Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9

Велјановски: Посилните ќе притискаат да ги прифатиме бугарските ставови

Историчарот Новица Велјановски, еден од најистакнатите македонски експерти, со кого разговаравме за препораката на Европскиот парламент Македонија и Бугарија во заедничка комисија да ги решава комплицираните теми од образованието по историја, предупредува на опасноста од можни злоупотреби од европската политичка елита, од политизација и притисок врз Македонија.
Барањето за македонско-бугарска комисија по историја според Велјаноски е поттикнато пред сè од политички, а не од научни причини.

- Мислам дека таа препорака нема да значи ништо бидејќи ставовите во однос на историските настани и личности со бугарската историографија се спротивставени и тешко е, ако не и невозможно, да се постигне заедничко гледање. Бугарија сè уште не престанала да го негира постоењето на македонската нација, јазик и историја сметајќи ги Македонците како Бугари.

За кои историски периоди најмногу би се кршеле копјата меѓу македонските и бугарските историчари?

- Од средновековието тоа е односот кон Самоиловата држава. Ние ја сметаме за македонска средновековна држава, а Бугарите за бугарска. Самоил го сметаат за Бугарин бидејќи тој правел обиди да се обнови старата бугарска држава во Македонија. Сличен е и односот кон македонските просветители св. Кирил и Методи, св. Климент и св. Наум Охридски, кои во Бугарија се сметаат не за словенски, туку за бугарски просветители. Спорен е периодот на преродбата од крајот на 18 век. Речиси сите преродбеници и културнонационални творци, како на пример Миладиновци, Жинзифов, Цепенков, Прличев и други, бугарската историографија ги смета за бугарски преродбеници. Тоа не го прифаќа македонската историографија. За периодот на Втората светска војна спорно е прашањето дали Бугарија како припадник на Хитлеровата коалиција во текот на Втората светска војна изврши окупација на Македонија или пак присоединување на „свои“ територии и исправање на историската „неправда“ кон Бугарија од минатото. Тоа за Македонија не е прифатливо бидејќи според меѓународното право, освојувањето територии на други држави во војна се смета за окупација. За периодот по 1994 година се смета дека Македонија на Првото заседание на АСНОМ во 1994 година е конструирана и создадена на антибугарски национални основи, што упатува на тоа дека, според нивното гледање, требало да биде составен дел на бугарската држава.
Во бугарската наука се тврди дека македонскиот народ не бил прашан за својата иднина, туку насилно бил втурнат во југословенската федерација. Всушност, нема период што со нешто не е спорен во историографијата на Бугарија и на Република Македонија.
Имаме ли ние доволно стручен кадар, имаме ли документација што би ја користеле во „справувањето“ со бугарските историчари?

- Имаме доволно кадри. Во документацијата сме малку хендикепирани бидејќи поради непостоење држава што би се грижела за културното наследство на Македонија се изнесувани документи и артефакти што денес се наоѓаат во соседните балкански држави или на други места во светот.

Со оглед на негаторската политика на соседна Бугарија и големите разлики во толкувањето на историското минато очигледно е дека несудена ќе биде заедничката комисија по историја? Како да се најде вистинското решение за овој проблем?

- Мислам дека нема потреба од таква комисија. Тие прашања треба да ѝ се препуштат на науката. Тоа се прашања што не се решаваат преку ноќ и со една комисија, туку со тек на време и со спротивставување на аргументите. Има и други земји во светот (на пример, Турција и Ерменија), кои имаат спротивставени гледања за некои прашања, па тоа не може да го реши комисија. И во развиената Европа има спротивставеност по одредени прашања (Германија и Чешка и Франција и Германија и др.), па никој не им формира комисија за решавање на тие прашања.

Здружената комисија е по барање на бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов. Нејзината задача ќе биде толкување на историските настани, зголемување на соработката на академско ниво и подобрување на ставот што младината го има кон своите соседи. Господине Велјановски, сака ли Европа да нè натера да ја учиме историјата на бугарски начин?

- Формирањето комисија е политички потег, не научен. Таква опасност постои. Секогаш поголемите држави им ги наложуваат своите ставови на помалите. Типичен пример е „проблемот“ со името на нашата држава. Кога бевме во рамките на Федеративна Југославија, никому не му пречеше тоа име и тоа не асоцираше на територијални претензии. Уверен сум ако ние бевме поголема и посилна држава, Грција никогаш не ќе го поставеше прашањето за името како проблем. Нешто такво може да се очекува и со формирањето на комисијата за прашања поврзани со Бугарија. Ќе се бара да преговараме , но да ги прифатиме бугарските ставови.

Стојанка Митреска

http://www.mkd.mk/9306/makedonija/interv...e-stavovi/
08-08-2012, 06:00 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Филибе - 08-08-2012, 06:00 PM