Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Армагедон на нашето буниште

Армагедон на нашето буниште
“Ако можам, би избрал да ме убијат со полониум, ТНТ може да не експлодира“

Како што знаеме од пред 7-8 години некои прашања не заслужуваат никаков одговор, некои заслужуваат само делумен а некои заслужуваат и пошироко објаснување. Неделава зад нас имаше неколку прашања од сите наведени категории.
Седумнаесетгодишниот јубилеј од масакрот во Сребреница е првото прашање од оние за кои според мене има потреба од пошироко објаснување. И покрај доволната историската дистанца од еден од најкрвавите настани во последниве богати со насилство децении на Балканот , убиството на околу 8,000 Бошњаци (Србите тврдат дека не се повеќе од 3.000 или дека воопшто немало масакр) сеуште не е доволно објаснет.

Македонската јавност ми се чини сеуште не може да ги разбере вистинските последици од оваа човечка атрофија. Причината не е во недостатокот на информации туку во заземањето страна. Не само српска страна туку страна на злото, мистеријата и пред се нечовечноста. Не можам да разберам дека за разлика од познатиот грчки новинар и писател Тахис Михас кој директно ги обвини грчките националисти и армиски лидери дека учествувале и го поддржале црниот настан кој долго ќе остане во колективната меморија на балканските народи, ниту еден македонски интелектуалец од висок ранг не проговорил јавно и остро на тема Сребреница и што таа значи за сите нас кои живееме во регионот.

Немањето вистински однос кон масакрот што го изведоа српските сили во Босна под раководство на скопјанецот Ратко Младиќ подоцна индиректно помогна или олесни да се случат други настани кои директно ги погоди и граѓаните на Македонија. Иако меѓусебно неповрзани во војничка или етничка смисла последиците од нечовечноста искажана со куршум во Сребреница ги видовме во масакрот кај Вејце, изживувањето над кумановските работници, убиствата во Љуботен и последно грозоморниот чин и убиството на петмината кај Смилковското езеро.

Молкот и само делумно казнетите злосторници од Сребреница само ги охрабрува сите оние кои што не можејќи да справат со мрачните ќошиња на сопствениот атавизам секогаш му даваат предност на куршумот и ножот пред зборот.

Ниту еден македонски интелектуалец, а кога велам македонски мислам и на албанските, турските ,српските, ромските, влашките и на сите други интелектуалци кои не отидоа да седнат на брегот на покрај Дунав и да се запрашаат што се случи во Сребреница и да одговори на прашањето што таа значи за нас како поединци и како група. Како што тоа скромно, а сепак толку моќно деновиве преку социјалните мрежи го стори полиглотот кој зборува над 70 јазици Мухамед Мешиќ.

“Седам покрај Дунав , ги читам имињата на тие 8.372 жртви и размислувам : Што сонуваа , Кого сакаа? На што се радуваа? Кој денес ги памети или ги бара?“ вели за жртвите Мешиќ кој што секогаш кога во Македонија се случуваат слични нечовечки работи е активен и бара да проработи совеста.

За разлика од него и други слични луѓе во регионот кои знаат да жалат и да се радуваат кога на Македонија и се случуваат несреќи или убави работи само мал дел од нашите интелектуални лидери се заморуваа со она што денес не е во нашиот двор ама утре може да биде и дел од нашите животи.

Не знам каков е ставот на Али Ахмети за Сребреница, верувам дека жали за жртвите особено што масакрот го сторија најголемите “непријатели“ на Албанците, но затоа разбрав кој е неговиот став за заедничките интереси со Македонците. Морам да признаам дека лидерот на ДУИ непријатно ме разочара со една навидум банална изјава во врска со коалицијата ДУИ – ВМРО ДПМНЕ за следните локални избори. Можеби беше грешка на преведувачот односно негиот најблизок соработник попознат како тепачот од Кале, но сепак партија како ДУИ не смееше да го каже јавно тоа што го чувме сите. Дури и ако навистина го мисли истото. Да кажете јавно дека вашата партија ќе соработува со некоја друга партија само во тие градови каде што има интереси па макар тие биле заеднички е елементарна недоветност. Особено ако вашата партија се вика Демократска унија за интергација.

Политиката е сурова работа , новинарите се како крвопии, но реалноста е таква. За момент оваа изјава ми ги замагли сите оние работи кои што ме бендисуваат кај ДУИ и Ахмети, а ги има доволно. Умерената изборна кампања без националистички пораки и глумење жртви, назначување на неалбанци за амбасадори или топ дипломати (Катар, Анкара, Брисел) како предлог на ДУИ и полагање на цвеќе од министер Албанец на споменик на жртви Македонци од конфликтот во 2001 се само дел од работите за кои неколку пати досега сакав да пишувам, а кои даваат надеж дека Македонија може да биде држава со сите тертипи. Се надевам дека последната изјава на Ахмети е грешка од типот “изгубени во преводот“ а верувам дека Ахмети е загрижен и има интереси па макар и политички и во градовите каде што не живеат Албанци или негови гласачи.

