Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија одбрана како пион во нова воена игра?


Свирепиот напад во Бургас засекогаш ќе ја промени Бугарија, исто како што се случи со САД по добро познатите случувања од 9 септември. Процена е дека Бугарија е одбрана како место каде што ќе се изведе овој терористички напад поради неорга­низираност на институциите, слаба општествена окупираност со глобалните терорис­тич­ко-без­бедносни закани, а со тоа лош или практично непостоечки систем за превенција




ТЕРОРИСТИЧКИ МАСАКР ВО БУРГАС

Неорганизираност на институциите, слаба општествена окупираност со глобалните терористичко-безбедносни закани, а со тоа лош или практично непостоечки систем за превенција на терористичките закани се причините поради кои Бугарија најверојатно била одбрана за цел за извршување на терористичкиот акт што се случи на меѓународниот аеродром „Сарафово“ во градот Бургас, во кој загинаа најмалку осум лица, а 33 се ранети, објаснува Димитар Кенларов од Софија, публицист, аналитичар и дописник на „Хералд трибјун“, „Нешнал инкваерер“ и на „Вирџинија Квотер“.

Новинарот, кој е познавач на безбедносната проблематика на Балканот, но и пошироко, е дециден дека настаната безбедносна ситуација ги фатила неподготвени институциите во неговата земја, кои очигледно не биле на потребното ниво за да изреагираат соодветно и навремено на заканите.

- Верувам дека свирепиот напад во кој не загинаа Бугари, туку израелски туристи, засекогаш ќе ја промени мојата земја, исто како што се случи со САД по добро познатите случувања од 9 септември - истакнува Кенларов.

Нападот во Бургас засекогаш ќе ја смени земјата

Според аналитичарот Кенларов, Бугарија води многу конфузна надворешна, но и домашна политика, особено кога станувало збор за закани со исламска преференција што доаѓаат од земјите од Блискиот Исток.

- Досега Бугарија неколкупати беше предупредена од Израел, барем преку медиумите, а со тоа претпоставувам и по официјални канали, дека вакво нешто, мислам на чинот во Бургас, може да ѝ се случи. Но за жал, најверојатно заканите не биле сфатени сериозно - вели Кенларов.

Според него, официјални претставници на израелската држава изминатата зима ги предупредиле тамошните власти дека е можен терористички напад во туристичките центри, како Банско или Борово.

Бојко Борисов водел погрешна политика

- Нашиот премиер Бојко Борисов претпоставувам тогаш ги потцени предупредувањата и тие не беа сериозно сфатени. Кога новинарите ќе поставеа прашања на прес-конференциите, Борисов ги тешеше со тврдењето дека Бугарија дипломатски добро котира кај, ако може слободно да се изразам, проблематичните држави, и на крајот на краиштата тие генерално нам ни биле добри пријатели. Со последниот чин, иако досега нема официјална поврзаност, се гледа дека тоа воопшто не е така како што тврдеше премиерот - додава новинарот.

Тој појаснува дека судејќи според изјавите на претставниците на највисоката власт, неговата земја нема подготвено сериозен безбедносен однос кон тероризмот или заканите од сличен вид.

- Дури и самите информации за предупредувањата од Израел и како тие пренесуваа во тоа време во Бугарија беа маргинализирани. Тие беа на последните страници од весниците, а на нивно место стоеја текстови поврзани со криминални мафијашки пресметки што се секојдневие кај нас. Што значи дека вината за интересот кон овие прашања не може да се препише само кон политичарите, туку и кон медиумите и широките маси. Едноставно, никој не беше заинтересиран за тоа - вели Кенларов.

Тој појаснува дека сега сѐ што се случува освен безбедносни ќе има дури и сериозни економски импликации кон Бугарија, бидејќи терористите на долг план го имаат оштетено туризмот во земјата.

- Мислам дека по она што се случи во Бургас, можеме слободно да се збогуваме од многубројните посети на израелските туристи, кои секоја година традиционално ги има во голем број на нашите туристички места, а со тоа значително ќе опадне профитот на оние Бугари што живеат од овој бизнис - додава Кенларов.

Ситуацијата се менува од час на час

Во меѓувреме завчерашниот напад врз израелските туристи во Бургас резултира со смрт на 8 луѓе, но последиците на овој напад би можеле да бидат многу полоши. Многу аналитичари сметаат дека Израел овој трагичен настан ќе го искористи за следење некои други агенди што ги има запишано во својот „дневен ред“.

