Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 23.07.2012, 18:19
СОФИЈА БАРА ПРИЧИНА ЗА ДА СТАНЕ АТИНА
Многу Спаски за бугарско вето

Бугарија се пофали дека има одговор за македонскиот филм „Трето полувреме“ - книгата „Јас, Бугаринот од Македонија“, која ја раскажува човек кој тврди дека бил малтретиран поради бугарските чувства. Приказната потсетува на онаа за Спаска Митрова, која ги обвинуваше македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства
Oфицијална Софија почнува да води поагресивна политика кон Македонија. Во рок од два дена, во Бургас се промовираше книга преку која се опева страдањето на Бугарите во Македонија, бугарскиот парламент реши да испрати комисија во Охрид која ќе испитува дали се репресирани оние што имаат бугарски чувства, а претседателот Росен Плевнелиев преку писмо го поздрави славењето на Илинден во Смилево.

Бугарија се пофали дека има одговор за македонскиот филм „Трето полувреме“, за кој бугарските европарламентарци реагираа дека шири историски манипулации во однос на нивната земја. Тоа е книгата „Јас, Бугаринот од Македонија“, чиј автор е Здравко Здравески, Бугарин од Прилеп.

Ваквите чекори покажуваат дека официјална Софија може да го примени словенечкиот модел за блокирање на Хрватска или грчкото однесување кон Македонија - да пронајде причина за да стави рампа на македонскиот пат кон ЕУ.

Kнигата „Јас Бугаринот од Македонија“ во соседната земја се претставува како приказна за тоа „што се случувало со човек кој бил храбар да пее бугарски патриотски песни“. Приказната за Здравески потсетува на онаа за Спаска Митрова, која ги обвинуваше македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства, а во чија одбрана застана и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

За Здравески се вели дека имал лажно обвинение и лежел затвор поради неговата бугарска самосвест и борбата за Бугарите во Македонија. Медиумите од Софија објавија дека тој бил еден од основачите на „Лавовите“, од 1998 година работел во МВР, а по падот на владата на Љубчо Георгиевски бил прогонуван, тепан од полицијата, а неговото семејство било под постојана закана.

„Kнигата е за сите што можат да издржат жив оган, топла крв, детски солзи во своите раце. Сакавме да кажеме по навика дека е пријатна за читање, но се сепнавме навреме: овој филм на ужасите се гледа меѓу убиствената тишина, во која се слуша само глуво крцкање на забите“, објавија медиумите. На промоцијата во Бургас во саботата гостин бил и Спас Ташев, советник од кабинетот на вицепремиерот Симеон Џанков.

- Со едниот дроб дишам кислород, со другиот не можам. Првиот се вика Бугарија, а вториот Македонија. Од вас барам на Македонија да ~ дадеме вештачко дишење - рекол Здравески на промоцијата, објаснувајќи дека имал цел да ги обедини сите Бугари. Истовремено, во бугарскиот парламент се одржала и средба на пратеници на која се постигнал договор за посета на Охрид за да се испитало какви биле проблемите на Бугарите.

Промоцијата на книгата и средбата во бугарскиот парламент временски се совпаднаа со бугарското славење на Илинден, изминатиот викенд на гробот на Даме Груев, кое беше поздравено од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и од Агенцијата за Бугарите во туѓина.

- Ако целта на бугарските револуционери беше да се ослободат од ропските окови, наша цел е да ги скинеме оковите на една измислена историја, која насадува омраза - рекол Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб од Скопје.

И заменик-претседателот на Kомисијата за надворешни работи во Европскиот парламент, Андреј Kовачев, од групата на ГЕРБ испратил поздрав до Бугарскиот културен клуб во Скопје по повод одбележувањето на Илинден во Смилево. Иницијативата ја сметаат за исклучително важна за да се препознае заедничката историја на Македонија и Бугарија. Kовачев пишува дека се надева оти наскоро македонските учебници ќе се прочистеле од манипулации и фалсификати. Во писмото, како што пренесуваат бугарските медиуми, пишува и дека бугарските европарламентарци внимателно ја следат ситуацијата во Македонија и се залагаат за почитување на демократските вредности.

ивана костовска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B3D353...3C7B2C4D86

24-07-2012, 09:47 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 24-07-2012, 09:47 AM