това нивото на полемика между тях, пише вестникът.

Дали подобни изказвания влияят на обществеността в двете държави е дилема, която също остава под въпрос с оглед на факта, че в България, например, тези изявления и контраизявления се въртят в един и същи тесен политическо-медиен кръг, от все по-непопулярния Красимир Каракачанов, отстранения от властта Божидар Димитров, Андрей Ковачев от ГЕРБ и онлайн вестника "Новините", който с обема на история и политическа пропаганда, използван в текстовете, както и с насочеността си към международната общественост като че ли е списван и за интересите на българската разузнавателна служба.

Да припомним, това е същата медия, която след убийството в Смилковци писа, че етническите конфликти в Македония кулминират с всеки час и че за нейно добро трябва превантивно да се раздели, както и първата медия в България, която започна да използва името БЮРМ, въпреки че София ни призна под конституционното ни име. Накратко казано, на официално равнище Македония и България са в мирни води, но под земята все още бушува буря", заключава "Утрински весник
http://www.mediapool.bg/в-лицето-на-тодо...96152.html


Стојко Стојков: Петров падна многу ниско!

Според копретседателот на ОМО „Илинден“-Пирин, лидерот на СМК со негирањето на Бугарите не им помогнал, туку им одмогнал
Слободанка Јовановска

Аман не брани не' - индиректно кажано е пораката од копретседателот на ОМО „Илинден“-Пирин, Стојко Стојков, до претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, по неговата изјава дека во Бугарија има се' само не Бугари, а Македонците не се малцинство, туку мнозинство. Оваа политичка полемика на релација Бугарија и Македонија, според Стојков, не им помага на Македонците во соседството, бидејќи не може да се бориме против негацијата со иста таква политика од наша страна.

„Не можам да го прифатам ниското ниво на оваа актуелна полемика. Од неа ние немаме некоја корист, туку обратно. Одговор на негацијата не може да биде негација. Штета е што Тодор Петров одговори на бугарските коментари на ваков начин“, изјави Стојков за „Утрински весник“. Според него, полемиката покажа дека дијалогот за отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија моментно е безнадежен, бидејќи политички профили како лидерот на тамошното ВМРО, Красимир Каракачанов, и ексминистерот за дијаспората, Божидар Димитров, ги држат овие теми во „заробеништво“.

„За жал, во Бугарија сериозните и умерени луѓе не се занимаваат со темата Македонија и таа е препуштена на екстремисти и припадници на комунистичката државна безбедност, како Каракачанов и Димитров. Таа е претворена во зона за сомнителни луѓе со екстремистички идеи, па сите чесни луѓе бегаат од неа. Затоа, не мислам дека каков било дијалог во оваа фаза е возможен, бидејќи тој практично треба да се води со екстремни националисти и агенти на државна безбедност. Тоа е сосема безнадежен дијалог“, оценува Стојков. Како илустрација, потсетува дека новинската агенција Фокус, која постојано држи фокус на Македонија, е сопственост на поранешен припадник на Бугарската служба за разузнавање, Красимир Узунов, кој е во тесни врски со гарнитурата околу експретседателот Георги Прванов и е еден од новите богаташи во Бугарија.

Каков е, пак, реалниот интерес во бугарската јавност надвор од овој политички и мемдиумски круг за спорните прашања со Македонија, Стојков не може да каже, но гледа намерна тенденција проблемите да се подгреваат.

„Очигледно има силни групации кои се стремат да креираат, да ги подгреваат и ескалираат конфликтите и да го вртат бугарското општество против Македонија. Целта, претпоставувам, е да се подготви општеството за блокирање на македонската евроинтеграција“, вели Стојков. Во тој контекст тој го гледа однесувањето и изјавите на европарламентарецот од владејачката партија ГЕРБ, Андреј Ковачев, чија изјава за непостоењето македонско малцинство во Бугарија ја загреа полемиката од двете страни на границата.

„Изјавата на европратеникот Андреј Ковачев е скандалозна - еден европски пратеник тврди дека Бугарија нема малцинства, односно дека е чиста нација. Тоа е на чекор до фашизмот. За жал, такви изјави даде при својата посета во Скопје и министерот Николај Младенов, така што зборуваме за официјална позиција, скандалозна за земја-членка на Европската унија и потписник на Рамковната конвенција за малцинствата“, коментира тој.

За потсетување, Бугарија изгуби осум случаи во Судот за човекови права во Стразбур како резултат на одбивањата да ја признае ОМО „Илинден“-Пирин и да дозволи политичко здружување и дејствување на Македонците во Бугарија. На последниот попис се појави, но експресно беше избришана графата за македонско потекло откако беше дочекана како скандал во медиумите и во политичките кругови. Летово во Софија се одржа дебата за односите со Македонија која покажа дека освен тврдоглавите структури, сепак, има умерени и европски ориентирани политичари во Бугарија кои бараат на поинаква основа од таа досега да се градат односите со нашата држава, но нивните ставови се' уште се во втор план.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CF030...EEC650B0C3

Луд умора нема - само се поти...
10-08-2012, 11:20 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 10-08-2012, 11:20 PM