Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ето я и въпросната статия , изцяло пропита в духа на добросъседските отношения

Мајка Бугарашка, Трето полувреме, најново издание

“Мајка Бугарашка“, “Долу Б’лгарија“ , “Горе Македонија“.


Иако овие три пароли во прв момент можат да ви заличат на современа реакција на обичен македонски граѓанин, кој слушнал некоја од небулозните изјави на високите и пониски бугарски чиновници во врска со земјава, сепак се работи за нешто друго. Станува збор за три “спортски“ слогани запишани од членовите на бугарската тајна служба, кои што се слушнати и документирани за време на фудбалски натпревар меѓу клубовите Левски од Софија и Македонија од Скопје за време на Втората светска војна и бугарската окупација на Македонија. Тогаш според Бугарските официјални книги, над 6.000 симпатизери на ФК Македонија откако виделе дека властите и судиите подготуваат фалсификат на фудбалскиот натпревар ги искажале своите вистински чувства кон бугарските окупатори.

Оттогаш до денес поминаа точно 70 години, а контекстот е сеуште ист. Сегашните бугарски власти повторно сакаат да направат фалсификат, сега од поголеми размери, а македонските навивачи (граѓани) повторно ги употребуваат истите слогани.

Причината е едноставна. Како што никогаш од почетокот на модерната грчка држава не прекина обидот да се уништи се’ што е македонско, а не е грчко, така и не запираат обидите на официјална Софија да се искористи секој обид за притисок и оцрнување на Македонија.

Само малкумина во земјава се свесни дека веќе една година, откако режисерот на филмот “Трето Полувреме“, Дарко Митревски, почна со снимање на љубовната сага за македонски фудбалер и скопска Еврејка во виорот на Втората светска војна, кога бугарските окупациски сили депортираа над 7.000 македонски Евреи во логорите на смртта, во соседна Бугарија, кај нашиот источен сосед во континуитет трае невидена кампања против филмот, против режисерот и против Македонија. Во медиумската акција, во која се вклучени буквално сите национални и локални медиуми, која само за обичниот набљудувач е спонтана, се вклучија не само домашни и европски пратеници, туку и највисоките бугарски институции на чело со премиерот Бојко Борисов. Филмот “Трето полувреме“ за бугарскиот премиер е пропаганда против неговата земја, за него тоа е лага од скопските кујни, кои како да немаат друга работа освен да ја провоцираат Софија.

Во случајов ниту бугарскиот премиер, ниту новинската агенција “Фокус“, која патем е формирана од екс офицер на бугарската воена тајна служба одговорна за специјална војна против Македонија, ниту контроверзниот политичар Красимир Каракачанов, ниту пак фамозниот историчар Божидар Димитров не се свесни дека со негирањето на фактите предочени во “Трето полувреме“, само дополнително губат од својот и онака малку респектиран кредибилитет, кога станува збор за пристапот кон Македонија.

Паничните реакции на бугарските јавни личности против едно уметничко дело, кое воопшто не пледира да ја расчисти историско – политичката магла која постои од смртта на Георги Димитров и укинувањето на автономијата во Пиринска Македонија, само го потврдуваат концептот на Софија, со лаги и вербално насилство да се спротивстави на новата реалност во која Македонците и формално и духовно го изгубија атрибутот бугарски, факт кој сеуште е болно неприфатлив за бугарските националисти.

Кревајќи рака на филмот “Трето полувреме“, бугарските активисти кои своите професионални кариери ги должат единствено на фактот што работат против интересите на Македонија, всушност кренаа рака на себе. Со тврдењето дека Бугарите биле само администратори, а прогонот на Евреите го вршела Хитлеровата солдатеска официјална Софија, во случајов се судри не само со македонската историографија, туку и со низа меѓународно релевантни институции и асоцијации на кои им е совршено јасно дека Бугарија ги спасила своите 49.000 Евреи, но во истовреме донела и спровела декрет со кој 12.000 Евреи од Македонија и од Тракија се однесени во конц логорите, и индиректно, но реално се осудени на смрт.

