Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

ЗА САРАФОВ ВТОРПАТ
До Јане треба да е Борис

Со внимание ги проследив текстовите што овие денови беа напишани за македонските медиуми, а се однесуваа на улогата на Борис Сарафов во македонската револуционерна борба и големината и значењето на неговото дело. Kога првпат решив да напишам текст на оваа тема (во колумна за „Дневник“ пред две недели), едноставно знаев дека таквиот текст ќе предизвика низа реакции, пофалби, но и неаргументирани критики. Фактот дека таа моја колумна предизвика дури и насловна страница на еден од опозициските дневни весници, за мене е признание дека темата за Сарафов е тема за која заслужно треба да се пишува, анализира и дебатира. Борис Сарафов несомнено е лик кој незаслужно бил запоставуван, а во одредена мерка и негиран од идеолошки компонираната историографија. Немам намера да ја супституирам дебатата што треба да ја водат професионалните историчари, но среќен сум што храброста прв јавно и гласно да се прозборува и напише за Борис Сарафов донесе резултат и беше повод во јавноста да се изнесат многу факти и конкретни докази за неговото дело и за прецепцијата што ја имале за него сите останати.

Пред с`, кога се дискутира и кога се размислува на оваа тема, историјата на нашата борба, не треба да си дозволиме да влегуваме во замка на градење на стереотипи и одржување во живот на разни предрасуди. Наследството на идеолошки градениот систем на историска наука не прави крути во перцепцијата и прифаќањето на аргументи и разумни логики. Наспроти тоа, генерално, нашиот концепт на поимање на историјата, како нашата, така и туѓите, е врз база на барање на границата помеѓу доброто и лошото. Kако американски филм. За секоја личност, настан или политика ние сме учени да подредуваме и да увеличуваме. Или тоа за нас е крајно добро или е крајно лошо. А тоа не е така, бидејќи ни животот не е таков. Ниту борбата ниту револуционерниот дух, ниту дипломатските активности, ниту политиката не се такви категории каде што може да се подредат работите исклучиво врз база на апсолутно идеализирање или апсолутна деградација. За да бидеме коректни и прецизни во перцепцијата и нашите толкувања мораме да ги бараме фактите и да бидеме подготвени да ги разбираме без желба за апсолутно воздигнување или целосна негација. Треба да не си ставаме граници на нашиот ум и знаење.

Фактот што оваа тема предизвика повеќе текстови, дебати, па дури и насловни страници на дневни весници е доказ дека во Македонија недостига аргументирана дебата, во овој случај за нашата историја, но и генерално за с`. Борис Сарафов бил водач на Илинденското востание (заедно со Дамјан Груев и Анастас Лозанчев, за кого исто така знаеме многу малку). Борис Сарафов е човек кој успевал да обезбеди пари за Организацијата, за Гемиџиите, за набавка на оружје, за финансирање на македонски весници во странство. Борис Сарафов е човек кој рамноправно соработувал со Груев, со Делчев, но и со Ѓорче Петров, со Војдан Чернодрински, но и човек кој финансиски го помогнал првото поставување на Македонска крвава свадба. Бил дипломат, но и војвода. Тој бил еден од најсилните поддржувачи на сите македонски емигрантски друштва во Софија и пошироко низ Бугарија. За него во најпозитивно светло се изразуваат Kрсте Петков Мисирков, Павел Шатев и многу други негови современици. Борис Сарафов бил ликот на нашата борба и на Организацијата во странство зошто како никој друг во позитивно светло бил споменуван во најтиражните весници во Јапонија, Русија, Австрија, Франција, САД и други. Неуморно се борел, тој и неговата фамилија, против грчката црква, влијание и пропаганда врз славјанското население во Мелник, Драма, Серес и околината. Но, не го идеализирам, ниту него, ниту било кој друг, туку прифаќам дека како и сите други, така и тој има свои слабости, жив човек. Најзначајно е што целата негова борба е за македонска држава со посебен македонски народ, различен од српскиот и бугарскиот.

Денес да не се знае ништо за Сарафов е проблем на македонската наука, историографија и образовен систем. Тоа не така заради случајности. Некој одлучил да го избегне, исто како и за Шарло, Марковски, Полежина, Чаулев,.. За нив не смеело да се знае. За волја на вистината, професор Блаже Ристевски го обработува ликот и делото на Борис Сарафов во една негова студија работена длабоко во времето на комунизмот. Ќе си дозволам, но според моето скромно познавање, ликот и делото на Борис Сарафов, во овие материјали воопшто не е претставен во негативно светло. Во последните години, скромно, но повеќе историчари во различни студии и изданија или изјави, веќе го внесуваат како еден од најзначајните водачи на нашата борба во илинденскиот период. Тој има и заслужно место во Музејот на македонската револуционерна борба.

Меѓу другото, Павел Шатев за него и ќе напише: „Борис Сарафов според целите, методите на борбата, тактиката на Внатрешната организација во ништо не се разликува во становиштето на Ѓорче Петров и Гоце Делчев“. Или, пак, фактот дека самиот Димо Хаџи Димов во одредени периоди бил дел од четата на Борис Сарафов, доволно говори дека во однос на Сарафов граден е непотребен негаторски однос од нашата историографија. Има стотици и стотици примери како овие погоре споменатите кои треба да бидат само потстрек да се отвори дебатата и да се отвори процес на реално согледување и анализа и на добрите и на лошите страни на секој од нашите борци. Одговорноста е наша да им се поклониме на оние кои и животот и смртта ги дале за Македонија.

Да се градат политикантски тези и напади заради отворање на една сериозна дебата, како оваа за ликот и делото на Сарафов, е неодговорно и нема за цел меѓусебно разбирање. Историјата нема можност да припаѓа ниту на едната ниту на другата партија. Таа треба да биде основа врз база на која ќе градиме заедничка иднина. Афирмацијата на една личност од историјата, никогаш не може да значи негација на друга. Тие меѓу себе соработувале или не, се разбирале или не, имале исти методи или не, но на крај имале иста цел, се бореле за Македонија. Затоа треба да ги рашириме нашите погледи, да прочитаме нешто повеќе од тоа што досега сме го научиле, да се прифатиме и да изградиме концепт во кој на сите оние кои се бореле за Македонија, ќе им се поклониме. Затоа до Гоце е Даме, до Јане треба да е Борис, а до Ченто треба да е Апостолски.

На сите Македонци и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам Илинден, оној првиот, крушевскиот и оној вториот, асномскиот. Нека е жива борбата за слобода на Македонија.
Илија ДИМОВСКИ
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A6DEB79661

31-07-2012, 06:25 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 31-07-2012, 06:25 PM