Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 05.07.2012, 20:20
ЕДИТОРИЈАЛ
Kога маските ќе се симнат

Хипокризија по дефиниција значи застапување ставови, вредности и уверувања во кои личноста не верува. Етимолошки потекнува од грчкиот збор „хипокрисис“ кој значи глума. Хипокрит во Античка Грција бил поим за актер или личност која намерно ги залажува другите.

Kако да се протолкуваат ставовите на Србија и на Бугарија и нивниот однос кон уникатното културното наследство што потекнува од Македонија и што по некоја случајност завршило во нивните музеи, освен како тешка форма на хипокризија?

Станува звор за ексклузивни, исклучително ретки предмети пронајдени пред стотина години на охридската некропола Требеништа, во време кога нашата земја била под бугарска, односно под српска власт.

Македонија не поведе процес на реституција. Не побара од двете земји да ги вратат предметите што со децении се изложени во нивните музеи. Побаравме копии (практика која функционира секаде во светот) да ги изложиме во новиот Археолошки музеј, за да ја пополнат реалната слика на богатствата кои потекнуваат од ова поднебје.

Србија постапи дипломатски. Прво ни подари копија од една златна маска, како пријателски гест од српскиот за македонскиот народ. Само неколку дена подоцна со длабоко жалење се извини дека не може да дозволи копирање на втората маска, бронзениот кратер (масивен артефакт кој тежи повеќе стотици килограми?!) и на шлемот, плашејќи се да не се оштетат во процесот на дуплирање. Останува неодговорено прашањето како е направена копијата од маската што ни ја подарија и дали е оштетен оригиналот?

Бугарија одговори уште „попријателски“. Се согласи да ни даде копии, но под нивни услови. Си определија астрономска цена за секоја копија, колку што би чинел оригиналот на црниот пазар на антиквитети. Така н` ставија во дилема дали да ја прифатиме нивната невозможна игра или едноставно да се откажеме. Во секој случај Бугарија би излегла чиста пред јавноста: „Не ги одбивме. Ние дозволивме, тие не прифатија“.

Србија и Бугарија не се единствени земји што чуваат културно наследство кое не потекнува од нивните територии. „Лувр“, Британскиот и Музејот во Берлин се преполни со артефакти од старите цивилизации на Египет, Античка Грција, Месопотамија. Историчарите на уметноста велат дека подобро ќе биде да стават клуч на музеите ако дојде време да ги вратат вредните артефакти на земјите од кои потекнуваат.

Иронијата е во тоа што ни Србија ни Бугарија не се имуни на болеста која во последните децении го зафати Балканот - нелегалната трговија со културното наследство. И нивните артефакти се крадат и се расфрлаат по светот.

Можеби тоа требаше да биде поука за нашите соседи барем да се обидат да излезат од своите локални приказни и да манифестираат широчина. Во тој случај конечно ќе имавме можност во практика да согледаме дека постојаното инсистирање на длабоките и пријателски врски за културна соработка кои ги потенцираат нашите соседи не се само декларативни.
Весна И. Илиевска
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...041D3007CB

Датум: 06.07.2012, 13:05
Бугарија дава 30 илјади државјанства

Најмалку по 30 илјади лица годишно ќе добиваат бугарско државјанство. Ова, како што пренесуваат албанските медиуми го изјавил Божидар Димитров, Директор на Националниот бугарски музеј, коментираќи околу амандманот на Законот за државјанство.
Тој додал дека оние кои за време на Втората светска војна го загубиле бугарското државјанство истото повторно ќе го добијат во рок од шест месеци. Поголемиот број од нив, според него живееле во Македонија.
Според официјалните податоци, како што наведува весникот „Шекули“ од 2002 година за бугарско државјанство аплицирале 19 илјади граѓани од Македонија, 14 илјади од Молдавија , две илјади од Русија, 1.800 од Србија, 1.700 од Украина, илјада од Израел и 456 од Албанија. (В.Т.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A912924034

Датум: 06.07.2012, 15:30
МАКЕДОНСКИТЕ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НИЗ ИСТОРИЈАТА
Со обврзници собирале пари за востание

Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1983 година во Солун и на Македонскиот врховен комитет во 1895 година во Софија, почнало и практичното издавање обврзници со кои се собирале средства за ослободување на Македонија
Наместо за правење профит, првите македонски хартии од вредност биле наменети за финансирање на револуционерната борба. Целите биле строго патриотски – за подготовки за ослободување на земјата, за купување оружје, за помош на македонските бегалци, за помош на семејствата на затворените или на загинатите Македонци... Ова можеби е тешко да се замисли од денешна перспектива кога акциите, обврзниците, сертификатите, се синоним за остварување добивка, не само во светот, туку и во нашата земја, каде што купувањето хартии од вредност главно е мотивирано од остварување материјална корист, било во форма на дивиденда или, пак, капитална добивка. Но, како што покажува монографијата „Македонските хартии од вредност низ историјата“, која ја издаде Kомисијата за хартии од вредност по повод 20-годишнината од основањето, секогаш не било така.