Иако сум убеден дека авторот на филмот немал никакви аспирации да разврзува историски гордиеви јазли од балкански тип, сепак очекувам за некоја година дел од објективните бугарски хроничари на Митревски да му се заблагодарат за филмот, кој отвори нова ера во бугарската историја и јавност. Паничните реакции и обвинувања против “Трето полувреме“ во Бугарија открија една нова, се до појавата на филмот, непозната нишка од бугарската историја. Прогонот на 7.000 македонски и 5.000 грчки Евреи на исток од Македонија откри недостаток на капацитет Бугарија на вистински начин со покајување и барање прошка да се справи со едно од своите црни историски петна. Како што тоа одамна требаше да го стори за македонското прашање. Всушност Митревски им даде историска шанса на бугарските интелектуалци да проговрат за едно од ретките нешта, кои се заеднички именител на Бугарија на царот Борис, на Бугарија на Тодор Живков, но и на Бугариите на неговиот телохранител Борисов и тајниот агент Парванов.

Се откри всушност дека проблемот не е во Митревски или во македонската влада, која во најголем дел го финансира овој филм, туку тоа што делото предизвика разбивање на табу темата поврзана со одлуката на бугарската влада за депортација на Евреите од окупираните територии. Се потврди дека принципот на однесување на бугарската држава и официјална историја не се факти и аргументи туку плукање и криење под тепих. Се додека како противник ја имаа исполитизираната македонска историја и немуштите политичари кои од лични или практични причини не сакаа да отвараат нови битки, тоа можеше да помине, но сега кога покрај Македонија, Димитров и братијата за спаринг партнер го имаат Музејот на Холокаустот во Вашингтон на пример, ваквата политика е осудена на пропаст.

Најдобар аргумент за тоа дека Бугарија најчесто во своите политики кон Македонија се базира на паушални оценки, агресивни напади без никакви докази туку со импровизации, е фактот што ниту еден од сите оние што остро го нападнаа најверојатниот македонски кандидат за Оскар за најдобар неанглиски филм не го видел филмот, ниту го прочитал сценариото. Покрај ступидното негирање дека бугарските војници не се тие кои што ги депортирале македонските и грчките Евреи и им го одзеле имотот, во последно време бугарската држава од навидум нејасни причини сама фабрикуваше уште два “скандали“ кои имаат иста историска важност како и откритието на бугарските “историци“ дека Шекспир бил всушнот чист Бугарин.

Бугарските медиуми тврдат дека првиот скандал се случил за време на одбележувањето на смртта на Гоце Делчев, кога група на активисти наводно го шиканирале бугарскиот амбасадор во Скопје. За инцидент за кој на големо се говори во бугарските медиуми, а за кој и покрај големиот број на камери и луѓе со смарт телефони со висока резолуција, јавноста не виде ниту аудио ниту видео докази. Се разбира бугарските медиуми, кои со месеци се занимаваат со ова прашање не зборуваат за фактот дека во “инцидентот“ учествувале истите луѓе кои пред неколку години ја поставија мапата на голема Македонија на местото каде што се поклонуваа македонските државни функционери. За разлика од тогаш, кога со сликата на која премиерот Груевски се поклонува пред картата на етничка Македонија си ги заработија сите пари од инволвираните странски служби, сега ќе треба да вратат дел од парите или да чекаат нова прилика да наплатат за оцрнување на земјава.

Вториот скандал како што го оценуваат антимакедонско настроени медиуми во Бугарија е тврдењето на контроверзниот Божидар Димитров дека по втората светска војна Македонците убиле над 100.000 Бугари, поради страв дека во Македонија е огромен пробугарскиот сентимент. Да прочитал големиот историчар Димитров што пишувале агентите на бугарскиот двор за натпреварот Левски – Македонија во 1943 година немало да си дозволи ваков луксуз и да му се смеат, не само историчарите, туку и роднините на убиените Македонци кои наместо на Срем сакале да одат на Солун.

Наведените случаи, постојаното повторување дека Бугарија прва ја призна Македонија под уставното име и подигнување на македонското прашање на највисоко ниво без посебен повод може да значи дека исто како и останатите политичари во регионот и во Бугарија со надворешно политички прашања се прави обид да се освојат поени дома. Но, во никој случај авторот на овој текст не би исклучил дека бугарските власти самите себе си и својата јавност ја подготвуваат за ново евроатланско вето за Македонија. Може ли да се случи Грција да попушти за почеток на преговори по што антимакедонската палка би ја презела Бугарија ќе се види веќе за ококлу пет месеци? Што за возврат ќе бара Софија за да не се случи ова, засега можеме само да погодуваме. Или пак, на крајот на краиштата, и директно да си прашаме.
автор: Горан Момировски

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?i...egorija=17
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 12-07-2012, 12:47 PM by Топорчо.)
12-07-2012, 12:47 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 12-07-2012, 12:47 PM