Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Македонија може да биде железничка крстосница на Балканот
Нашата земја е една од ретките што нема железничко поврзување со две соседни земји (Албанија и Бугарија). Според најавите, тоа би требало да се смени со изградбата на пругите по должината на Коридорот 8, што се предвидува да заврши во 2020 година
Наместо слепо црево Македонија треба да биде центар на железничкото поврзување во Европа
Доизградба на пругите
Драстичен пад на превозот на стоки по железничката пруга по должината на Коридорот 10 (Србија - Македонија - Грција) има во изминативе две децении. Во 1990-тите години по оваа железничка делница се пренесувале речиси 8 милиони тони различна стока, а во 2010-та биле пренесени само 3,1 милиони тони. Познавачите велат дека намалување на обемот на транспортот е поради лошата состојба во која се најде најфреквентната железничка пруга во земјава, која нѐ поврзува со солунското пристаниште и со Европа, но и поради неповолните случувања во регионот по распадот на СФРЈ. За да се подобрат условите за транспорт, во тек е реконструкција на железничките пруги по Коридорот 10. Со реконструкцијата треба да се овозможи возовите да се движат со брзина над 100 до 120 километри на час, наместо сегашните 60-80 километри на час. Актуелната влада со години ветува дека, освен осовременување на пругата по должината на Коридорот 10, ќе работи и на железничко поврзување на Македонија со Бугарија и со Албанија (Коридор 8). Но поради намалениот обем на стоки по Коридорот 10 неизбежно се поставува прашањето колку ќе биде исплатлива изградба на пруга до границата со Бугарија и со Албанија.

Неопходна е железница кон Бугарија и Албанија

Неодамна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски посочи дека до 2020 година ќе биде завршена пругата по Коридорот 8, со што најпосле Македонија и преку железницата ќе се поврзе со соседните Бугарија и Албанија. Вкупните средства потребни за изградба на коридорот се проценуваат на 332 милиони евра, средства што надлежните планираат да ги обезбедат од ИПА-фондовите, од Европската банка за обнова и развој, како и од Европската инвестициска банка.

- Наредната година ќе го почнеме делот од Куманово кон Бељаковце, за кој веќе ја имаме изработено целата документација. Потоа за комплетирање на коридорот ќе ни останат по 60 километри од пругата од двете страни, и кон Бугарија и кон Албанија. Веќе е во тек подготовката на потребната документација и за овие делови, чија изградба ќе се одвиваа паралелно, бидејќи единствено како целина овој коридор ќе има смисла - вели Петар Спасовски, помошник-директор за комуникации при „Македонски железници-инфраструктура“.

Тој посочува дека досегашните истражувања што ги направиле за Коридорот 8 покажуваат дека тој ќе биде економски исплатлив.

- Постојат студии за одржливост, како и студии на економска оправданост, кои покажуваат дека тој е неопходен за развој на економијата во земјава и ќе биде искористен по неговата изградба. Не можам да гарантирам дали тој ќе го заживее и Коридорот 10, бидејќи такво испитување не сме правеле. Тоа се сосема различни пруги што се спојуваат во Скопје и не си претставуваат конкуренција една на друга. Но дали потоа ќе се овозможи нивното поврзување и поголем проток, како на пример од Бугарија кон југот, не можеме да предвидиме - истакнува Спасовски.

Инаку, за делницата од Крива Паланка до Бељаковце се потребни 145 милиони евра за градежни работи, а министерот Јанакиески истакна дека од ЕИБ имаат добиено писмо во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, кој треба да почне најдоцна во 2015 година, а би завршил во 2020 година. За делот од Крива Паланка до Деве Баир, пак, кој е најтежок и најскап, ќе се бараат пари од ИПА-фондовите за изработка на основните проекти, а изградбата на оваа делница би почнала во 2017-та, со рок на завршување од пет години.

И бизнисот бара поврзување

Бизнисмените и стопанските комори посочуваат дека само со развиена патна и железничка инфраструктура може да се очекува подем на економијата во Македонија. Претставниците на Северозападната комора на Македонија неодамна побараа од Владата да се засили реализацијата на инфраструктурни проекти во северозападна Македонија, како и да се подобри поврзаноста со Албанија. Тие предлагаат изградба на автопат од границата до Бошков Мост, па по левата страна на Мавровско Езеро, како и изградба на железничка линија од Кичево до Лин, односно до албанската граница во должина од три километри, која би се користела како резервна варијанта, бидејќи планираната изградба на железничка линија од Струга до Ќафасан со години не се реализира.

Потребата од подобрување на инфраструктурата ја истакнуваат сите комори во земјава, како главен предуслов неопходен за полесен и побрз транспорт на стоките до посакуваната дестинација.
Железнички транспорт
• Година пренесена стока
• 1990 8 милиони тони
• 2010 3,1 милиони тони


Автор: Петранка Талеска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22634

Авторката едва ли би звучала толкова оптимистично, ако имаше представа как изглежда пругата Лин - Елбасан....и нататък;
това би могло да се даде под наем единствено на Холивуд - да снимат неми филми...;
Изгледът на София-Кюстендил; София-Кулата-Солун - може би е по-добър - но пък пусти гърци - спряха влаковете до Солун май;
А София-Ниш-Белград - си заслужава.
Това е за любители на силни усещания /не преувеличавам!/.
350 км между двете балкански столици отнемат 12 часа...би могло да е много по-добре, разбира се...какво са 12 часа - един миг само.
Та ако коридор 8 изглежда като Лин-Елбасан; със скоростта на София-Белград и регулярността на София-Солун - не си заслужава.

20-07-2012, 08:01 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 20-07-2012, 08:01 AM