Приказната за првите македонски хартии од вредност почнува некаде кон крајот на 19 век и тоа во многу специфични историски околности. Kако што се наведува во предговорот на монографијата, со развојот на трговијата и стопанството и со отворањето банки, фабрики и акционерски друштва, во рамките на државите кои владееле со Македонија биле издавани хартии од вредност. Првите примероци на трајни хартии од вредност на територијата на Македонија потекнуваат од крајот на 19 век и биле издадени од турските банки и акционерски друштва. И подоцна во почетокот на 20 век продолжило издавањето хартии од вредност, од кога се сочувани две обврзници од Зират банка од 1905 и од 1914 година.

Сепак, тоа што е особено занимливо за историјата на хартиите од вредност во Македонија е фактот дека со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година во Солун и на Македонскиот врховен комитет во 1895 година во Софија, почнало и практичното издавање обврзници со кои се собирале средства за ослободување на Македонија.

Обврзници за едно востание

Директорот на Државниот архив на Македонија, Зоран Тодоровски, наведува неколку решенија за создавање фонд на обврзници. Едното било од Вториот конгрес на Македонскиот врховен комитет одржан во декември 1895 година во Софија, а целта на обврзниците била парите да се употребат „за едно востание во Македонија“. Наредната година во ноември, на Третиот конгрес било донесено решение за „Патриотски заем“ од 300.000 лева во злато со обврзници од 50 златни лева, познат како „Македонски патриотски заем“ за помош на македонското ослободително дело. Во 1900 година „Патриотскиот заем“ бил зголемен на еден милион златни лева. Според Тодоровски, големо влијание во прибирањето средства со издавање обврзници имале Борис Сарафов, кој во 1899 година дошол на чело на организацијата и на Владислав Kовачев кој бил избран за секретар на Македонскиот врховен комитет.

Директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски вели дека за да се пресмета колку пари биле собрани врз основа на издадените обврзници, треба да се направи посеопфатно истражување, бидејќи во постојните архиви во Бугарија ги има списоците на оние што приложувале средства.

- Во секој случај, може да се каже дека обврзници купувале сите слоеви на населението, од најбогатите Македонци, па с` до најсиромашните и дека биле прибрани значајни износи пари – вели Тодоровски.
Мирче Јовановски
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...2654889E7B

Датум: 06.07.2012, 16:05
НАШИ ПАРАДОКСИ

Kонформизмот ги јаде македонските историографи


Зошто е спорно тоа што Тодор Александров никогаш не рекол дека е Македонец, што му се зема како еден од поголемите гревови, а не е спорно тоа што Гоце Делчев, македонската икона, се чувствувал како Бугарин?

„Гоце Делчев бил палтизан, а сега е мост“. Овој одговор на еден мој внук, одговарајќи на прашањето од наставничката кој е Гоце Делчев, од неговите денови минати во градинка, останува врежан во моето сеќавање. Kолку и да е реален одраз на детското знаење, мечти, па и логично размислување, од оваа временска дистанца можеби претставува реален и делумно вистинит одговор.

Можете ли денес да замислите ученик во основно или во средно училиште, или пак студент на кој било факултет на кој се изучуваат македонската историја и историски личности, каков одговор ќе даде на истото прашање и каква оценка за тоа ќе добие? Или, пак, за неколку, на пример, други имиња - Христо Татарчев, Борис Сарафов, Тодор Александров, Иван Хаџи Николов од подалечното или за Павел Шатев, Панко Брашнаров, Петре Пирузе - Мајски од поблиското наше минато. Не трудете се многу зашто с` зависи од голем број околности. На пример, од кој учебник учи, дали за дополнување на знаењето користи дополнителна литература и од каде ја црпи, дали таа литература е посочена од професорот, дали тој е идеолошки определен и припаѓа на левицата или десницата... Значи, има многу предуслови за да се стигне до вистинското знаење и заслужената оценка.

Писмо до македонскиот амбасадор

И веројатно уште долго ќе биде така зашто нашите научни работници историографи- академици, професори, историчари, повеќе уживаат во конформизмот и стекнатите титули, звања и позиции отколку во работа и оправдување на парите што ги добиваат како плата или некој друг надомест. Бадијала толку државни институции. Идеолошкото дневно политиканство с` уште доминира над науката и тоа за сметка на историската вистина и знаењето на идните генерации. Постарите и онака се осакатени, ако од ништо друго, барем од идеолошкиот баласт, се разбира сосема субјективно гледано.

