Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9

....Александар Србиновски - вчера написа:


Грчки план за инвазија на Македонија

Уште од времето на Студената војна, нешто повеќе од шеесет години, сѐ уште во сила е грчка стратегија за воено навлегување во Македонија, која предвидува заземање територија во длабочина од најмалку 40 километри од нашата граница кон нашата држава! Оваа информација за „Нова Македонија“ ја тврдат двајца добро информирани соговорници, едниот пензионирано воено лице од врвот на АРМ, а вториот експерт по безбедносни прашања, кои побараа да останат анонимни. Ваквото сценарио за воена инвазија на Македонија досега трипати било во можност да се примени, а последен пат било за време на воената криза во 2001-та, за што дознаваме и од документите од досието на Николче Бабовски од Битола, кои ги објави Комисијата за верификација на фактите, а за кои пишувавме во „Нова Македонија“.
Во суштина, станува збор за разработен воен план, кој своите корени ги влече од педесеттите години на минатиот век, за време на Студената војна. Имено, објаснува еден од нашите соговорници, оваа воена доктрина е развиена од НАТО, а нејзината примарна односно првична намена не била уништувањето на Македонија, туку заштита на земјите-сојузнички од можна агресија на Варшавскиот комунистички блок предводен од СССР.
- Имено, иако Југославија во тоа време се декларира како воено неутрална земја и не била таргетирана како директна закана од Алијансата, сепак НАТО неа ја перцепира како можен непријател. Според тогашните пресметки, на воените аналитичари главните битки помеѓу НАТО и Варшавскиот пакт, ако некогаш се почнела светска војна, би се одвивале генерално во Западна Германија, објаснува соговорникот.
Злоупотребена доктрина за НАТО
Токму поради ова, вели изворот, на помош на западните држави требало да им пристигнат војските на најистурените НАТО-земји, односно Грција и Турција. Тие токму преку Македонија и преку Вардарската долина требало да ја минат нашата држава и странично или, пак, од зад грб да ги нападнат армиите на комунистичкиот блок држави.
- Со текот на времето, оваа оригинална доктрина на НАТО добива целосно различен концепт и е злоупотребена. Тоа е така, бидејќи овие воени податоци дополнително се разработени од грчката страна и профилирани во нивни цели насочени против Македонија - објаснува соговорникот.
Во 1992 година, сегашниот премиер на Грција, Андонис Самарас, во јавноста претставува грчко-српски план за дестабилизација на Македонија. Планот е наречен „Самарасова клешта“ и тој имал два стратегиски потези. Првиот бил економски притисок на Македонија, преку воведување трговско ембарго што требало да предизвика социјални безредија, а вториот бил воен притисок од страна на тогаш сѐ уште присутната ЈНА на почвата на Македонија, која била под директна силна команда на Белград. Доколку се разгори граѓанска војна, силите на Грција би им дошле „на помош на нивните српски пријатели“.
- За среќа, објаснува соговорникот, најверојатно под притисок на Запад, оваа доктрина никогаш не била применета и била исечена во самиот корен, најверојатно веднаш по неофицијалните средби на Милошевиќ и Мицотакис - објаснува познавачот на проблематиката.
Дека овие сомневања за воената интервенција се издржани се потврдува со изјавите на првиот грчки највисок дипломат во Македонија, Александрос Маљас. Тој годинава во интервју за еден дневен македонски весник објасни дека ваквиот план реално постоел и бил активиран последен пат во 2001-та година.
За време на кризата во Македонија, според Маљас, наводно бугарската држава имала намера да изврши заедничка воена интервенција со Грција користејќи го нивниот план за дејствување. Оваа здружена акција би имала за цел да ја стабилизира безбедносната ситуација во Македонија. Грчкиот дипломат во интервјуто објаснува дека Атина најверојатно поради големиот ризик од инволвирање во македонскиот конфликт го одбива барањето на Софија.
Инвазијата би се одвивала во неколку фази

