Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 05.08.2012, 17:25
СО ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА ДО ПРОСПЕРИТЕТ НА РЕГИОНОТ
ЕУ да си го одржи зборот за Западен Балкан


Нема ризик за проширувањето на Унијата за време на кипарското претседателство, бидејќи Kипар имал да понуди многу и во знаење и искуство, вели бугарската европарламентарка Надежда Нејински
Членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е неизбежен дел од комплетирањето на политичкиот проект за мирна и обединета Европа и тоа ќе донесе стабилност, просперитет, долготраен мир и социјален развој во овие земји, смета поранешната бугарска министерка за надворешни работи Надежда Нејински (Михајлова), сега пратеничка во Европскиот парламент. Во интервју за порталот „ЕУИнсајд“ таа вели дека членството во Унијата ќе придонесе за поголема отвореност на нивните граѓани, ќе им овозможи да ги надминат „раните“ од минатото и да имаат просперитет. Истовремено, нивната благосостојба позитивно ќе влијае и врз Бугарија, бидејќи ќе се засилат економските врски на Софија со соседите.

- Пред десет години ЕУ покажа посветеност кон земјите од Западен Балкан и само прашање на време е оваа посветеност да се одржи – вели Нејински.

Во врска со можниот ризик за процесот на проширување за време на кипарското претседателство, таа вели дека еден од приоритетите на Никозија е токму проширувањето и додава дека не гледа какви било проблеми, барем не во однос на спроведувањето на европските заложби.

Оценка на Нејински е дека не само што нема ризик за проширувањето за време на кипарското претседателство, туку напротив, Kипар имал да понуди многу и во знаење и искуство во процесот на проширување. Истовремено таа не гледа проблем ни во однос на Исланд кој веќе преговара со Унијата, а единствениот ризик може да биде за Турција, поради цврстото спротивставување на Анкара да соработува со Kипар. Според Нејински, во овој случај Турција би можела да биде губитник бидејќи токму меѓусебниот респект треба да биде во основата на преговарачкиот процес, а истовремено е основа на односите и врските меѓу земјите членки.

Изјавите на Нејински се во контекст на нацрт документот на Kомитетот за надворешна политика во Европскиот парламент во кој стои дека на земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ треба да им се дозволи да преминат во наредна пристапна фаза само ако ги исполниле сите услови од претходната фаза.

Според документот драфтиран од грчката европратеничка Марија Елени Kопа и за кој ќе се расправа наесен, се предлага воспоставување мониторинг механизам, заради проблемите со демократизација што ги имале Унгарија, Романија и Бугарија, а Нејински е една од членовите на Парламентот кој поднесоа амандмани. Фокусирана главно за интеграцијата на земјите од Западен Балкан, таа инсистира да се спомене и Kосово, бидејќи новата држава имала значајна улога за безбедноста во регионот. Според неа, почетокот на дијалог со Kосово е клучен елемент зашто ќе ~ овозможи на земјата да ја зголеми соработката со ЕУ, но и да има голема придобивка од помошта и поддршката од Унијата.

- Идејата е да се забрзаат реформите и да се забрза развојот на Kосово, со оглед на претстојната целосна административна независност и укинувањето на меѓународното набљудување. Ова се значајни чекори кои треба да бидат поддржани од ЕУ со реални активности. За жал, с` уште има пет земји членки кои не го признале Kосово, а тука е и постојниот спор со Србија. Токму од тие причини, дијалогот е од најголема важност – вели Нејински.

Во однос на Србија особено по изборот на новиот претседател, таа не покажува преголем оптимизам бидејќИ, како што вели, првите индикации не биле охрабрувачки. Сепак, додава дека е рано да се каже што точно ќе се случува со владеењето на новиот претседател Томислав Николиќ, бидејќи засега, освен зборови, од него не виделе многу активности.

- Но, ако Србија назадува тоа ќе биде лошо за нејзиниот развој и ќе има негативни последици за останатите земји од Западен Балкан. На Србија ~ треба свеж капитал кој може да се обезбеди преку претпристапните фондови, но треба умешност за да се дојде до нив – вели таа.
Дијалог со Македонија
- Хрватска на 1 јули в година Хрватска ќе стане 28 полноправна членка на Унијата, Црна Гора ќе започне преговори, Србија ќе може да користи поголема финансиска помош од ЕУ бидејќи има кандидатски статус. Исто така има подобрен дијалог со Kосово и со Македонија, кој ќе продолжи – објаснува во интервјуто бугарската европарламентарка
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...834D73267F


Датум: 07.08.2012, 10:41
Европратеникот Ковачев: Нема македонско малцинство во Бугарија

Има ли македонско малцинство во Бугарија? - „Не, не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате тоа да ви го кажам. Во Бугарија нема такво малцинство. Во Бугарија нема малцинства“, вака одговара бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев на прашањето од телевизија Канал 5.