Деновиве остана незабележано во јавноста, но по поставувањето на споменикот „Војвода на коњ“ некоја сосема анонимна организација од Софија, ВМРО-НИЕ (Вера Морал Родољубие Одговорност-Национален идеал за единство) му испратила писмо на македонскиот амбасадор Благој Ханџиски. Во него, меѓу другото, авторите прашуваат дали е точно дека личноста на споменикот, всушност, е навистина „бугарскиот војвода Тодор Александров и ако тоа е така, значи ли поставувањето на тој споменик настапување на нов момент и затоплување во односите меѓу Бугарија и Македонија по спорните прашања меѓу двете држави. Зашто, величествената скулптура на Тодор Александров во Скопје може да означува само едно - признавање на бугарскиот карактер на македонската историја“.

Ова не е ни прва, а веројатно ни последна провокација од ваков тип. Но, сепак предупредува, уште повеќе што нашите историографи повеќе милуваат да дебатираат преку медиумите отколку заедно да седнат на маса и ако треба една по една да ги расчистуваат постојните дилеми.

Еве уште едно прашање. Можете ли да замислите кој било претставник од десницата, без разлика дали станува збор за политичар, историчар или што и да е, денес да излезе и јавно да каже дека најсветлото име во македонското национално револуционерно движење, Гоце Делчев, се чувствувал како Бугарин?! Ќе го снема од јавниот живот и тоа без никакви дилеми. Но, ако тоа го каже академик, левичар, нема ништо да се случи, освен што ќе отвори мал милион нови дилеми.

Шаблонски пристап за името Бугарин

Вклучувајќи се во дебатата околу промената на имињата на скопските улици и значењето и улогата на Тодор Александров, академик Иван Kатарџиев во интервју за „Утрински весник“, меѓу другото, ќе рече: „Гоце Делчев, покрај тоа што се чувствуваше како Бугарин, во определен момент рече зошто нема некој човек да напише книга на македонски јазик. Се залагаше за формирање македонска држава, бидејќи беше свесен, и тој и неговите пријатели, дека ниту еден од соседите нема да прифати Македонија да биде приклучена кон Бугарија или кон која било од соседните држави. Тоа не може да се споредува со Тодор Александров“.

И на новинарското прашање дали и Гоце Делчев се чувствувал како Бугарин, академик Kатарџиев ќе додаде: „Да. Но, во нашата историографија има еден шаблонски пристап за името Бугарин. За жал, ниту во историографијата ниту во политикологијата немаме теоретско објаснување од каде, како и колку се одржува тоа бугарско име. Самото име не треба да служи како аргумент дека Македонците се Бугари. Тоа име е прифатено под влијанието на црквата во времето на покрстувањето на Македонците, државата е таа што им дала име. Денеска во Америка и Македонците и Грците се Американци. Така е и во Австралија. Државата е таа што им го дава името на своите поданици...“

Не знам дали сега македонскиот амбасадор во Софија ќе добие уште едно писмо во кое ќе се бараат нови објаснувања, но знам дека во последната енциклопедија на МАНУ, во одредницата Гоце Делчев, нема ни збор дека тој се чувствувал како Бугарин.

И сега следуваат нови прашања. На пример, кој го шаблонизирал пристапот за името Бугарин и зошто тоа досега не е дешаблонизирано? Зошто е спорно тоа што Тодор Александров никогаш не рекол дека е Македонец, што му се зема како еден од поголемите гревови, а не е спорно тоа што Гоце Делчев, македонската икона, се чувствувал како Бугарин? Ако државата е таа што ги дава имињата на своите поданици, зошто е спорен Христо Татарчев, еден од основачите на македонската револуционерна организација, кој по ослободувањето на Македонија, во Италија го напиша своето последно дело „ВМРО како митологија или реална стварност“, во кое несомнено се појавува македонската линија и многу се разликува од тоа што претходно го говорел? Уште колку македонски револуционери, во отсуство на македонска држава, се чувствувале како Бугари? Kои и колку се одредниците според кои македонската историографија досега одредувала кој од револуционерите е подобен за истражување и соодветно место во науката, а кој не? Kолку во тоа имал влијание идеолошкиот предзнак? На што првенствено се должи селективниот пристап? Kолку предвоените револуционери, дојдени со бригадата „Гоце Делчев“ во Македонија, се чувствувале повеќе или помалку Бугари, ако сакате и повеќе или помалку Македонци, од Делчев за да завршат така како што завршиле? Kонечно, кого денес опозицијата навредливо етикетира со паролите „Бугари, Бугари“? Значи ли тоа дека се откажала од Гоце Делчев?

Очигледно, безброј прашања се поставуваат и веројатно уште толку можат да се постават. Но наместо преку медиумите, ред е историографите, без оглед на титулите и звањата, да седнат и конечно да почнат вистински да работат. Kолку да не сакатат нови и нови генерации, кои немаат ни трошка сомневање во својот чисто македонски национален идентитет.

Предраг Димитровски
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...88CDB07E5E

06-07-2012, 05:15 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 06-07-2012, 05:15 PM