Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

спорот за името е ТЕМА НА СЕKОЈА СРЕДБА МЕЃУ АТИНА И СОФИЈА

Бугарски слон во продавницата за стакло


Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев не штедеше зборови за тесните врски и големото пријателство меѓу Бугарија и Грција по вечерата со својот бугарски колега Kаролос Папулјас во Атина. Одликуван со грчкиот медал „Големиот крст на орденот за спасител“, Плевнелиев нагласи дека не случајно тој е првиот државник од Европа, кој ја посетил Грција по парламентарните избори. Не е ниту случајно што шефовите на двете држави, на средбата зборуваа за прашањето за името, а Папулјас изјави дека колку повеќе нашата земја инсистира на идеологијата на македонизмот, толку повеќе наидува на затворени врати од НАТО и од ЕУ. Спорот меѓу Атина и Скопје е тема за која се разговара речиси на сите средби меѓу бугарските и грчките претставници. На прашањето до дел од бугарската стручна јавност зошто е тоа така, тие велат дека Грција, а не Бугарија била заинтересирана да зборува за името.

Борисов, погледни ја Турција

Додека траеше средбата Плевнелиев и Папулјас во Атина, група бугарски професори за весникот „Труд“ анализираа дали официјална Софија води правилна политика во однос на нашата држава и прашањето за името.

„Бугарската политика за прашањето за името може да биде продуктивна ако се ограничи на два основни пункта: ние ја признаваме земјата под нејзиното уставно име (претседателот Плевнелиев пропушти тоа да го истакне на скорешниот самит на НАТО во Чикаго, а само Турција ја кажа својата позиција за ова прашање); второ, промената на името е предмет на договарање меѓу Грција и Македонија-Бугарија не се меша во ова прашање“, наведуваат седум бугарски професори во анализата. Тие оценуваат дека интересна била логиката на бугарскиот премиер Бојко Борисов, според која, поширокото име Република Македонија не содржело територијални претензии, а потесното - Северна Македонија било закана. Професорите му сугерираат на Борисов добро да ја осмисли бугарската политика кон Македонија, наместо да се произнесува за предлози за името, што може да се спореди како бугарски слон во македонска продавница за стаклени работи.

Топката се префрла кон Грција

Kога Плевнелиев во Атина вели дека пријателството меѓу Бугарија и Грција е од стратешко значење за мирот и стабилноста на регионот, како да ги повторува зборовите на поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу што тој ги кажа во Софија, пред две години, кога грчката и бугарската влада заеднички заседаваа.

- Во последните години имаше еден позитивен квантен скок во односите меѓу Грција и Бугарија. Верувам дека оваа средба и добрите односи меѓу нашите две држави се столб на стабилноста на Балканот и пошироко, би рекол и во Европа - рече Папандреу по средбата со Борисов. Истата година, поранешниот грчки министер за надворешни работи, Димитрис Друцас на трилатерална средба со своите колеги од Бугарија и од Србија, Николај Младенов и Вук Јеремиќ, изјави дека Грција сака да го реши името за да може нашата држава побрзо да се приклучи кон ЕУ, но Скопје добро знае што треба да направи за да се случи тоа.

Мартин Минков, директор на бугарското радио „Бургас“, кој беше долгогодишен дописник од Скопје, вели дека не треба да се бара никаква заднина во тоа што прашањето за името речиси секогаш е тема на разговор на средбите меѓу грчки и бугарски претставници. Тој вели дека е сигурен дека ова прашање на разговорите не се отвора од страна на бугарските претставници.

- Бугарија сака да ја види Македонија во ЕУ и во НАТО и не сака да биде дел од дискусијата за овој спор. Сигурен сум дека сите отворени прашања ќе се решат во рамките на преговорите со ЕУ, но ние не сакаме да постојат претензии кон нашата историја - вели Минков.

Ивана Костовска



Бизнисот не е во криза

При дводневната посета на Грција, Плевнелиев се сретна и со претседателот на собранието, Евангелос Меимаракис, и со градоначалникот на Атина, Јоргос Kаминис. Вчера бугарскиот претседател го посети Солун, каде, меѓу другото, беше предвидено да се сретне со градоначалникот Јанис Бутарис. Тој од Солун истакна дека грчкиот бизнис во Бугарија воопшто не е во криза и дека во 2011 година, трговските односи меѓу двете земји биле на рекордно ниво.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C01F5A0B9...D4BAD25423
Без Ботев няма България
06-07-2012, 03:23 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 06-07-2012, 03:23 PM