Воената инвазија, барем теоретски, би се одигрувала во неколку фази, а планот имал за цел да се освојат четириесетина километри од македонската земја, која потоа би била тампон-зона, откаде во иднина би дејствувале грчките сили доколку би било потребно во соработка со српската или, пак, со бугарската страна.
- Најпрво, грчките сили би требало да бидат составени од еден корпус и две дивизии и да имаат помеѓу 30 и 40 илјади војници. Грчката армија за време на инвазијата најверојатно би се поделила на неколку правци на дејствување - елаборира добро упатениот експерт.
Тој верува оти прво оружје што би се употребило би била авијацијата на нашиот сосед, која е доволно бројна за во неколку напади да може да се уништат нашите разузнавачки и извидувачки армиски центри и аеродромот близу Скопје. Потоа грчката армија во втората фаза на нападот би се обидела копнено да воспостави линија на контрола што би се движела паралелно со нашите езера. Симултано со овие акции би се координирале и напади копнено да се заземе Штип и да се излезе на Брегалница.
Тенковите и пешадијата би имале главна улога во ова борбено дејствување, објаснува експертот, во евентуалните битки од гевгелиската рамнина до клисурата кај Демир Капија.
- Таму е многу тешко да се мине, со тешка механизација и оклопни средства, но кога ќе се стори тоа, патот е отворен до Велешко. Паралелно со овие напади, планот предвидува втора акција на напредување на грчката војска, која откога ќе стигне до Радовиш, преку Штип би излегла на Свети Николе. Токму оттаму оваа непријателската војска со оние сили што би биле стационирани во Велешко многу лесно здружено би се доближила до скопската долина - дециден е соговорникот.
Анонимниот експерт раскажува дека доколку во овој грчки план во зависност од моменталните политички потреби би се вклучиле и армиите на Бугарија и на Србија, нивните војски не би имале повеќе од по две дивизии или вкупно приближно 20 илјади војници.
- Бугарската војска би ги зазела Струмица и Делчево, а Србите за главни цели на нивните напади би ги имале Куманово и Скопје. Така што, со релативно голема надбројност, барем теоретски, доколку овие земји би нѐ нападнале со грчкиот план македонскиот отпор би се скршил за само неколку дена.



Военото сценарио од 2001-та во досието на Бабовски
Во досието на Николче Бабовски, лидер на партија на Власите од Битола, кое е обработено од Комисијата за верификација на фактите и кое јавно е достапно на Интернет може да се забележи дека во редот на објавени документи се пронаоѓаат информации за грчката идеја за тампон-зона во Македонија од времето на конфликтот во 2001 година.
Во документите што се насловени под кодното име „Ветеринар“ има пикантерии од тоа дека грчкиот конзул во Битола бил во врска со секретарката до информации важни за безбедноста на државата.
- „Ветеринар“ по наше инсистирање ја отвори темата што беше исклучително значајна. Станува збор за негова средба во ГКВ-Скопје во пролетта 2001 година, придружуван од ОО...... (името е избришано), а во присуство на високи претставници од ГКВ-Скопје, вклучувајќи го и политичкиот директор од МНР на Грција. Во кратки црти, грчките државјани спрема двата лидери на елино-влашките популации во Битола зазеле став за сестрана поддршка доколку воените дејства ескалирале и на југ, децидно ја промовирале сега познатата идеја за тампон-зона, и искажале голема загриженост, но и подготвеност за акција поради заштита на грчкиот капитал во Македонија.
Во документот означен со бројот 19 стои дека грчката држава сметала на поддршка од Власите во форма на митинзи, јавни осуди и слично.
Натаму, се истакнуваат информации дека самиот Бабовски остварувал успешна соработка на неколку полиња со Заедницата на Србите во Битола, што дополнително се вклопува во комплетното грчко сценарио за воена инвазија на Македонија.
Самиот Бабовски, во деведесеттите години на минатиот век редовно контактирал и со извесно лице што било бизнисмен и сопственик на месна индустрија од Јанина, Грција. Бизнисменот од грчка страна бил по потекло Влав и голем финансиер на влашката партија во Македонија, а самиот активно учествувал во сегрчкото влашко здружение.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22649

Господин Србиновски сигурно забрави, че България нападна Македония, но от нейната многохилядна армия в Мк останаха само тенковете и...

08-08-2012, 05:48 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Филибе - 08-08-2012, 05:48 PM