На прашањето дали и Бугарија ќе се залага исто како и Грција за поткопување на македонските напори за евроинтеграција, Ковачев одговора дека за Македонија ќе има лош извештај.
Причината за тоа е што тој не е задоволен од политиката на Македонија кон тие што се изјаснуваат како Бугари и вели дека истата е дискриминаторска. Како најсвеж пример тој го посочи случајот со претседателот на бугарскиот културен клуб во Скопје Лазар Младенов.

- Јас не сакам Македонија да има негативен извештај од Европскиот парламент, но кога има дискриминација кон Македонците кои се искажуваат како етнички Бугари тоа не можеме да го замолчиме. Јас неколку пати кажав за да ги надминеме раните од минатото, дека е потребна европската интеграција. Но, европскиот сојуз се темели на правила, а едно од тие е недискирминација кон луѓето кои го искажуваат својот идентитет - вели Андреј Ковачев.

Имаме сведоштва на луѓе кои јавно велат дека се Македонци и дека не им е дозволено да се искажат како Македонци во нивната држава Бугарија?

Во Бугарија има секакви луѓе кои зборуваат што сакаат. Бугарија ги исполнува сите обврски што се неопходни за членството во Европската Унија“, додава Ковачев за Канал 5.

Негова желба е Македонија да пристапи кон ЕУ, но мора да се расчистат проблемите што Македонија ги има со нејзините соседи во врска со историјата.

Тој додава дека нема ништо против Македонија да влезе во ЕУ под нејзиното уставно име
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A73DB76F08




Македонците од Пиринска и од Вардарска да се обединат
Партијата смета оти основниот дел на македонскиот народ е тој да се организира во државен и национален поглед во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, како Народна Република Македонија, а за тоа треба да претстои обединување на другите делови на македонскиот народ, се вели во службеното писмо од 17 август 1946 доставено до Јосип Броз Тито од Бугарската работничка партија - комунисти, кое го испратил Георги Димитров



Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во својата неодамнешна изјава дадена за една македонска телевизија изјави дека во Бугарија нема Македонци.
- Не, не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате да ви го кажам тоа. Во Бугарија нема такво малцинство. Во Бугарија нема малцинства - е буквалниот цитат на она што го изјавил Ковачев.
Ковачев уште додава дека Македонија ќе добиела лош извештај од ЕУ, зашто имало дискриминација кон Македонците што се искажуваат како етнички Бугари.
- Јас неколку пати кажав дека за да ги надминеме раните од минатото е потребна европската интеграција. Но Европската Унија се темели на правила, а едно од тие е недискриминација кон луѓето што го искажуваат својот идентитет - рекол Ковачев.
На темата за македонско малцинство во Бугарија се пишувало и говорело многупати. На сите во македонската јавност им се познати проблемите со кои се соочуваат нашинците во оваа земја и проблемите за забраната за повторно регистрирање на партијата ОМО Илинден-Пирин.
Но дека тврдењата на европратеникот Ковачев се контроверзни и негаторски ќе објавиме помалку познат документ зачуван во белградските архиви, кој е поврзан со оваа проблематика. Самиот документ го изнесува ставот на бугарската држава на средината на минатиот век и го докажува токму спротивното од она што денес го говори европратеникот на нашиот сосед Ковачев.
Писмото што е испратено на 17 август 1946 е официјална кореспонденција помеѓу генералниот секретар на Бугарската работничка партија (комунисти) Георги Димитров и Јосип Броз Тито. Документот денес се чува како реликвија на официјалната документација со која располагал Централниот комитет на СКЈ и КПЈ.

Пиринскиот крај да се присоедини кон Македонија

Димитров во дописот го информира Тито за одлуките на десеттиот проширен пленум на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (БРПк), кој бил одржан на 9 и 10 август 1946 година.
Дописот почнува со констатацијата дека основната цел на македонскиот народ е тој да се организира во државен и национален поглед во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, како Народна Република Македонија. За тоа да се случи, пишува Димитров, треба да претстои организирано обединување на другите делови на македонскиот народ врз база на Македонската Народна Република, која би функционирала во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.
Понатаму авторот изнесува друг заклучок на Бугарската комунистичка партија, кој вели дека требало да се направат соодветни подготовки за да се формираат потребните услови целиот процес да се изврши, а со што би се финализирал планот за обединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија.
Токму присоединувањето, според бугарскиот комунист и тогашен водач на Бугарија, било од големо значење како за самите Македонци така и за Отечествениот фронт на Бугарија и на Федеративна Народна Република Југославија.