Последните официјални бројки зборуваат за осум мртви и 37 повредени. Израелските власти, како што пренесува израелскиот весник „Хаарец“ тврдат дека меѓу загинатите е и бомбашот-самоубиец. Таквата информација подоцна ја прифати и бугарскиот премиер Бојко Борисов. Бугарските медиуми веќе објавија фотографија од тело без глава за кое тврдат дека му припаѓа на самоубиецот. Тоа, пак, ја урна првичната информација за експлозивот поставен во багажникот на автобусот, која во средата самите ја пласираа.
Бугарската полиција подоцна извести дека безбедносните камери сепак успеале да го снимат осомничениот самоубиец како се движи по аеродромот барем еден час пред нападот, јавува порталот „Новините“. Тој е опишан како белец со долга коса и во спортска облека.

„Черноморски фар“ пишува дека покрај телото за кое постои сомнеж дека му припаѓало на бомбашот биле пронајдени американска лична карта издадена во Мичиген и американски пасош. Останува нејасно како документите ја преживеале детонацијата, која буквално разнела и запалила сè во радиус од неколку метри. Се претпоставува дека документите едноставно, при експлозијата, одлетале и останале нечепнати од нејзината разорна моќ. Но, засега, малку кој верува дека тоа се оригинални документи.

Соработка со ЦИА, ФБИ и со Мосад

Софискиот весник „Дневник“ пренесува изјава на премиерот Борисов дека тамошните служби на теренот активно соработуваат и им помагаат на израелските разузнавачи, ФБИ и на ЦИА.

Во Израел оваа трагедија веднаш е окарактеризирана како голем пропуст на израелските безбедносно-разузнавачки агенции. Притоа мора да се каже дека вчера во медиумите се појавија информации дека всушност бугарските служби ги игнорирале предупредувањата од израелски и руски разузнавачки извори, но бугарскиот претседател го негираше тоа и изјави дека немало никакви релевантни информации за зголемена опасност.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху пропустот на одговорните служби експресно се обиде да го претвори во политички успех.

Мошне спорно е неговото брзање, само два часа по експлозијата, додека сѐ уште владееше целосен хаос и немаше сигурни информации, јавно да изјави дека „сѐ упатува на Иран“.

- Сите знаци водат до Иран. Само во изминатите неколку месеци видовме ирански обиди за напад врз Израелци во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија, Кипар и други места. Точно 18 години по експлозијата во Еврејскиот центар во Аргентина, иранскиот терор продолжува да зема невини жртви. Тоа е ирански терористички напад, кој се протега низ целиот свет. Израел ќе реагира моќно против иранскиот терор. На 18 јули 1994 година припадници на Хезболах подметнаа експлозија во Еврејскиот центар во Буенос Аирес, при што загинаа 86 лица - изјави Нетанјаху.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, пак, вчера оцени дека Израел се соочува со светски терористички бран, спонзориран од Иран.

- Ние сме исправени пред светски терористички бран... Атентатот во Бургас беше извршен од активисти на Хезболах и спонзориран од Иран - изјави Барак.



САД го осудија варварскиот напад

По повод овој настан од Белата куќа се огласија со класично соопштение во кое се осудува „варварскиот терористички напад“ и се нагласува дека САД „ќе стојат покрај својот партнер Израел и ќе му ја дадат сета потребна помош во пронаоѓањето на виновниците“.

Претседателот Обама веројатно ќе се обиде да остане „под радарот“ за ова прашање, но другите од неговата администрација веќе подолго време се во целосна приправност. Американското воено присуство системски се засилува од ден на ден, а состаноците на министрите за одбрана Ехуд Барак и Леон Панета се сѐ почести.

Секретарот за печат на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека САД „со најостри зборови ги осудуваат таквите напади на невини луѓе, особено на деца“, пренесува Асошиејтед прес.

Карни додаде дека американскиот претседател Барак Обама „со мислите и со молитвите е со семејствата на убиените и повредените“.

Тој кажал и дека САД се со израелскиот и бугарскиот народ во овој тежок момент. Според него, администрацијата на претседателот Обама работи на тоа да дојде до сите информации за овој случај и дека „американската посветеност на безбедноста на Израел останува непоколеблива“. Дали сето ова упатува на подготвување терен за нова војна во Персискиот Залив?

Хезболах ги отфрла обвинувањата
Радикалната шиитска проиранска група Хезболах ја отфрлила одговорноста за напад на автобусот со израелски туристи.
Обвинувањата дека Хезболах е вмешан во нападот на бугарска територија се „смешни“, изјавил претставникот на оваа група, истакнувајќи дека таа „не води војна против туристите“, пренесуваат бугарските медиуми.
Веднаш по соопштението на милитантната организација, властите во Иран излегоа со официјален став дека зад нападот во Бугарија директно стои израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22635
Без Ботев няма България
20-07-2012, 06:09 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 20-07-2012, 06:09 PM