Ако грешам тогаш Господ нека му е на помош и на Ахмети и на неговите партнери со кои ќе ги брани “заедничките“ интереси. Особено затоа што Македонија не е истата земја од пред 10,20 или 30 години. Веќе немате град или населба каде што живее исклучиво една етничка група. Ако не поради државните интереси Ахмети мора на пример поради тие стотина Албанци што во последниве години во Гевгелија поради бизнисот ги однесол животот, да размислува пошироко, а не само во етнички рамки, унии, множества и пресеци.

Уште еден јавен настап неделава ми зататни во ушиве. Повикот за финалната битка искажан од лидерот на СДСМ на еден од “подготвителните собири за предизборната кампања на локалните избори“ на опозицијата кој ми отвори старо нови дилеми. Ме потсети на критиките на опозицијата за писмото кое што пред неколку години го испрати владеачката партија до своите членови, а во кое ги подготвува за финалната битка со луѓето што ја уништувале Македонија, мислејќи пред се’ на Црвенковски.

Исто како што тогаш ја осудив содржината на писмото и тогаш и сега се обидов да замислам каква би била таа битка, тој Армагедон на македонската политичка сцена. Во земјата во која имаме само еден консензус дека политиката е се’ и дека ништо друго не успева како политиката. За момент се почувствував како граѓанин на Мелос од Мелијанскиот Дијалог кој што го опишува Тукидид во Историјата на Пелопонеските војни едно од омилените прашања на професорот Денко Малевски на испитот Меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје. Во ова дело жителите на Мелос кој е неутрален остров се обидуваат да ги убедат Атињаните дека треба да бидат оставени на мира во нивната војна со Спарта.

Слично како и делото на Тукидид и во нашиот случај мали се шансите најголемиот дел од граѓаните да останат надвор од битката меѓу Атина и Спарта односно меѓу власта и опозицијата. Или ќе бидете со нас против нив или ќе бидете поробени како жителите на Мелос.

Тоа е пораката која со промоцијата на финалната битка ја испрати СДСМ до јавноста. Со тоа дополнително ја подели истата, но истовремено ги загрози сите свои тези дека власта е таа што ја дели Македонија. Колку е погубна оваа порака на опозицијата за македонскиот Армагедон не само во политичка туку и во државна смисла ќе покаже времето. Ако Црвенковски тргнува од човечката психологија и потреба секогаш во војна да одбере група наместо да остане сам и дека најголем дел од тие што досега биле неми набљудувачи на вербалната војна ќе отидат на негова страна тогаш мислам дека се пресметал.

Обичниот човек има уште една навика. Ако мора секогаш претпочита да биде на страната на победникот. А тоа последниве години не е Црвенковски. Парафразирајќи ја неговата изјава за народот што и кога е во право може да греши слободно можам да кажам дека дури и ако однесе победа на некои наредни избори Црвенковски никогаш повеќе не може да биде победник.

Како и во секоја држава на целиот свет и во Македонија и во Бугарија и во Америка и Кина има луѓе кои што тропаат глупости во лична комуникација или преку медиуми и интернет. Луѓето меѓу себе се разликуваат што некои понекогаш кажуваат и умни работи, а државите според тоа дали ги поддржуваат граѓаните да продолжат со глупостите или пак ги спречуваат.

За мене како новинар кој повеќе од деценија блиску ги следи процесите во Бугарија оваа држава ќе стане европска во моментот кога ќе го запре притисокот врз Македонците во Пиринскиот дел и кога ќе запре со негативната кампања и говор на омраза против Република Македонија.

За мене лично дали Бугарија е држава каква што сака да се претставува , модерна и демократска каде што владее редот и законот ќе се види во случајот со луѓето што деновиве ми се закануваа со снајпер, ТНТ, сообраќајна несреќа или со радиоактивниот полониум.

Дел од пријателите кои заканите ги доживела многу подраматично од мене ми сугерираат да не возам автомобил, да одам со автобус, да не посетувам ресторани и јавни места и многу им благодарам за грижата за мене. Сепак наместо такви совети повеќе претпочитам да ми кажат како да одберам сместување во некој од туристичките центри на Црното море. Несебар пред Бургас, златни пјасци пред Слнчев Брег. Ми требаат пет кревети , најверојатно ќе дојде и шурата. Да биде чисто и да не биде скапо. Ако некој има предлог да го прати во инбокс.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?i...egorija=17

Даже и српската мастия латас не си позволява да се прави на жертва щото в някой форум някой бил го заплашил с нещо , а него са го плашили доста повече.
Без Ботев няма България
15-07-2012, 07:16 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-07-2012, 07:16 PM