Да се учи и да се шири македонскиот јазик и култура

Димитров во својот службен допис до Тито посочува дека за да се изврши присоединувањето на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија требало систематски да се работи врз културното зближување на македонското население од овој крај со она население што живее во Народна Република Македонија.
- Треба да се популаризираат во јавноста успесите на Македонската Народна Република, на македонскиот јазик и на македонската литература, а со тоа во пиринскиот крај луѓето да се запознаат со историјата на македонскиот народ.
Понатаму, според она што е напишано во документот, Димитров предлагал во училиштата во пиринскиот крај да почне да се учи на македонски и да се работи активно врз олеснувањето на пограничните услови помеѓу Македонија во Југославија и пиринскиот крај.
Шефот на Бугарската работничка партија му објаснува на Тито дека во иднина двете држави требало заеднички да работат на подобрување на широкиот заемен контакт на македонското население од едната и од другата страна на границата и да се преземат низа други мерки што би гарантирале културна автономија на пиринскиот крај, со што би се овозможило да се развива националната свест на македонското население и би се олеснило неговото обединување со основниот дел на македонскиот народ во Народна Република Македонија.
Дописот детално разработува стратегија што вели дека е неопходно активно учество на Македонците во борбата на Отечествениот фронт заради зацврстување на демократскиот режим во Бугарија.
- Македонците од пиринскиот крај треба да имаат свои македонски кандидати на изборите за Великото народно собрание, а во самото Велико народно собрание своја македонска парламентарна група - пишува Димитров.
Бугарскиот комунист објаснува дека тогашниот весник „Пиринско дело“ треба да има главно македонски карактер и во сето време треба да води решителна борба против михајловистите и нивните странски покровители, кои се опасни непријатели на националното обединување на македонскиот народ, на расцутот на Македонската Народна Република, на братскиот сојуз меѓу Бугарија и Југославија и на словенското единство.
Токму овие активности, истакнува Димитров, ќе помогнат да се спречат великобугарскиот, великосрпскиот и великогрчкиот шовинизам на овие простори, а со тоа ќе се воспостави најтесна соработка меѓу пиринските Македонци и македонската емиграција во Бугарија, заради активна поддршка на Македонската Народна Република.

Присоединување со сојузен договор

Во службениот допис на БРП(к) доставен до КПЈ уште се наведува дека територијалното присоединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија треба да биде врз база на сојузен договор меѓу Бугарија и Југославија. Токму овој договор требало да ги земе предвид волјата и заедничките интереси на самиот македонски народ, исто така и правото на кооптација (воведување) на бугарското државјанство за жителите на пиринскиот крај, кои евентуално би сакале да го искористат тоа право.

Бришење на границите меѓу двете земји

Самиот договор со кој ќе се регулира македонското прашање ќе го опфати и враќањето на западните окупирани покраини на Бугарија, кои сега се наоѓаат во Југославија. Тука се мисли на деловите од сегашниот димитровградски и босилеградски крај. Димитров во писмото посочува дека БРП(к) смета дека сѐ што ќе се случи со ваквиот договор би било во интерес на македонскиот народ и на државите Бугарија и Југославија.
Самиот план што го разработеле комунистичките партии на Белград и на Софија предвидувал да се изврши практично спојување на двете држави преку територијата на Македонија. Тоа би било изградено на начин што фактички не би постоела царинска или која било друга граница помеѓу Македонија и Бугарија, како што таква граница не постои меѓу Народна Република Македонија и другите единици на Федеративна Народна Република Југославија. Писмото Димитров го завршува со ветување дека тој ги обврзува сите членови на партијата и пред сѐ членовите од пиринскиот крај да се придржуваат строго и да ја спроведуваат практично оваа партиска директива за македонското прашање и ѝ препорачуваат на македонската емиграција со сите средства да го помага зацврстувањето на овој договор врз база на сојуз меѓу Отечествено-фронтовската Бугарија и Федеративна Народна Република Југославија.
Од историјата е познато дека во Пиринска Македонија до 1948-та постојат библиотеки, училишта, театри и литература на македонски јазик, но тогаш Бугарија ја напушта политиката на признавање на македонското малцинство, за што свое влијание има и Комунистичката интернационала. Димитров и Тито не успеваат да ја реализираат идејата за обединување на двете држави во една федерација. Сепак, Македонците во Пиринска Македонија не исчезнаа, и покрај тоа што официјална Софија ги асимилира со децениската денационализаторска политика.

Автор: Александар Србиновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22650

Малко Нейнски, малко Ковачев - останалото - "Сталин, Тито, Димитров"...

И в друга връзка - прочетох някои от извещаите в досието на Коста Балабанов - намерих за странен подробния му доклад за престоя му в България - очевидно от днешна гледна точка съдържанието на доклада трудно може да се разбере - изглежда лишен от смисъл - като изключим македоно-българските клишета и предрасъдъци, които и сега се "въртят" ...Но личи, че материалът е писан от културен и обективен човек - имам чувството, че имената на някои от събеседниците му в България са оставени преднамерено - Снегаров, Венедиков...
Чудех се дали Коце Лазаров Балабановски и Коста Лазар Балабанов са едно и също лице - колко имена е имал този човек?

Както и да е...
08-08-2012, 02:06 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 08-08-2012, 02:06 PM